Општа дискусија за прочитани книги (spoilers alert!)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Оваа тема ја отворам како општа дискусија за прочитани книги. Поентата е да се поттикне малку дискусија околу некои познати наслови кои повеќето членови верувам ги имаат читано. Темава истотака ќе има некои правила
1. Во секоја започната дискусија, да се наведе насловот строго потцртано и со здебелени букви. Оние кои не сакаат да си расипуваат филм, ќе имаат прегледност да ја избегнат темата.
2. Дискусијата стриктно ќе се држи во рамките на темата. Значи, секаква психоанализа и релативизирање на работите ќе се констатира како надвор од темата и ќе биде пријавувана како лошо мислење. Значи пример мислења од типот кој лик (од книгата) ве потсетува на кој актер, нема потреба.
3. Рецензии копирани од друго место не се дозволени.

Се надевам ќе има разбирање како и поттикнување на повеќе членови кои ќе пишат свое гледиште на книгите за кои се дискутира.
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Брод од илјада соништа-Лија Флеминг

Само ви кажувам дека ќе имате многу непроспиени ноќи голтајќи ги страните на книгава и соочувајќи се со судбините на ликовите ии ќе очекувате што ќе се случи следно..
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Трилогијата Педесет Нијанси (Original: Fifty Shades of Gray/Darker/Freed) - Е.Л. Џејмс
Иако мислам дека повеќето луѓе ја читаат поради еротските моменти во неа, јас лично по петти пат ја читам трилогијата поради главниот лик Кристијан Греј. Тој е еден толку заплеткан лик, мистерија која полека се открива. Почнувајќи од првата книга, па до последната, случките кои го наведуваат Кристијан да порасне, да се пронајде себеси и да се отвори кон некој друг освен психијатарот... Книгите го одземаат здивот, а секоја прочитана страница буквално влече да ја прочиташ и наредната, и наредната, и таа по неа.... И така во недоглед, се до последната...

Едит: Ако планирате да ја читате, НИКАКО, повторувам НИКАКО немојте да ја читате на македонски јазик. Жими се најмило, преводот е тапа. Најдобро е да ја прочитате на англиски, како што е и оригиналот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar and Ghtalpo

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Еден предлог. Подобро е модераторот на овој подфорум (ако има таков) да ја регулира темава, односно секоја недела да става нов наслов за дискусија, по можност светска книжевност и класици - книги кои повеќето сме ги читале (пр. нешто од Достоевски, Иго, Толстој, итн) зошто вака осеќам дека темава ќе стане каша попара, секој ќе си пишува за посебни книги и меѓусебно ќе си делиме лајкови.

На пример вака да изгледа насловот на темата: Општа дискусија (оваа недела: "Браќа Карамазови")

П.С. Fifty Shades of Gay е тешко срање, не си го трошете времето со безвредни чик-лит тралалајки... *runs away* :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Redhead and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еден предлог. Подобро е модераторот на овој подфорум (ако има таков) да ја регулира темава, односно секоја недела да става нов наслов за дискусија, по можност светска книжевност и класици - книги кои повеќето сме ги читале (пр. нешто од Достоевски, Иго, Толстој, итн) зошто вака осеќам дека темава ќе стане каша попара, секој ќе си пишува за посебни книги и меѓусебно ќе си делиме лајкови.

На пример вака да изгледа насловот на темата: Општа дискусија (оваа недела: "Браќа Карамазови")

П.С. Fifty Shades of Gay е тешко срање, не си го трошете времето со безвредни чик-лит тралалајки... *runs away* :frantic
За првиот предлог сосема се сложувам, некој модератор да ги става предлозите на две недели со тоа што еден ден би имало предлози за литература која би сакале да ја дискутираме па да се изгласа која најмногу би одговарала според бројот на „лајкови“. Слично на темата за пишување.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Само најсекси маж кој постои
Книгата е само за романтичните души :D .Си ја купив пред некое време и премногу ме изненади и насмеа.Ја прочитав за 3 дена и ми остави таков впечаток што би се нафатила повторно да ја читам.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Жално е што вакви теми после отварањето на истата одма се забораваат.
Додека другите теми во стилот на ти реков - ми рече се "дискутираат" до недоглед.
Може малку да се заживее темава, Saladin ?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Жално е што вакви теми после отварањето на истата одма се забораваат.
Додека другите теми во стилот на ти реков - ми рече се "дискутираат" до недоглед.
Може малку да се заживее темава, Saladin ?

Може... Само што јас малку зар`ѓав со моето читање месецов. А веќе не ни го паметам контекстот на повеќето прочитани книги во последниве 6 месеци не па од година наназад.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Може... Само што јас малку зар`ѓав со моето читање месецов. А веќе не ни го паметам контекстот на повеќето прочитани книги во последниве 6 месеци не па од година наназад.

Да си купиш Билобил :giggle
Верувам има книга што ти останала во сеќавање, на крај краева постои чичко Гугл да се потсетиш.:)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да си купиш Билобил :giggle
Верувам има книга што ти останала во сеќавање, на крај краева постои чичко Гугл да се потсетиш.:)

Не е до билобил колку до квантитетот на прочитани книги поготово т.н. треска кога ме фаќа и читам и после одредено време заборавам.

Но еве, нека биде овој пат Пеколниот портокал од Бурџес. Сепак сеуште ми стојат клучните сегменти во сеќавање. :D

DarkPassenger, dystopian Electra?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf and Redhead