Идеш у полициска станица во 12 саат пријавуваш украден телефон и новчаник.Беко не работи.Се јавуваш на 192.Ти вика да чекаш ПРЕД беко, ќе дојде полиција од Кисела Вода да ти извршат записник.
Чекаш 45 минути.
Те внесува внатре.Му кажуваш дека ти е украден новчаник со лична идентификација, картички од банки, возачка дозвола, пари, 2 многу битни фактури.Мобилен телефон што на поклон го добив.
он те прашува зошто и како јас не сум бил во сопственото возило кога се случило кражбата.
Како јас немам осетено дека некој отворил врата од кола, посегнал земал а јас сум бил на 10 метра од колата сум зборел на друг телефон.
Се ме праша од тоа што не требаше.
Напиша записник на брзака.Не добив ни копија ни ништо.Ни што марка на телефон, ни колку пари, ни ме праша дали возилото ми е оштетено.Ни да поднесе барање до вештаци да го проверат возилото за отпечатоци.Ништо.
Не ја гибнав колата.Знам дека таму има отпечаток.МОРАЛ кој и да е да се фатил за кваката на вратата.
Ама правна држава, јака.Законот си владее, службите работат со полна пареа.
Не знаеш дали да бркаш високи луѓе да ти средат работа или да ги чуваш за џокери.
патем, збогум на 2400 контакти што ги имав во телефонот....