Ајде едно кратко сиже за сезонава што измина...
Шампиони,нови засилувања кои се покажаа одлично...Дури ако паметам добро имавме 11 различни постигнувачи на голови...
Се покажаа момциите во добро светло...Штета што не можам да го кажам тоа за Велбек.немам ништо против него но дечково ме иритира...
Де Геа како и секогаш на висина на задачата...Линдегард после тоа вчера- дечково го утнал клубот но сметам дека треба да му се даде шанса.
Уште еднаш се виде дека одбраната не е тоа тоа без Немања Видик и без Рио Фердинанд во пар...Не е лош Еванс ни останатите но овие двајца совршено се совпагаат...
Ван Перси- па не ми се верува дека човекот игра за нас...Совршенство,не можеше да се изнарадува на титулата и нормнално...Со години не освоил ништо...Oh Robin Van Persie. <3
Kaгава- па имаше добри настапи исто како и Клевз и остала багра...
Е сега главниот проблем во тимот моментално.
Руни втор пат побара да замине во друг клуб.Неблагодарник...На друго место нема да го има она што го има во Јунајтед. Но нека замине ако толку сака...На Јунајтед не му се потребни играчи кои не сакаат да играат...Клубот опстанал и по Кантона Кин Бекам Роналдо ке опстане и без Руни.
А сега...
Горда сум што бев фан на Јунајтед во време на Фергусон...26 години,38 трофеи...тоа е нешто неверојатно...заминува како победник а дојде како никој и ништо... Олеснува тоа што ке биде директор на клубот и ке помага во водењето на клубот на Дејвид Мојс.
Знам дека ке успее и овој тренер треба само да му се даде шанса иако јас повеке бев за Мурињо
Па народе...Ни останува да чекаме кои ке се нови засилувања...Се спомнува за Џејмс Родригез...И јас сакам да дојде...исто и Роналдо да се врати...Имам слушнато дека фановите собирале пари за да го вратат
Ах...Bring him back,the master.