„Љубовта“ е апсурд на денешницава. Не постои, исто како што не постои Дедо Мраз или Пепелашка. Баш би сакал едно објаснување од страна на дечките кои „се заљубени“, што мислат дека е љубовта?
Од самата помисла на зборот, од самото пишување тука на форумов, добивам расипани нагони за смеа, за чудење. Ние суштествата наречени луѓе, немаме поим што е тоа љубов. Она што го нарекуваме љубов е само една желба, едно очекување да бидеме среќни.
Дали човек што го посветил животот работејќи како помагател на луѓето на кои им е навистина потребна помош знае навистина да сака? Дали ја работи работата заради пари, дали заради љубов? Или пак тоа е само неговото его. Егото од кое не можеме да избегаме. Егото кое ни вели: „Чувствувај се задоволно, денес му помогна на Петре, му ја поправи колата за џабе.“
Секој ден пробуваме да сме посреќни од вчера. Се бориме за среќата...но како? Со тоа што ќе си поставиме неколку услови? На пример: Ако годинава не завршам со факултетот, нема да бидам среќен. Ако во рок од три месеци не соберам 500 евра нема да бидам среќен, итн.
Упорно и упорно си поставуваме цели кои треба да ги исполниме за да бидеме среќни...Разбудете се! Среќата е пред нас. Ќе бидеме среќни тој ден кога ќе сме спремни да изгубиме се, тој ден кога од никој нема да бидеме зависни, најмалку од материјалните вредности. Апсурдно е да ни пречи на патот до среќата едно парче книга.
Малку забегав од љубовта кон среќата, но во суштина тоа сакаме да го добиеме со помислата на љубовта.