Губење на јака ерекција пред секс!

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имам врска долга 8 месеци со девојче кое ме привлекува цело време додека сум со неа. Било каков контакт, па дури гушкање и краток бакнеж ми прави јака ерекција. Она што ми е проблем во случајов се оние интимни моменти кога губам ерекција кога сме скроз голи. Што е проблемот, дали сум премногу нервозен, дали не ме пали гола или е нешто друго. Некој со слично искуство?


Немој многу да размислуваш за време на тие интимни моменти, препуштисе на чувствата и на спонтаноста на ситуацијата. Немој да размислуваш од типот “леле сега како, па наредно што е, уф ако пак ми се изгуби ерекцијата, ќе мисли сум неспособен“ и бла бла бла други глупи непотребни мисли кои само ќе ја влошат и повторат несаканата ситуација.
Гледај да не го закажувате сексот однапред затоа што така само давате време на тремата да се развива и развива се до чинот. Нека биде тоа спонтано и така ќе нема да имаш време за лоши мисли и треми.
И ние женските ако премногу размислуваме за време на секс за тоа “како изгледам во моментов, дали ми се познава целулитот, леле сабајле ќе ме види без пудра, ау знаев дека требаше да правам стомачни и слично“,се дешава барут состојба што е нешто слично на вашиот проблем и нема после ни О од оргазам.
Остави да те фати лудило и уживај во целиот тој процес.
;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Гледај да не го закажувате сексот однапред затоа што така само давате време на тремата да се развива и развива се до чинот. Нека биде тоа спонтано и така ќе нема да имаш време за лоши мисли и треми.;)


Јас сакав истово да го напишам, ете Олери ме претрка. Никако немојте да си давате рок или термин кога сакате да спиете заедно. Со тоа само ќе си билдаш нервоза, па такви ситуации следуваат.

Следен пат кога сте заедно не трчајте веднаш да имате секс. Соблечете се и разговарајте си за се и сешто. Допри го прво женското тело, добро спознај го, па повторно направете муабет и ќе видиш дека во моментот кога ќе се опуштиш и ќе размислуваш за нешто друго освен за тоа дека треба да се покажеш, ќе бидне.

Сите сме биле нервозни, нема ништо страшно тука. Се случува на машки што се активни долги години, а не па на некој што нема искуство. Само уживај си:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Соблечете се и разговарајте си за се и сешто. Допри го прво женското тело, добро спознај го, па повторно направете муабет и ќе видиш дека во моментот кога ќе се опуштиш и ќе размислуваш за нешто друго освен за тоа дека треба да се покажеш, ќе бидне.


Ова го прави само хирургот пред операција.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Соблечете се и разговарајте си за се и сешто. Допри го прво женското тело, добро спознај го, па повторно направете муабет и ќе видиш дека во моментот кога ќе се опуштиш и ќе размислуваш за нешто друго освен за тоа дека треба да се покажеш, ќе бидне.


Ова го прави само хирургот пред операција.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ова го прави само хирургот пред операција.


Па види, јас сум се оперирала еднаш, тогаш хирургот не беше толку расположен да расправа со мене Платонови теории. Се надевам дека друг пат нема да треба да легнам на операциониот стол, ама ако се случи тоа, ќе го замуабетам, па ќе ти кажам како ќе испадне и дали си во право.

Поентата на постот ми беше дека дечкото многу полесно ќе го надмине проблемот ако дозволи се да тече спонтано, со разговор, со долга предигра отколку да биде како навиен часовник и војнички да и рече позор, сад, ајде секс.

Додуша што знам јас, сум била само со партнер кој е изграден од крв и месо и одвреме навреме го фаќа трема дали мене ми е убаво, не сум била со е******е кое гледа само да плесне нешто.