Што ако вашите родители не ја одобруваат вашата врска?

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
ТИ излегуваш надвор со твојот партнер, не твоите родители.
ТИ одбираш што е добро за тебе.
ТИ ќе бидеш среќен/а или ќе патиш од добриот/лошиот избор.
ТИ имаш свој живот, во кој родителите служат само за да ти помогнат, советуваат, а не да бидеш нивна кукла.
Не знам баш колку 15 годишно девојче може вистински да расудува што е правилно, а што не.
Со оглед на тоа дека денешните 15 годишни девојки имањето дечко, налакираните нокти и мрежести хулакопки го сфаќаат како нормален ден од модерното социјализирање. Нема да навлегувам сега во тоа, пошто си повлекува други прашања...

Има родители кои своите фрустрации и неизживеан живот го живеат преку младоста на нивните деца. Тоа е жално.
Секако дека нивната крајна цел не е да му наштетат на сопственото дете, туку едноставно не се подготвени да го пуштат да живее без да ги држи за фустан и панталони.
Трагичното во тие ситуации е што таквите деца најчесто завршуваат како повлечени, несигурни со заборавено низ просторот и времето свое јас, и во секоја девојка ја бараат својата мајка.

Се разбира дека сакам да разговарам отворено со моите родители, да ислушам нивно мислење, нивна страна на гледање на работите ама сепак крајното решение се темели исклучиво на мојот став и сфаќање.
Искрено не сум се нашла во ситуација да ми трубат за некое момче, јкас само секогаш ги памтам зборовите на мајка ми:
„ Не си мала па да ти ги облекувам фустанчињата кои мене ми се допаѓаат. Прави избор и учи, кој и да биде твој сопатник јас ќе го прифатам, зашто тоа нема да смени ништо сепак. Онаа која ќе треба да живее, да спие, да функционира со него си ти, а ти си доволно паметна да одлучиш на кој ќе му ја подариш таа привилегија. “
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Мене никогаш не ми забранувале ни со која излегувам, или пак шо правам... никогаш ништо ми немаа тречено а нема ни да ми речат, па и да ми речат јас ке му одам контра и така....си знаат дека нема заебавање со мене...
 

iDeposito

Староседелец
29 февруари 2012
47
63
1,028
36
Скопје
Ништо, ќе си терам по мое, ако ја сакам таа што тие не ја сакаат не ми прави никаков проблем, проста логика дека тие нема да живеат со неа туку јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ^^^ivana^^^ and Blondie

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Не знам баш колку 15 годишно девојче може вистински да расудува што е правилно, а што не.
Со оглед на тоа дека денешните 15 годишни девојки имањето дечко, налакираните нокти и мрежести хулакопки го сфаќаат како нормален ден од модерното социјализирање. Нема да навлегувам сега во тоа, пошто си повлекува други прашања...
Јас целев на 18+ како и да е, а за некои тој + оди до 25 :)
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Треба да се обидат да се борат и да им се докаже на родителите дека нема тие да се со избраната личност
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Понекогаш е поубаво да ги послушаме нашите родители.
Од лично искуство ;)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Зависи кои се причините поради кои се противат.
Убаво е да се бориш да врската, за него, да им докажеш на родителите дека не биле во право и дека тој не е таков, но во определени ситуации тие навистина се во право со противењето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не знам како би реагирал, до сега не ми се случило да ми забранат да сум во врска со некоја. Претпоставувам веројатно ќе се испокараме дома сериозно затоа што некој се обидел да се замеша во моите лични работи.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
мојте родители можат да го изнесат своето мислење...а мое е јас што ќе одлучам...

многу пати се случило мојте да не ја одобруваат врската со некое момче...па затоа многу пати сум им рекла...дека јас сум таа што одлучува дали ќе бидам со него или не...на крај краишта и да го земам за маж јас ќе живеам со него а не они...
кога јас сама ќе видам зашто не е добро момче за мене...е тогаш може да се разделиме...а не само затоа што некој ме советувал така.