Зачистив тука од вчера неколку оф топици. Темава е за искажување на љубов, сето друго што е вон темата можете да го скоцкате во Чет муабети.
Друго истотака би напоменал, ај што ќе ставите некое клипче или па цитат, се прифаќа, ама да ви се состои мислењето од смајли, една буква? Не дека ви контрам нешто ама некако повеќе ми изглеа l`art pour l`art работава.
Убаво што прифаќате сугестии од членови.
Колку и да е јавен форумот, особено оваа тема и личен дневник не би требало да има воопшто оф топици, и воопшто да се доведуваат во прашање чувствата на членовите или што мислеле да кажат со постот што го пишале.
Си постојат приватни пораки или личен профил.
Повеќето според мене оваа тема си ја користат како издувен вентил,тоа што не сакаат да го кажат на некого,си го пишуваат овде.
Се` тоа е во ред и долго време ми е на памет да го воведам правилото да не се цитираат исповедите јавно. Иако би звучело контрадикторно, впрочем форумов е од јавен карактер и постои една наводна „малициозност“ тие истите мислења да бидат „злоупотребени“. Сепак одлуката, да не речам - храброста да се напише нешто што е на неколку клика достапен на масата од членови тука на форумот. Да се воведува рестрикции и малку поголема строгост, и тоа е мислено. Теоретски би успеало но практично, доведува до оноа бабадавчење и калимерисување - зошто ми е бришано мислењето, зошто на петко му се прогледува а мене не. А тоа не е потребно воопшто бидејќи вака или онака, форум како форум не е за да се гради карактер туку да се споделува мислење, искуство. А константното полициско однесување како и вметнување на милион строги правила, доведува подоцна до трошење на време во објаснување, наместо да се биде конструктивен и да се отвараат нови теми за дискусија.
Rêveur , Saladin мене стварно не ми е јасно зошто не би смеел да употребам нешто што ми се сервира на дланка. Зошто не би смеел да прашам за нечија контрадикторност пример на пост напишан во Личен Дневник? Демек постот е личен или што е работата? Сте виделе вие некаде низ весник некој да си напише нешто и да си го ограничи тоа оти му дошло така да се испразни и никој да не смее утре тоа да го употреби против него?

Не е дека не смееш да го употребиш или да прашаш. Прашај си на профил или во приватна порака.
Навистина, не ја гледам потребата некого да се распрашува или исмејува што мислел со пост пишен во љубовна исповедувалница или во личен дневник.
Можеби на некого форумов му е единствено место да си напише мисли или чувствува за некого?
Еве пример, да те распрашувам јас за твојата муза која често ја спомнуваше во таа тема.
Зошто би бил ти должен мене да ми објаснуваш?
Не сум должен да објаснувам ама нема ни да се навредам ако прашаш нешто што јас самиот сум го пишал.
Saladin не би рекол лична навреда. Не зборам за навредување туку за употреба на постови пишани таму. И тоа лична навреда треба малку да се разграничи ако сакате форумов да функционира.