Ги читав мислењата од лани овој период, за жалење сум била, жими се`. Не сега дека не сум, сега дупло појќе сум за жалење.
Ми фалат толку многу работи ама нема да трујам со тоа и да се жалам.
Сакам да напишам мислење и кога ќе се наоѓам во ваква ситуација да го отворам и да се потсетам. Реков дека сакам мир и спокој, епа изволте мир и спокој и пак не учам. Се чувствувам ко малоумно си седам на компјутер и телевизорот пуштен, мене за да легачам не ме пуштија Скопје. И да не се лажам појќе сабајлето пред полагање тоа што ќе го научам испарвит уште првата минута кога ќе влезам во амфитеатар, така да сабајле само пофторување, учење НИКАКО.