Ако можеш нормално да живееш, не си глуп - ако помислиш дека си глуп, се лажеш - никој не е попаметен од тебе - ако нешто не разбираш, не си ти крив - менувај го мислењето само кога си навистина убеден дека имаш погрешен став - се може да се релативизира и се мора да се релативизира - не дозволувај да те манипулираат.
НИКОЈ НЕ Е ГЛУП! Ако си способен сабајле да станеш, да се измиеш, да ги измиеш забите, да се облечеш, да заклучиш кога излегуваш од дома и да запомниш дека си заклучил... ако сето ова го правиш без посериозна интелектуална мака - не си глуп. И нема потреба да се сметаш за глуп. Те лаже секој што директно или индиректно се обидува да ти докаже дека си глуп. Се лажеш ако помислиш дека си глуп, зашто не го разбираш некој кога се обидува да ти каже нешто.
МАНИПУЛАНТИ Ако некого нешто не можеш да го разбереш, ако се чувствуваш ментално инфериорен, ако се комплексираш дека има толку работи на светот што не ги разбираш - пак не си глуп. И никогаш немој да помислиш дека ти си крив ако нешто не рабираш, и никогаш немој да помислуваш дека оној што ти зборува е по вреден од тебе. Има говорници кои тоа го користат за да те изманипулираат. Има манипуланти кои сакаат да те внесат во филм, за да можат потоа да прават со тебе што сакаат.
И кога не си сигурен дали си во право, држи до своето мислење. Менувај го ставот само кога си убеден дека е поинаку. Никој од нас не е секогаш во право, ни ти. Ама секогаш биди свесен дека не е секогаш во право и секој друг, па и оној што го сметаш за врвен познавач на некоја област. „Врвен познавач“ - не постои таков. За се може да се бара потврда, доказ, за се може да се дискутира, се може да се релативизира. И за се треба да се бара потврда, доказ, за се мора да се дискутира, се мора да се релативизира. Не постојат универзални вистини, дадени еднаш засекогаш. Се мора да подлежи на проверка.
ПОРАКА Затоа, биди самоуверен/а. Никој ништо не знае повеќе од тебе и никој нема поголема способност за сфаќање поголема од тебе. Сите сме, горе долу исто интелигентни - разликата ни изгледа огромна, но ако се споредиме со другите суштества на планетава сите луѓе имаат горедолу исто ниво на интелигенција. Ако не ти е нешто јасно, побарај да ти се објасни. Дури и ако за сите испаднеш смешен. Подобро да им изгледаш глуп на сите и да го разбереш она што не ти било јасно, отколку на сите да им изгледаш паметно, а у ствари да бидеш вистински глуп. Не му дозволувај никому да те натера да дејствуваш според информации кои не ти се доволно јасни, само поради тоа што мислиш дека знае повеќе од тебе.