Критики за администрацијата

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Ако имаш конкретно забелешка до некое правило повели. До сега видов само неконструктивни муабети од типот „ништо не чини“, „сите се за никаде“.
Ах леле, тебе Аба од Велики брат да не ти е роднина ?:zelen
Поставив прашање ама одговорот твој беше неконструктивен и по 100 пат знаеш дека за се што пишувам овде сум у право и да дадем забелешка како што ти викаш знам ме следува казнен поен и нема да биде прифатена и во ред е тоа.
Среди ги правилата како прво, нагласи каде и зошто се добиваат казнени поени, особено дека и за на профил оставен кометер или тоа ппосебно за мене беше и кога се бришат мислења на некоја караница нека се избришат скроз на сите учесници а не на поедини, нека се бројат мислењата во одредени теми кога веќе и за нив се делат казни. И еве јас те замолувам да ни објасниш какви се тие закани упатени до одрени членови односно од кој тип се, ова јас лично те прашувам зш ми додели казнени поени а јас колку што знам немам упатено закана кој никој.
Благодарам.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Саци браво за тебе еве се потруди да го обелиш образот на администрација која наликува на реалната администрација во нашите институции ама некако не ти иде добро ...:zelen
Знаеш дека некој ако сака да си го сочува прватниот живот од овој виртуелниот нека не споделува работи овде на форумот ама нели овде сите се искрени, поштени и современи и не треба одма да цвикаат за се. Него јас прашав за правилата ако важат за едни нека важат и за сите, еве јас добив казнени поени за коментар на профил и од кога тоа важи, нека се средат како што треба и нека се потчитуваат а не на вас како ви одговара така да ги доделувате казнените поени. И овде и ти си сведок дека доделување на казни поени се базира на лично мислење а не на прекршување на правила. За изнесување на прљав веш овде и некои други тоа го прават ама за нив нема казнени поени пошто нели само едни се во право и светици а остали не.
Поради тоа што сум цитиран се ја имам таа одговорност да ти одговорам. Приватниот живот колку и да е изнесен од страната на сопственикот, не е матерјал за поткусурување на противникот. Пример јас пишам во темата за „Дневник“ и да речеме ти го прочиташ тоа. Се случува да се поткачиме на одредена тема. Притоа почнуваат навредите (иако по правило не се дозволени). Се доаѓа до точка на кулминација, каде ти прочитаното од темата за Дневник го користиш против мене. Дали тоа би било во ред, и покрај тоа што јас го имам некогаш тоа постирано?
Така да во дадениот случај сметам дека не е нималку во ред. А поготово кога константно се користи истата процедура.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Ах леле, тебе Аба од Велики брат да не ти е роднина ?:zelen
Поставив прашање ама одговорот твој беше неконструктивен и по 100 пат знаеш дека за се што пишувам овде сум у право и да дадем забелешка како што ти викаш знам ме следува казнен поен и нема да биде прифатена и во ред е тоа.
Среди ги правилата како прво, нагласи каде и зошто се добиваат казнени поени, особено дека и за на профил оставен кометер или тоа ппосебно за мене беше и кога се бришат мислења на некоја караница нека се избришат скроз на сите учесници а не на поедини, нека се бројат мислењата во одредени теми кога веќе и за нив се делат казни. И еве јас те замолувам да ни објасниш какви се тие закани упатени до одрени членови односно од кој тип се, ова јас лично те прашувам зш ми додели казнени поени а јас колку што знам немам упатено закана кој никој.
Благодарам.
1. Многу ми е жал, не ми е позната личноста со која што ме поистоветуваш од проста причина што не гледам такви идиоштини.
2. Правилата се средени. Казнени поени се добиваат за нивно прекршување.
3. Ако не престанеш да го труеш форумов изигравајќи адвокат на одредени банирани членови, голема е веројатноста набрзо да им се придружиш.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ај општо едно искрено прашање на кое очекувам искрен одговор.
Статистика од ракав: Од овие 2000+ членови, и 10% нека се (макар и повремено) активни, само 4-5 се константно обесправени?
И онака, никогаш ама баш никогаш не помислувате дека проблемот лежи во другата страна?
Не, не викам дека нема наклонетост по форумов. Охооо, има, и те како има. Како што и тие 4-5 души си имате наклонетост да се браните меѓусебно кога еден ќе западне во каки.
Ама знаете, во еден клас се случува на секое дете да направи беља, учителката ќе го опомене, па истото или ќе увиди и ќе престане, или ќе земе замав уште повеќе. Од ученикот зависи како учителката ќе го перцепира и казни или награди неговото однесување.
А совршенство никаде не постои. Ни од двете страни. Мора да има(ло) акција-реакција за да би дошло дотука. Компромис има, туку вината е во инаетот да се истакнеме над другиот по секоја цена.

