Самиот наслов го поставува и прашањето. Според вас, би претпочитале вработување во приватниот или државниот сектор? Зошто? Кое од нив и носи поголеми придобивки на општата социјално-економска состојба на државата?
.
Кое од нив носи поголеми придобивки и за поединецот не само за државата.
Донекаде државата не само што може да има придобивки од државниот сектор,може да трпи и загуби.Поточно мислам за оние работни места по рамковен договор кои се дури и измислени,одредени поединци седејки дома земаат плата и придонеси на грбот на државата а државата тоа го црпи од поединците,од народот.
Тоа е само еден пример,кој не го спомнувам политички туку онака заради реалната состојба во државата како ни функционира државниот сектор.
Но ова е само еден сегмент а ги има повеке кои ја злоупотребуваат државата(односно грбот на народот).
Ако се зема во обзир образованието на оние во државниот сектор,односно доколку потрошиле,четири,пет..години од својот живот за да се малку повеке устручат на она за кое подоцна ке го работат и треба да ги следува бенифиции.Ова важи доколкунекој реално го заслужи одредено работно место во државниот сектор а не преку вујко владика или слично.
Во приватен сектор работам веке 14 години.Точно дека е предизвик и нуди поголеми можности за излагање на својата креативност но има и исто сегменти и во државниот сектор.
Дали дека веке донекаде изморена од приватниот сектор,можеби добро би ми дошло година две да работам на не толку динамично работно место.
Да можам однапред да го испланирам годишниот одмор,без притоа никој да ми го прекине,да можам кога сите одмараат за викенд да осетам и јас што уствари значи зборот Викенд.Да осетам што е државен празник,да бидам со фамилијата за велигден,божик....и ред други бенифиции.
Но не верувам дека долго ке издржам од 12месеци во годината скоро три или повеке да бидам слободна