Затоа што луѓето кои се склони кон депресии и различни психички заболувања се тие кои не ја наоѓаат смислата на животот.Ми нема логика фала што ми го постираше.Зашто би бил човек болен?Што е тука болно?
Затоа што луѓето кои се склони кон депресии и различни психички заболувања се тие кои не ја наоѓаат смислата на животот.Ми нема логика фала што ми го постираше.Зашто би бил човек болен?Што е тука болно?
Само преведи си го,
Види па пиши.Ќе ме интересира твоето мислење.
http://zitate.net/augenblicke.html
In dem Augenblick, in dem ein Mensch den Sinn und den Wert des Lebens bezweifelt, ist er krank.
Sigmund Freud
Еве ти и вака.
Истото е пишано и на линкот.
Не мажот туку човекот и не доведува туку сомневаПреводот гласи вака:
Моментот во кој мажот ја доведува во прашање значењето и вредноста на животот, тој е болен.
Нека биде човекот наместо мажот...тоа не менува многу ...Не мажот туку човекот.
Sinn e во превод смисла.Нека биде човекот наместо мажот...тоа не менува многу ...
ама ова
"Кога еден човек ќе си го постави прашањето која е смислата на животот,треба да знаеме дека човекот е болен."
и ова
“Моментот во кој мажот ја доведува во прашање значењето и вредноста на животот, тој е болен.“
се две сосема различни реченици со различен контекст...
Ај вечер ќе дискутираме имам работа.Како и да е вредност и смисла во ваква реченица може да се протумачат како едно исто...
Битен е контекстот...
Ако јас се прашам која е смислата на животот сум болна???
А ако ја доведам во прашање вредноста значењето, смислата на животот (а тоа подразбира одредени постапки или избори во животот) е тогаш може и да сум болна и нешто да ми фали...
Ја гледаш разликата?
Ај од почетокПреводот гласи вака:
Моментот во кој мажот ја доведува во прашање значењето и вредноста на животот, тој е болен.
Јас дури сега најдов време да ти одговорамАј од почеток
"Во моментот кога човекот ќе почне да се сомнева во смислата и вредноста на животот е болен".
Кога се прашуваме во што е смислата на животот?
Кога се прашуваме која е вредноста на животот?
Најчесто луѓето си ги поставуваат овие прашања кога се заглавени во некоја криза.
И тоа најчесто психичка.
Моменти на депресии не тераат на вакво размислување(немора да значи дека се тоа тешки депресии,сепак има разлика од минлива депри фаза и озбилна тешка депресија)
Сето тоа не мора да значи ако прашањето е поставено само онака површински.
Но,ако седнеш подлабоко да размислуваш на тоа прашање и таа тема и почнеш да се сомневаш во смислата на животот,
би рекла е сигнал за промени.
А кога се случуваат промени во животот?
Кога ќе сфатиш дека одредена ситуација ти ја убива психата.
И бараш смисла на сето тоа.
Или остануваш заглавен во таа одредена ситуација не наоѓајќи смисла на животот.
Абе не ти е точен преводот.Јас дури сега најдов време да ти одговорам
Ова што го пиша си е твое тумачење на Фројд...
Ама муабетот беше во разликата на преводот на истото...
Еве да ти појаснам...
"Кога еден човек ќе си го постави прашањето која е смислата на животот,треба да знаеме дека човекот е болен."
и ова
“Моментот во кој мажот ја доведува во прашање значењето и вредноста на животот, тој е болен.“
Контекстот е различен. Ама како е да е...
А околу твоево мислење...Малку ми е контрадикторно...
Ако се работи за депресивен период и одредена ситуација...тогаш не си болен нели? туку само поминуваш низ таков период, фаза...