Општа дискусија за прочитани книги (spoilers alert!)

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Не е до билобил колку до квантитетот на прочитани книги поготово т.н. треска кога ме фаќа и читам и после одредено време заборавам.

Но еве, нека биде овој пат Пеколниот портокал од Бурџес. Сепак сеуште ми стојат клучните сегменти во сеќавање. :D

DarkPassenger, dystopian Electra?

Јас како што разбрав треба да даваме свои предлози?
Ако е така од мене, Колекционер - Џон Фаулс.:D
Или не би било подобро да се почне од класици, нешто што повеќето барем имаат прочитано?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Јас како што разбрав треба да даваме свои предлози?
Ако е така од мене, Колекционер - Џон Фаулс.:D
Или не би било подобро да се почне од класици, нешто што повеќето барем имаат прочитано?

Класиците уште од старт мислам дека ги посочивме ама никој да даде предлог од нив.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Темава може и апла корисна да биде некому доколку некогаш се вметне и по некој од класиците што ги имаме обработувано ко лектири.
Плус ќе можат многумина да се фалат дека прочитале книга, кога всушност прочитале мислење/анализа на форум. :giggle
Хм...да се зачисти темава првин, да се постави за важна, па соодветниот модератор да се нафати ажурно да ја менува секоја недела, па ајде и на две недели нека е, зависи колку ќе има заинтересирани за дискусија.
За предлог...што знам, подоцна ќе се договараме. Само не ќе е лошо да се посветуваме и на наши наслови, оти срамота е колку сме неупатени во македонска литература, а читајќи ги швркнатине драми по англиска книжевност, верувајте, нашиве заслужуваат далеку поголемо внимание.
Гуд лак со оправањето на темава, баш ќе ми е мило тука да се развие дискусија наместо во чет-муабети. (y)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Нели приметувате дека трошите по три страни од темите, да се договорите како ќе функционира тоа?
И ова не е прва тема :unsure Договорете си се по лични пораки и кога ќе отвори некој кој е заинтересиран, нека прочита, нека коментира, дискутира, а не до недоглед да бара каде уствари почнува темава...

Како и да е, во последно време искрено не читам. Не знам што ми стана, имам две почнати книги и така стојат...
Ако треба да одберам книга, која ми останала во сеќавање, дефинитвно:
Ловец на змејови - Халед Хусеин

Прекрасна приказна за вистинските морални вредности кои најверојатно ги забораваме сите помалку или повеќе.
Приказна за истрајноста, совеста, вистината...Колку сме моќни да се предадеме на себичноста, да го разгледуваме нашето животно поглавје заедно со прашините кои го грубат? Колку сме кадарни да бидеме луѓе, браќа, другари?
Има и филм според книгава, кој да бидам искрена не ме воодушеви, некако многу нешта изоставиле недоречени...

И една реплика, која ми остана врежана:
- „ На светот постои само еден грев, а тоа е крадењето. Кога лажеш некој, му го крадеш правото да ја знае вистината, кога убиваш некој му го крадеш правото да живее...“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Сакав да спомнам дека навистина не ми е јасно зошто луѓето ја потценуваат целата таа филозофија сплетена во ,,Чекајки го Годо". Кинигата е навистина брдо од филизофии и сфаќања споредби и компарации.. Плус секојдневно се користи во сосема погрешен концепт нејзиниот наслов. Годо е многу повеќе од нешто што никогаш нема да се случи. Годо е опшество, луѓе, процеси, настани.