Постои ли време?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И постои, и не постои. Постои бидејќи човекот мора да го "израчуна" своето постоење за да не се чувствува изгубен во тоа негово постоење, ај да не речам, во просторот и времето. Мора да има замисла кога некои настани се случувале. Со самото тоа што постои минато, значи постои време. Дури и пред постоењето на човекот, кога била само планетата, таа постоела и денес можеме да речеме, пред толку и толку време, тоа се случувало. Но, што ако престане да постои човекот? Или ако престане да постои планетата? Ќе постои ли време? За кого? Реално гледано, мора да постои човек, за да постои време. На некој начин, човечкиот живот е време.

Како тоа мора да постои човек за да постои време, а велиш дека претходно планетата постоела без да постои човекот?

Јас стварно не разбирам како тоа вие го сфаќате универзумот без време?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Како тоа мора да постои човек за да постои време, а велиш дека претходно планетата постоела без да постои човекот?

Јас стварно не разбирам како тоа вие го сфаќате универзумот без време?

Просто кажано, човекот го "измислил" времето. Односно, ги измислил поимите ден, недела, месец, година, инт. На тој начин, го "израчунал" минатото дури и пред самото постоење на човекот. Кога немало човек, имало само постоење. Немало никој за кого би биле важни тие поими ден, недела, итн. Имало постоење, кое човекот го нарекол време. Значи, кога била само планета имало постоење, а сега кога постои човекот, (за него) има време.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Просто кажано, човекот го "измислил" времето. Односно, ги измислил поимите ден, недела, месец, година, инт. На тој начин, го "израчунал" минатото дури и пред самото постоење на човекот. Кога немало човек, имало само постоење. Немало никој за кого би биле важни тие поими ден, недела, итн. Имало постоење, кое човекот го нарекол време. Значи, кога била само планета имало постоење, а сега кога постои човекот, (за него) има време.

Тоа е само за ориентација, се сложувам дека човекот ги измислил тие мерки за подобро да се снаоѓа. Времето егзистира од истиот момент кога универзумот егзистира и ќе егзистира се` додека самиот универзум егзистира. Ајнштајн покажал дека времето и просторот образуваат систем кој го викаме време-простор и невозможно е да го одделиме едното од другото. Не можеш да имаш само простор, а притоа да не е зависен од времето. Но бидејќи времето е димензија, исто како и просторот, мораме да измислиме мерки кои би ни помогнале да се ориентираме. Ете пред да се измислат деновите и часовите древните народи се ориентирале според месечевите циклуси, сончевите периоди и сл. Потребата од ориентација ги наметнала мерките, но тоа не значи дека човекот ги измислил димензиите.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Тоа е само за ориентација, се сложувам дека човекот ги измислил тие мерки за подобро да се снаоѓа. Времето егзистира од истиот момент кога универзумот егзистира и ќе егзистира се` додека самиот универзум егзистира. Ајнштајн покажал дека времето и просторот образуваат систем кој го викаме време-простор и невозможно е да го одделиме едното од другото. Не можеш да имаш само простор, а притоа да не е зависен од времето. Но бидејќи времето е димензија, исто како и просторот, мораме да измислиме мерки кои би ни помогнале да се ориентираме. Ете пред да се измислат деновите и часовите древните народи се ориентирале според месечевите циклуси, сончевите периоди и сл. Потребата од ориентација ги наметнала мерките, но тоа не значи дека човекот ги измислил димензиите.

