Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Генерална дискусија за филмови која потегнува и осетливи сегменти од истите.
Напомена за оние кои бараат препораки, темава не е препорачлива бидејќи содржи спојлери и осетлив матерјал кој би можел да ви го сруши филмот... буквално.

Пример некој член сака да дискутира за Clockwork orange, нека го сподели своето мислење, без никакви бариери дека некому би му наштетил со раскажување на прикаската. Од друга страна, некој ќе го забележи мислењето и ако го имал излгедано филмот, може слободно да се приклучи на дискусијата.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Еве јас да почнам со Saw.
images

Едно пошто е сигурно изгледан од сите, друго пошто луѓето го ставаат во жанр хорор, а филмот си е психолошки трилер, па друго или е омилен или најомразен филм.
Мене лично ми е една генијалност од филм, прв на топ 5 листата најдобри филмови.
Секој дел подеднакво ми е зачудувачки генијален, добро осмислен и со приказна мнооогу поразлична од едноличните сценарија било на трилерите или хорорите.
Кој мисли спротивно-бујрум да си подискутираме : )
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173

Ниеден дел не сум гледал, а не знам зошто. Најверојатно не сакам такви филмчиња. Многу пријатели викаат леле Пилата е супер филмче, она, ова, ама мене не ми се губи време на ваков филм искрено. Поарно ќе изгледам некоја асална драма, отколку губење време на хорор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malata.. and Lillian

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ниеден дел не сум гледал, а не знам зошто. Најверојатно не сакам такви филмчиња. Многу пријатели викаат леле Пилата е супер филмче, она, ова, ама мене не ми се губи време на ваков филм искрено. Поарно ќе изгледам некоја асална драма, отколку губење време на хорор.
Пила не е хорор. Ова го имам дебатирано неколку пати.
Значи, вистина е, за вкусови не се дискутира и тоа си е ок, не може на сите да им биде интересен филмов, само да разграничиме.
Филмот е една инспиративна приказна, психолошка и возбудлива повест, која на еден екстремен начин го прикажува делувањето на еден човечки ум, кој поради болката од неможноста за понатамошно нормално функционирање ја решава суштината на животните вредности на оние кои се благословени да го живеат.

Е, сега, тоа е еден егоистичен потег, скован од немоќност, а од друга страна си го поставуваш прашањето: Зошто кога можеле не го направиле најдоброто, туку го одбираат она што најмногу им одговара?
Кој е тука уствари егоистот?
Сите сме, помалку или повеќе.

Главниот лик е негативен, од причина што никој нема за право да си игра со човечки животи кои нит ги подарил, нит има право да ги одземе. Поентата нели и не му е да ги одземе, туку да ги научи и тоа на најтешкиот можен начин од кои изгледите да бидат попаметни кога ќе ја научат лекцијата се скоро никакви, зашто ќе бидат најверојатно мртви.

Во секој случај, е интересен филм барем за мене од многу аспекти и што е најинтересно секој следен дел не те тера да го исклучиш филмот после 15 мин. туку напротив, го догледуваш до крај со неизвесност, размислување, барање одговори и тензичност.

Од мене Пила има чиста 10-ка.
 
Абе сега за тебе може не е хорор, за некого е. Отвори ИМДБ и види кои жанрови се наведени - криминален, мистерија, хорор.
Психолошки трилер како што викате не постои како жанр, туку како поджанр.
И мене Блејд и останатите вампирски филмови не ми се хорор, на моменти и ме смејат, ама на некого му се страшни.
Како што рече за вкусови не се дискутира.
 
cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
ќе го спомнам во темава
Ханибал Лектор или Лектор...како и да го викате
hannibal-silence-of-the-lambs-red-dragon-bone-collector.jpg

филмов има 4 дела.
не е хорор туку психички трилер.
Ханибал е уствари доктор кој медицината ја усовршува тотално до детал
а филмов ми се свиѓа што е претставен како манипулира со сите.
добар е филмов да се изгледа посебно сите делови за да се свати приказната.
а последниот дел да напоменам е на Ханибал деттството.....како уствари он стванува тоа што е :)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ниеден дел не сум гледал, а не знам зошто. Најверојатно не сакам такви филмчиња. Многу пријатели викаат леле Пилата е супер филмче, она, ова, ама мене не ми се губи време на ваков филм искрено. Поарно ќе изгледам некоја асална драма, отколку губење време на хорор.
А зашто не седнеш да го изгледаш па да си донесеш заклучок?
Верувај дека нема да ти биде губење време.
Ако не друго, барем ќе си направиш една добра мозочна гимнастика : )
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
А зашто не седнеш да го изгледаш па да си донесеш заклучок?
Верувај дека нема да ти биде губење време.
Ако не друго, барем ќе си направиш една добра мозочна гимнастика : )
Си имам листа на гледање филмови со околу 50-тина што ми се must see, а немам доволно време.
Ќе му дадам шанса, само не знам кога. :zelen
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Си имам листа на гледање филмови со околу 50-тина што ми се must see, а немам доволно време.
Ќе му дадам шанса, само не знам кога. :zelen
Ај бутни го таму преку ред за мене :D
И дај некој предлог од тие 50 ко за мене.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ај бутни го таму преку ред за мене :D
И дај некој предлог од тие 50 ко за мене.
Листава ми е на понови филмови од 2011 до 2013 и претежно се фантазии, акција и комедија, така што тешко дека ќе ти се свиѓа некој. :D
Кажи некој жанр, па ќе смислам некое филмче за тебе од тие што ги имам гледано.