Повелете, форумов не се состои само од „За форумот“, „Општи муабети“ т.е. СДК и „Играчница“ т.е. Чет-муабети, а ако веќе нареден одговор е „Па секој има право да коментира кај сака, никој не може да присилува на дискусија“, тогаш имајте на ум дека и администрацијата спаѓа под тоа секој, а кога некој веќе се дрзнува да коментира само по горенаведениве подфоруми и 95% постови му се полни со жалење и зајадливи забелешки, тогаш тој некој треба да е спремен на соодветна спротивна реакција, без притоа да се жали кога ќе ја добие истата.
Водете нормална дискусија низ другиве подфоруми, поддржана со личен став и/или факти, без спуштања муабети на лична основа, и гарантирам дека нема ни к од тие казнени да имате. А ова ем ми иска да кажам, ем ми стиска од казна, еве во кој магичен круг се врти веќе со месеци.
р.ѕ. Чисто онака, љубимците што ги зборувате, речиси и да не се активни во темите кај што се бара остра дискусија, туку се подеднакво активни на „ваша територија“ или она што се вика taste of your own medicine, па оттука и „ривалството“, така да, пропаѓа во вода тој изговор.
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
2. „Црнобело форум“ се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица (...)

Untitled.jpg

АБЕ АЈДЕ!?!??!?!!!
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Ова правило мислам дека се однесува на IP адресата,на e-mail адресата и слично...а сами сме си криви ние за она што ние си го пишуваме доброволно и јавно на форум,коешто секој во секое време може без да се регистрира,да го прочита..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Добро веЌе :D
Јас наминав да ви кажам дека се истуширав, пијам нес од 6 денари и водам љубов со никотинот...ах, да и мачето еве го ми преде у скут.
Друго, драго мое граѓанство е тоа што почнале врвовите на косата да ми цветаат, а мене мува не ме лази.
Пошто нели јас сум дежурен хејтер ( читај Томиќ, Глас на народот :D ) да се произнесам со нешто.
На овој форум има доста квалитетни теми и убаво си кажавте дека ако не се развиваат дискусии на истите ќе згаснат. Очигледно поимот за интересно кој сите го доживуваме тука, затоа и го посетуваме форумов побогу, кај сите е различен и да бидам искрена ме растажува фактот дека мнозинството крева рака за едноличност.
Тоа што ми беше и ми е трн во око е преголемата слобода која си ја допуштаат НЕКОИ модератори, со амин од администраторот да бришат, опоменуваат, делат казнени поеми кај што озбилно не држи вода.
Јас, ниту пак било кој од присутните членови не може да наметнуваат влијание на кои теми ќе се дискутира, на кои не, ама не може такоџе некој да го јаде стапот оти ете не и е симпатичен на модераторката и оти дечко и не и се јавил, па сега ќе покажува сила у виртуела...
Балансот кој сака да го одржува администраторот, му се губи во моментот кога не сака да го испочитува незадоволството на никој друг освен на модераторите.
И не, не може еден од главните столбови тука, да искоментира : 3. Ако не престанеш да го труеш форумов изигравајќи адвокат на одредени банирани членови, голема е веројатноста набрзо да им се придружиш.
Значи можеме се да си кажеме до моментот кога ќе се испровоцира некој од екипажот кој има „ моќ“ да казнува? Ма немој... па уште ако ти чини арно, ако не, ич не иди...
Аман бре, аман. Диктатурава кај е челичена? Во некои воодушевувања на Мусолини?

И више ми се досадни оние кои се недефинирани...абе да, не чини, ама администраторот е срцка...озбилно претерувате, ама модераторката е фина сфатете ја...значи одлучете се, и соберете си ги јазиците.

И бај д веј, ја поздравувам одлуката за Саладин за модератор.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Мене ова ми изгледа на закана,кога веќе сме кај заканите.
И незнам зашто секогаш мора да се прави споредба Црно-бело форум - Кајгана форум :unsure

Можеби затоа што старите биле во право кога рекле дека треба да се учи од грешките на другите?
Самобендисаноста ги брка членовите од тука.
На Кајгана сум активен член 4 и кусур години. Сум дискутирала во чет муабети, сеир муабети, сериозни дискусии и еден тон други можни теми сум коментирала, сум отворила и неколку.