Затоа реков, и постои и не постои. Нема целосен доказ и објаснение за тоа, бидејќи е една од оние работи кои се нецелосно сфатливи за човековиот мозок. Пример, бесконечност. Нешто кое ние не можеме да го сфатиме целосно. Секогаш си велиме "Ама што имало пред тоа? А пред тоа, што имало пред тоа? Или потоа, што ќе има? И после тоа, што потоа има?". Нешто налик е и времето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
А дали природните науки спаѓаат во филозофија?
Спаѓаат затоа што филозофијата се занива со истите прашањата со кои се занимаваат природните науки.
Филозофите велат не постои време,физичарите го земаат како мерка која навидум им ги олеснува пресметките на одредени периоди и слично.
Некој некогаш(незнам кој почнал со тоа добил идеја дека ако измисли време t ќе му бидат полесни пресметките(раѓање,умирање,години,саати бла-бла)и ја спровел таа мисла.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Спаѓаат затоа што филозофијата се занива со истите прашањата со кои се занимаваат природните науки.
Филозофите велат не постои време,физичарите го земаат како мерка која навидум им ги олеснува пресметките на одредени периоди и слично.
Некој некогаш(незнам кој почнал со тоа добил идеја дека ако измисли време t ќе му бидат полесни пресметките(раѓање,умирање,години,саати бла-бла)и ја спровел таа мисла.

Воопшто не. Времето физичарите го гледаат како димензија, исто како просторот само што сеуште не знаеме како да манипулираме целосно со таа димензија.

Еве објасни ми како би постоело движење ако не постои време?


DarkPassenger постои и истовремено не постои е апсурд. Или постои или не постои, двете заедно не може.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
DarkPassenger постои и истовремено не постои е апсурд. Или постои или не постои, двете заедно не може.

Океј, тогаш ќе речам дека нема одговор и дека останува на тоа дека можеби постои, можеби не. Ај ќе си дадам некое мое (да речеме, примитивно) мислење за основата на сето ова, а ти како поупатен можеби ќе дадеш некој одговор. Универзумот постои. It's just there, едноставно само си постои. Кога започнал да постои? Јас не знам, постојано си мислам дека само постои. Ако нема одговор за неговиот почеток, тогаш нема одговор ни кога започнало времето. И времето ако постои, си постои во тој универзум. Од кога, не знаеме (одам на тоа дека нема одговор, ако има, кажи па веројатно ќе ми се промени мислењето). Во тој универзум што си постои, се создала планетата. И таа, само си постои. Човекот настанал и за него неприфатливо било тоа "само постоење". Боли мозок од замислата на нешто едноставно да си постои, а да нема почеток или крај. Тоа значи, човекот е изгубен во постоење. Затоа, за да го сфати некако тоа постоење си рекол, тука сум и сега. Тука сум во просторот и сум сега во времето. Простор + време = постоење. Избриши ја планетата и човекот од тоа постоење (простор+време), останува само универзумот и неговото постоење. Не знам, ајде кажи некое мислење кои си го заклучил самиот или од читање, ме интересира до каде човештвото е стигнато со ова прашање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jovanKH2O and Saladin

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Воопшто не. Времето физичарите го гледаат како димензија, исто како просторот само што сеуште не знаеме како да манипулираме целосно со таа димензија.

Еве објасни ми како би постоело движење ако не постои време?


DarkPassenger постои и истовремено не постои е апсурд. Или постои или не постои, двете заедно не може.
Ќе продолжиме вечер:)
Излегувам сега.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
:frantic темата ви е врв, што е постаро кокошката или јајцето...ај не се тупите џабе...

Не ти се дискутира за темава, не мораш. Ако не ти се „тупи“ не читај.

DarkPassenger твојата формула: простор+време=постоење; постоење - (човек + планета) = универзум + постоење. Тебе ова ти е во ред?
Јас објаснувам цело време, универзумот има свои димензии и за нас познати се 3 просторни димензии и една временска кои го сочинуваат време-просторот. Време-просторот е независен од човекот, но човекот бидејќи егзистира во универзумот е зависен од неговите димензии (во овој случај поконкретно од времето). Непостоењето на човекот не може да го промени постоењето на време-просторот. Еве преку прост пример ќе се обидам--->
Океанот е универзумот. Водата во океанот е време-просторот. Рибите се луѓето во универзумот. Водата во океанот постои независно од рибите во неа, но рибите се зависни од водата. Не ти треба да го знаеш настанокот на океанот за да го потврдиш постоењето на водата.