Дали верувате во глупоста наречена „љубов“?

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
„Љубовта“ е апсурд на денешницава. Не постои, исто како што не постои Дедо Мраз или Пепелашка. Баш би сакал едно објаснување од страна на дечките кои „се заљубени“, што мислат дека е љубовта?
Од самата помисла на зборот, од самото пишување тука на форумов, добивам расипани нагони за смеа, за чудење. Ние суштествата наречени луѓе, немаме поим што е тоа љубов. Она што го нарекуваме љубов е само една желба, едно очекување да бидеме среќни.
Дали човек што го посветил животот работејќи како помагател на луѓето на кои им е навистина потребна помош знае навистина да сака? Дали ја работи работата заради пари, дали заради љубов? Или пак тоа е само неговото его. Егото од кое не можеме да избегаме. Егото кое ни вели: „Чувствувај се задоволно, денес му помогна на Петре, му ја поправи колата за џабе.“
Секој ден пробуваме да сме посреќни од вчера. Се бориме за среќата...но како? Со тоа што ќе си поставиме неколку услови? На пример: Ако годинава не завршам со факултетот, нема да бидам среќен. Ако во рок од три месеци не соберам 500 евра нема да бидам среќен, итн.
Упорно и упорно си поставуваме цели кои треба да ги исполниме за да бидеме среќни...Разбудете се! Среќата е пред нас. Ќе бидеме среќни тој ден кога ќе сме спремни да изгубиме се, тој ден кога од никој нема да бидеме зависни, најмалку од материјалните вредности. Апсурдно е да ни пречи на патот до среќата едно парче книга.
Малку забегав од љубовта кон среќата, но во суштина тоа сакаме да го добиеме со помислата на љубовта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Dionaeam

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ако ми веруваш не можев да те дочитам....
Јас само ќе се цитирам за нешта што ги напишав поодамна тука:
1.
Што е љубовта? Вистинската?! :)
Онаа што е испомешана со страст, возбудата, задоволството, довербата :)
Онаа што ќе те натера да се вивнеш во небото, и при падот ќе те дочека на раце.
Онаа што кога плачеш ќе ги собира солзите една по една за да не ти паднат на подот.
И... да не филозофирам :)
2.
Додека сте мали, на мајка ви и викате „Мамо, Те сакам“. И ја сакате со сето свое срце и душа. И тука нема место за дискусија, затоа што навистина ја сакате, и најлошите работи на свет да и’ ги кажувате, пак во вас се крие чувство на љубов.
Поминуваат години, таа умира, вие се чуствувате дезориентирано без неа.
Тоа било поради навиката на неа?
НЕ, тоа било поради тоа што ви треба нејзината подршка, нејзината љубов, нејзината прегратка.
- ете еден доказ дека постои вистинската љубов.
Растете со текот на времето запознавате некого, му кажувате дека ви е се’, и буквално така чуствувате. Правите што се што е можно да бидете подолго со него. Ве смее од срце. Ве нервира до степен што ви доаѓа да го убиете. НАВИКНУВАТЕ на неговиот ритам, го терате и тој ДА СЕ НАВИКНЕ на вашиот. Почнувате да живеете заедно, станувате зависни еден од друг. Ако не се видите еднаш дневно скренувате. Како потреба ви е. Ви требаат бакнежи, телесна близина, ви треба се’ со него/неа.
Помислувате на разделбата(смрт) и колениците ви се тресат.
Потоа од таквиот однос се создава нов живот - дете, го гледате и исто колениците ви се тресат, од радост од убаво чувство ОД ВИСТИНСКА ЉУБОВ, од потреба да го заштитите и него и тој што ви го подарил него. Очите ви светат од волја да бидете со нив, да живеете со нив.
Им кажувате дека ги сакате најмногу на светот, дека без нив сте ништо, дека не можете да опстоите без нив(тоа и го мислите)
- и после доаѓате на Форум ве прашуваат дали постои вистинска љубов и вие филозофирате дека не, дека е само навика.
Ахам да... ви поверував :)
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Се вртиме околу тоа дека ја сакам мама и таа ме сака мене. Прашањето ми е што е тоа што ме тера да ја сакам? Гените? Моќта на рационалниот разум? Дефинирај ми „рационалност“...
Зошто на сите ни треба уште некој што ќе биде со нас? Верувам дека и кога човек е сам, не значи дека е осамен. Два различни поими кои цело време ги мешаме.
Сите ја бараме среќата, сите ја бараме слободата. Преку што? Преку тоа што ќе му се довериме на некој значи дека ќе бидеме среќни? Тоа значи дека ќе бидеме слободни? Уствари не сум сигурен и колку ја сакаме таа слобода. Дали воопшто можеме да живееме во слобода.

Arkantos која е смислата да се плашиме од смртта? Веќе долго време пробувам да го истерам тој страв кој лежи некаде длабоко во мене. Пробувам да дознаам зошто се всадил во мене. И никогаш не дојдов до поразумен одговор од тоа дека сум човек со чувства и потреби. Нормален човек. Пробувам да се замислам како лежам на земја како група коски. Би требало да почувствувам олеснување. Кога ќе го почувствувам тоа наместо страв, ќе можам да се сметам за пример на тотално слободен.

А, Ночной охотник, не е проблемот сакањето како сакање. Туку што е тоа што не тера да сакаме. Која е формата на љубовта...
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Дали човек што го посветил животот работејќи како помагател на луѓето на кои им е навистина потребна помош знае навистина да сака? Дали ја работи работата заради пари, дали заради љубов? Или пак тоа е само неговото его. Егото од кое не можеме да избегаме. Егото кое ни вели: „Чувствувај се задоволно, денес му помогна на Петре, му ја поправи колата за џабе.“

Најсвеж пример: Пред некое време еден човек се согласи да направи еден дел од мебелот и за возврат побара една голема нула. И тоа него го направи среќен. Зошто?
Заради тоа што него парите што ќе ги добие на крајот не го прават среќен, туку него го исполнува среќата оној момент додека го обликува тоа парче дрво и го претвара во нешто убаво. И на мене некој да ми рече да му направам нешто што ме полни со задоволство, не би му побарала пари, затоа што всушност јас не му правам услуга нему, туку тој мене.

А на што го бараш значењето ти всушност? На среќа или на љубов? Пошто среќата ти е чувство кое е последица на многу причини, а добиената/возвратената љубовта е една од нив.
А слободата не мешај ја со љубовта. Апсурдно е. Самиот поим да си заљубен, значи да си заробен на некој начин.
За слободата самиот си даде најпогодна дефиниција, само ја изрази преку стекнувањето на среќа од добивањето на слобода.
Ќе бидеме среќни тој ден кога од никој нема да бидеме зависни, најмалку од материјалните вредности.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Љубовта е најубавото чуство кое може да му се случи на човекот.
Јас верувам во неа, иако уште мене ми се нема таква љубов случено.
Љубовта не е глупост, таа е многу повеќе за да би се опишала со еден збор само.