Знаеш која е најголемата разлика? Тука НЕ МОЖЕШ да дискутираш.
Кога се зачленив, бев радосна - ејјј супер, има толку теми за муабетење. Почнавме да дискутираме на една тогашна жешка тема, и пази, никој никого не навреди лично, туку со остри аргументи полемизиравме јас, моите истомисленици и оние кои не мислеа како нас.
Приложувавме научни докази за истото, се поддржувавме, побивавме итн.
И во најголемиот жар на дискусијата, темата беше заклучена.

Зошто? Затоа што некој пишувал пази, оф топик. Цела една група беше казнета, цел форум беше казнет и сите членови.

Тогаш и престанав да се логирам. Сега пред некој ден се логирав пак.

И колку и да тврдите дека е ,,се подобро,, - ич не е подобро.
За 2 дена нема 5 теми отворено. Мртви теми има колку сакаш.
Теми за дискусија и отворено ,,кршење копја,, нема.

Можеме до бесконечност да си коментираме за шарени хеланки и да си пишуваме поезија.
Ама можеме тоа на пример, и на блог да го правиме.

Форумот е место за дискусија. Не треба да се сложуваме сите. Досадно е така.

И нормално дека ќе го споредуваме со Кајгана. На многу од нас Кајгана ни беше тутор за тоа како треба да изгледа еден форум.

Една година не е мал период за да се научат некои работи.
Ама нема да се научат се додека некои модератори се сметаат за богови, а админот не сфати дека овој форум постои ради членовите кои секојдневно пишуваат.

Мод не може секој да биде, за тоа ти треба компетенција.
Јас и после илјадници мислења и допаѓања, не се сметам за компетентна да се кандидирам за мод на Кајгана.

Уствари да. Таму членовите предложуваат мод. И самиот тој пред се треба да се кандидира.
И ти гарантирам дека ако еден мод има толку членови кои се против него, како тука против тебе, брзо ќе биде сменет.
Затоа што форумот не живее од модовите, туку од членовите.

Да не се разбереме погрешно, немам ништо конкретно против тебе, немам поим каков мод лично си ти. Ама ја читам темата и ги кажувам впечатоците.

Точно, можам да си одам кога сакам. Не е никаков проблем, и ќе си одам.
Не гледам причина да коментирам на боза теми од типот на гламстик, нели.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
TheKitten да не речам 100% си во право за активноста на дискусиите со тематика слична на играчница/гламстик/трепките на Кардашијан и мислам тука треба малку повеќе да се обрне внимание.
Но да го споредуваш КАјгана форумот со овој е смешно. Се` ќе ти образложам со ред (пошто сум член и на двата од поодамна). Кајгана форумот прво е основан во друго малку поинакво време, со поинакви сфаќања за интернет просторот како комуникациско средство - во време кога во македонија и не постоеа толку портали, форуми, места за дискусија. Единствена поголема конкуренција чинам дека беше Бадијала и Virtual Macedonia. Така да кајгана имаше и малку повеќе простор за дишење и конструирање на дискусии. Форумските тролови тогаш не беа толку застапени (и покрај тоа што имаше и политика воведено како тема за дискусија). Се имаше начин како да се дискутира. И самата си запознаена за фазите на тој фору горе доле во темите што се отвараат таму. И трето доста битно е тоа што на кајгана членуваат многу поголем и поразличен ешалон на членови, дури и кога почнав да го следам (2 години од неговото постоење) а не па денес кога имаш далеку многу повеќе членови. И оттука иде тоа - триста људи - триста чуди.
Од друга страна Црно бело е направен пред година и два месеци - време кога имаш барем по еден компјутер во куќа. Значи интернетот е достапен насекаде. Како омасовување имаше уште од старт шанса поради тоа што многу од членовите од кгн пишуваа и тука. Но зошто не успеа, можеме да вадиме претпоставки. Може да е крива администрацијата, исто колку и членовите. Има пропусти и од двете страни. Јас како свежопечен дел од администрацијата, ќе ти кажам дека има разлика од модератор до модератор. Барем според мене каде јас одржувам ред, работите се малку повеќе либерте (се разбира додека не се прекрши правилникот на тој подфорум).
Апел имам до целата администрација, да го разгледаат малку случајот околу затворање на теми и доделување на казнени/бришење на мислења. Секогаш кога бришете мислења/затварате тема - пишете подлабоко образложение зошто го правите тоа. За казнените ме се затрчувајте да ги дадете веднаш туку после неколку пати повторената грешка (од инает) во конкретна дискусија. Верувајте повеќето тука сме разбрани и знаеме дека после повторената грешка во една дискусија, би требало да престанеме да ја повторуваме. Истотака треба на секој еден член што почнува да води „Неприватен“ разговор по темите, да му се укаже дека постојат приватни пораки, и да се избрише конкретната дискусија. Така мислам дека работите повеќе би се средиле.