1. Самокритичност им фали на многу.
Еве 25 години имам и можам да кажам дека сум запознал две женски кои се свесни за секоја постапка што ја прават, како влијае врз другите, ако е погрешна, да кажат дека згрешиле. И тоа едната ми беше колешка далечна роднина, другата ме корпоса уште пред да ја прашам. Али како ми го спушти народски кажано, се вртка низ соба по студентски ми се свиѓаше, се насмеан бев и од нигде никаде ми вика, немој да се надеваш, ништо нема да се случи меѓу нас
Чудно ми беше, може и ќе заплачев хахаха, ама капа доле сестро
Овие останативе се у таков некој филм влезени, дали биле бивши, дали ме корпосале, шо ако не прават криминал, значи дека може да те изгазат фигуративно кажано. Една дури на моето прашање нели ти е срам ова шо го правиш ми рече, не, никако, ја не правам никаков криминал.
E тоа ти е општеството наше, ако не прајш криминал земи на глава уринирај му на човек, на тоа ниво не доведоа политичариве, таа е свеста, нема тука воспитание домашно, култура, чест. Ако треба ќе го брани неодбранливото, ќе оди со глава у ѕид, ама грешка не признава.
Шо вика овој водачов наш, народот ќе си го каже своето на избори. Абе кој избори, кај ти е срамот
Да не забегувам у политика.
Друг феномен негативен што сум го забележал, 300 лајкови на фб и мисли дека е кралица, па тие се истите шо за да би те легнале се би напраиле. И ќе се разочара од неколкумина и се вртка околу тебе и се праи фина, наивна, мислиш втор ќе и бидеш.
Значи помалку глумење, као сите се лоши само ја сум фина. Имаше една на факс и на кафе, муабети и почна да ми расправа еххххххх вика онаа Сања, колку е опуштена цела вечер у диско зјапаше во еден, дури не почека он да и дојде туку отиде и се запозна, којзнае шо праеле. Се насмеав само и си викам у себе, ти сигурно у таван глеаше у диското