Сакам да кажам/Сакам да прашам

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас ги знам кои дела се и од кого се напишани и што се работи во нив. Ама да знаеш дела кои не си ги читал, или пак да знаеш идеја, тема и мотив на секое дело е бесмислено. :frantic

па во принцип преку делата учиш за историјата, културата и состојбата на секоја од државите за кои авторот пишувал во негово време.
Ете ја споменуваш чичко Горио - ти текнува на пансионот каде чичко Горио живее? Ти текнува на сплетките во општеството... тоа е само една слика на тогашното француско општество.. приказна за тоа како луѓето биле поделени по класи... буквално на секој спрат од пансионот така и се живеело, нели најсиромашните најдоле, најбогатите со најлуксузен и најскап апартман и оброк најгоре....
... и сега на матура не бараат за секое дело тема и идеа... суштина бараат.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас го разбирам Knife што сака да каже. Не секое дело е читливо за одредена возраст. И во право е.

Епа затоа не се оставени сами да ги читаат и сфатат... има порфесори по македонски јазик....( нели тоа е сега длабока дискусија колку професорот е на место и колку си ја врши работата, но ете лично јас сум ја имала таа среќа да е некој покрај мене да ми помага околу делата )
А делата ( со исклучок на две три) не се до толку катастрофално не читливи за возраст 15- 19 години.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
па во принцип преку делата учиш за историјата, културата и состојбата на секоја од државите за кои авторот пишувал во негово време.
Ете ја споменуваш чичко Горио - ти текнува на пансионот каде чичко Горио живее? Ти текнува на сплетките во општеството... тоа е само една слика на тогашното француско општество.. приказна за тоа како луѓето биле поделени по класи... буквално на секој спрат од пансионот така и се живеело, нели најсиромашните најдоле, најбогатите со најлуксузен и најскап апартман и оброк најгоре....
... и сега на матура не бараат за секое дело тема и идеа... суштина бараат.. :)
Бараат, бараат. Среќавам како прашања работи и што не сум ги ни сретнал во овие 4 години, а ги гледам како прашања во матура. Имаше нешто како во кое дело на Балзак, се прави тоа и тоа. И сега ти треба да ги знаеш сите дела очигледно за да го знаеш одговорот. Или да го имаш набубано од А до Ш прирачникот за да одговориш. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Епа затоа не се оставени сами да ги читаат и сфатат... има порфесори по македонски јазик....( нели тоа е сега длабока дискусија колку професорот е на место и колку си ја врши работата, но ете лично јас сум ја имала таа среќа да е некој покрај мене да ми помага околу делата )
А делата ( со исклучок на две три) не се до толку катастрофално не читливи за возраст 15- 19 години.

Посекако многу зависи од професорот колку добро ти ја приближува материјата.... Но да бидеме реални. Ти да го читаш Војна и Мир на 17 години е крајно смешно. Притоа да не заборавам, ги имаш и Шолохов, Достоевски, Ремарк во иста година. Класиците се вечни, и секогаш различно се перцепираат, но за нив не треба да им се даде времетраење за читање. Поготово не, кога се навистина премногу. Туку да се остави една скромна бројка за да подоцна иницираат поголема желба за проширување на кругот. Искрено не знам некој кој ги прочитал сите лектири во средно навреме како и да го служи сеќавањето на дејствијата во истите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and JaMi

Војна и мир не им ја ни бараат, од Толстој немаат дело за читање, само така го поминуваат...
ајде до некаде се согласувам со тебе, но до некаде сосема ми е јасно дека учениците не се ни заинтересирани а како што е тргнато професорите уште помалку.
 
Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
:rolleyes: А Јас пак мислам дека најголема глупост се текстовите безврска и прашањата околу истиот.Такви ги има половина во тестот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Војна и мир не им ја ни бараат, од Толстој немаат дело за читање, само така го поминуваат...
ајде до некаде се согласувам со тебе, но до некаде сосема ми е јасно дека учениците не се ни заинтересирани а како што е тргнато професорите уште помалку.

Е у мое време... не толстој, ние илијада си ја правевме процедурално. и тоа онаа прераборкана од Петрушевски (татко му на Владимир)
Незаинтересираноста доаѓа ради стравот. Стравот од пренатрупаноста на матерјал. Како и несоодвенто испланираното консумирање на истиот. Истото важи и за професорите што се свемогуќи идиоди и не се замараат, пошо нели, не се добро платени. Цел систен ми е на клацкави нозе, ама за тоа многу има за разлгобување, дури ни Орвел нема шанса да го оправи. :D