Имам врска долга 8 месеци со девојче кое ме привлекува цело време додека сум со неа. Било каков контакт, па дури гушкање и краток бакнеж ми прави јака ерекција. Она што ми е проблем во случајов се оние интимни моменти кога губам ерекција кога сме скроз голи. Што е проблемот, дали сум премногу нервозен, дали не ме пали гола или е нешто друго. Некој со слично искуство?
Немој многу да размислуваш за време на тие интимни моменти, препуштисе на чувствата и на спонтаноста на ситуацијата. Немој да размислуваш од типот “леле сега како, па наредно што е, уф ако пак ми се изгуби ерекцијата, ќе мисли сум неспособен“ и бла бла бла други глупи непотребни мисли кои само ќе ја влошат и повторат несаканата ситуација.
Гледај да не го закажувате сексот однапред затоа што така само давате време на тремата да се развива и развива се до чинот. Нека биде тоа спонтано и така ќе нема да имаш време за лоши мисли и треми.
И ние женските ако премногу размислуваме за време на секс за тоа “како изгледам во моментов, дали ми се познава целулитот, леле сабајле ќе ме види без пудра, ау знаев дека требаше да правам стомачни и слично“,се дешава барут состојба што е нешто слично на вашиот проблем и нема после ни О од оргазам.
Остави да те фати лудило и уживај во целиот тој процес.