И постои, и не постои. Постои бидејќи човекот мора да го "израчуна" своето постоење за да не се чувствува изгубен во тоа негово постоење, ај да не речам, во просторот и времето. Мора да има замисла кога некои настани се случувале. Со самото тоа што постои минато, значи постои време. Дури и пред постоењето на човекот, кога била само планетата, таа постоела и денес можеме да речеме, пред толку и толку време, тоа се случувало. Но, што ако престане да постои човекот? Или ако престане да постои планетата? Ќе постои ли време? За кого? Реално гледано, мора да постои човек, за да постои време. На некој начин, човечкиот живот е време.
Како тоа мора да постои човек за да постои време, а велиш дека претходно планетата постоела без да постои човекот?
Јас стварно не разбирам како тоа вие го сфаќате универзумот без време?