Критики за администрацијата

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Да го прашам Админот што бидна со моите две поставени прашања во сандаче.Ете го каде пројде пола месец а одговор ни по гулаб.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
TheKitten да не речам 100% си во право за активноста на дискусиите со тематика слична на играчница/гламстик/трепките на Кардашијан и мислам тука треба малку повеќе да се обрне внимание.
Но да го споредуваш КАјгана форумот со овој е смешно. Се` ќе ти образложам со ред (пошто сум член и на двата од поодамна). Кајгана форумот прво е основан во друго малку поинакво време, со поинакви сфаќања за интернет просторот како комуникациско средство - во време кога во македонија и не постоеа толку портали, форуми, места за дискусија. Единствена поголема конкуренција чинам дека беше Бадијала и Virtual Macedonia. Така да кајгана имаше и малку повеќе простор за дишење и конструирање на дискусии. Форумските тролови тогаш не беа толку застапени (и покрај тоа што имаше и политика воведено како тема за дискусија). Се имаше начин како да се дискутира. И самата си запознаена за фазите на тој фору горе доле во темите што се отвараат таму. И трето доста битно е тоа што на кајгана членуваат многу поголем и поразличен ешалон на членови, дури и кога почнав да го следам (2 години од неговото постоење) а не па денес кога имаш далеку многу повеќе членови. И оттука иде тоа - триста људи - триста чуди.
Од друга страна Црно бело е направен пред година и два месеци - време кога имаш барем по еден компјутер во куќа. Значи интернетот е достапен насекаде. Како омасовување имаше уште од старт шанса поради тоа што многу од членовите од кгн пишуваа и тука. Но зошто не успеа, можеме да вадиме претпоставки. Може да е крива администрацијата, исто колку и членовите. Има пропусти и од двете страни. Јас како свежопечен дел од администрацијата, ќе ти кажам дека има разлика од модератор до модератор. Барем според мене каде јас одржувам ред, работите се малку повеќе либерте (се разбира додека не се прекрши правилникот на тој подфорум).
Апел имам до целата администрација, да го разгледаат малку случајот околу затворање на теми и доделување на казнени/бришење на мислења. Секогаш кога бришете мислења/затварате тема - пишете подлабоко образложение зошто го правите тоа. За казнените ме се затрчувајте да ги дадете веднаш туку после неколку пати повторената грешка (од инает) во конкретна дискусија. Верувајте повеќето тука сме разбрани и знаеме дека после повторената грешка во една дискусија, би требало да престанеме да ја повторуваме. Истотака треба на секој еден член што почнува да води „Неприватен“ разговор по темите, да му се укаже дека постојат приватни пораки, и да се избрише конкретната дискусија. Така мислам дека работите повеќе би се средиле.

Види, јас не можам да очекувам од форум кој постои една година да се споредува со форум кој постои 8.
Меѓутоа, не ми беше на никаков начин целта да ја величам Кајгана, и јас и ти знаеме дека и таму постојат сериозни проблеми, но со оглед на масивноста се држат под контрола.
Не може мод да ми избрише мислење оти не му се допаѓа. Или да ми даде казнени оти јас не му се допаѓам. Или да ми стегне бан без објаснување.
За 4 ипол години имам вкупно 1 бан, и тоа доделен од форум, не админ. А било дискутирано и расправано и мноооогу жестоко во одредени моменти. Ако се обидам така да дискутирам тука, би очекувала од старт перманентен бан.

Јас не посочив ниту еден мод конкретно. Не знам и не е моја работа да знам. На Кајгана не ни знам кои се се модови. Затоа што не сум почувствувала ,,хајка,, против мене. Ама ако почнат членови да се жалат дека некој намерно има проблем со нив, не е поентата дека тој еден член ќе престане да пишува. Јас ќе видам што е пишувано во темава, и некој сега денес зачленет. И кога некој ќе види дека према членот администрацијата се однесува како некој граѓанин од втор ред, нема ни да пишува.

Се согласувам дека треба (и мора!) да биде строго. Но мора да биде и правично.
Сама знам (и сум барала таму) да добијам казнени поени кога ќе ја заплескам работата, иако некои модови имаат тенденција да ми ,,прогледаат,, низ прсти во одредени ситуации зошто се согласуваат со мене или затоа што доволно долго и форумџиски и приватно се познаваме.
Без оглед кој колку се познава или каква функција има, правилата треба да важат за секого подеднакво.
 
Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ова незнаев каде да го вметнам, па тука , жал ми е, можеби не е соодветно ама ќе простите .)
Кога прегледувам теми, ново отворени теми , многу пати сум наишла на збунувачка тема. Она што било всушнот поентата на темата скроз се загубила и има стотици мислења изнапишано што немаат врска со темата отворена за дискусија. Јас знам дека форум е , и се случува, и мене ми се случило да забегам и да напраам некој ситен муабет со некој член и да избегам од самата тема. Претпоставувам дека тоа не е намерно , меѓутоа понекогаш ми е многу тешко да следам некоја стварно добра дискусија која што ја почнал некој и има незнам колку страни изнапишано(со се и сешто само не во врска со примарното) пред некој да се изнесе со став мене веќе ми се здосадило оти јас не пишувам само коментар него сакам да прочитам и нечие мислење , има членови кои што секогаш ги следам нивните мислења и ставови...е така , тоа сакав да кажам, несакам да сум груба, задоволна сум од форумот , ете само тоа сум го воочила , па ова е и како молба до членовите и администрација , малку да внимаваме сите во која насока се движат дискусиите. Однапред благодарам .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Saladin

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com

Нема да е интересно ако нема такви дискусии
 
Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Значи мене ако не ми се допадне нечије мислење, став слободно можам да си го пријавувам затоа што ете така мене ми чини. Така испадна работата. И другиот пат не 6, можи и 60 опоменувачки поени да бидат јас ќе си го искажам моето мислење како сакам. За банални работи затоа што си го искажав своето мислење, а некој уште го цитираши и не му се допаднала и одма пријава. Епа не можат сите да имаат исти мислења, па ајде да земеме сите да пријавуваме мислење ако не се согласуваме со мислењето на другиот, па админстраторот било потребно или пак не, ќе даде казнени поени. Со оглед дека сум нова во форумов, сигурно повеќе предност ќе има постариот член, нормално и тој ќе си истера со своето. Ова ти е дискриминација! Искрено пред да се зачленам во форумов не ми изгледаше дека вака стојат работите.
 
А ти што мислеше? Од каде знаеш што сум јас по националност и дали сум муслиман или не сум? Како смееш да се дрзнеш да шириш говор на омраза?
 
Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Значи јас се обрајќам кон администраторите. И не е то ширење на омраза туку факт и јас слободно си го изразив своето мислење. И ако треба уште 100 пати ќе го повторам истото и не дискутирам повеќе а тоа шо си ти по националност не ме интересира.
А администратори се надевам дека ја видовте пријавата и ќе преземите мерки.
 
ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Значи јас се обрајќам кон администраторите. И не е то ширење на омраза туку факт и јас слободно си го изразив своето мислење. И ако треба уште 100 пати ќе го повторам истото и не дискутирам повеќе а тоа шо си ти по националност не ме интересира.
А администратори се надевам дека ја видовте пријавата и ќе преземите мерки.
Избришаните мислења содржеа навреди на верска и национална основа.
Истото ти го објаснив и во приватна порака, не знам колку пати треба да ти повторам за да разбереш.