Совет за умореинтација на музика

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
а како тоа самите го развиваме?
и како го развиваме личниот вкус?
од што зависи чувството за естетика?
точно е дека секој се раѓа со одредена „доза“ на чувство за естетика, некој со повеќе, некој со памалку, не верувам дека некој се раѓа сосема без ич
но како и колку ќе се развие, дали зависи само од нас самите?
Вкусот и чувството за естетика се вродени.
Стилот е за мене бар,
тесно поврзан со личниот вкус.
Со текот на животот го развиваме личниот стил.
Околината може да придонесе за тоа,
но и не мора.
Ако јас на пр. имам друг вкус него оној кој ми го наметнува мајка ми и комшиите ќе си го развијам и стилот во тој правец( што и е така)
ако го одберев стилот кој ми го наметнуваа моите ќе бев сосем нешто друго од ова што сум сега.
Значи се работи за индивидуалност.
Било музика, начин на облекување итн.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
И јас мислев на стил на музика.
Стилот на облакање,размислување и однесување не е тесно поврзан со стилот на музика,туку со тоа како слушателот го прифаќа тој стил или жанр на музика. Имаш металци што идат на метал свирки со фул опрема,фенси чизма,тесна или маскирна панталона,кожњак со нитни или тексас елек со прешивачи,кои се разбацани пижљаци што се дојдени да покажуваат сила и агресија во шутки. И имаш металчуги што уствари ја ценат музиката малку повеќе. Стилот на облакање може i да им биде ист,а карактерите сосема спротивни.
Стилот на музика е личен вкус,точно.
Ќе и се допаѓа цел живот,паа... дискутабилно е тоа цел живот,јас на пример имам периоди кога ми се слуша стрикно рап,и слушање метал ми е замарање,имам периоди кога слушам drum & bass,и чил музика немам во плејлиста. Се случува понекогаш да здосади одреден жанр на музика исто така.
Знам на што мислиш кога зборуваш за обид на привлекување на внимание,но можеби нејзината идеја не е да смени стил туку само да внесе нешто ново што можеби ќе и фати уво во нејзиниот слушачки репертоар :)
Јас себеси се пронаоѓам во многу различни жанрови на музика,и не можам нити да се дефинирам нити да се декларирам како металец,рапер или било што :)
Се земаш себеси за пример.
Но, не заборавај ти си ти,
а таа е таа.
Ти и таа, стоите на две различни нивоа.
Нејзината идеа е да смени стил, затоа што не било кул.
Ај префрли се така заради другите на турбо фолк?
Ќе можеш?

Пс.
немам намера да ја обработувам нејзината психа понатака:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Аман бе луге човек нешто ке праша вие одма луда ме напраивте,па демек сите шо слушале турбо фолк биле идиоти,незнаеле што е добра музика,секој ден со тие конфронтации се среќавам,па сакав да знам што е добра музика а не сега вие мене тука психата да ми ја испитувате она ова.Човек учи додека е жив па така и јас.
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Аман бе луге човек нешто ке праша вие одма луда ме напраивте,па демек сите шо слушале турбо фолк биле идиоти,незнаеле што е добра музика,секој ден со тие конфронтации се среќавам,па сакав да знам што е добра музика а не сега вие мене тука психата да ми ја испитувате она ова.Човек учи додека е жив па така и јас.
Бев на една рок свирка и дечкото што седеше на маса со нас по 1 саат стана и си отиде оправданието е дека слушал турбо фолк и не му било по ќеиф.Јас да сум бил во обратна ситуација ќе сум можел да поседам зашто ако ништо друго сигурно ќе се провлекло Џеј,Харис Џинович или евентуално од постарите Тома Здравкович или Мирослав Илич.
На времето не можев да замислам да слушам Антена 5 и мислев дека се фолираат сите што слушаат.
Секое време си проаѓа и вкусовите се менуваат.
Не се форсирај дека мораш да смениш стил ама немој да тероризираш некој што е во твоја близина да ја слуша таа музика што ја слушаш ти ако не му е по ќеф.
Поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Аман бе луге човек нешто ке праша вие одма луда ме напраивте,па демек сите шо слушале турбо фолк биле идиоти,незнаеле што е добра музика,секој ден со тие конфронтации се среќавам,па сакав да знам што е добра музика а не сега вие мене тука психата да ми ја испитувате она ова.Човек учи додека е жив па така и јас.

Што те кошта незнам да пролисташ на јутуб па да видиш кој жанр ти одговара. Глупав изговор е дека си слушала српска музика. Доказ дека немаш поим од разликување музички жанрови. Под српска музика имаш Српски Рап, Српски Фолк, Српско техно-хаус-транс, Српска опера, Српски хеви метал, Српски треш метал ,Српски брутал дет блек џек метал и тако далје.
Ова сето спаѓа под српска музика. Еве за да не бидиш НЕКУЛ како твоите другарки почни да го слушаш Перо Деформеро. Moжеш и на групни веселби, верибди крштевки и други прослави да си го потпевнуваш.Певлив е рефренот а текстот срцепарателен.

Далје, за да бидеш кул, имаш опција да си ставиш музичка регистарска табличка на тебе: Техно цурица.

tumblr_m1m2usuYLR1qjmjtoo1_500.jpg

Технаџиите и не се баш кул освен ако не ги препознаеш.А ако ги препознаеш тогаш си кул. Редовно ќе идеш на вејв фестивали или доволно е во името да има вејв. Soundwave, Summer wave, wavefront...
Облеката минимум да ги има виножито боите, а редовно ќе читаш кама сутри, шаманизми,таротизми со цел да си во тек со песната за ново астрално искуство. Исто, будењето на сред шума би ти дошло како секојдневен ритуал.

Далје, можеш да станиш према предлозите на претходните членови и металка.

Black_Metal_Girl_II_by_systemic.jpg

Облеката, црно па се не види. Погребно претпријатие да не може да те надмини со црнило.Пирсингот, една бубуљица(пубертетска) - еден пирс.
Ништо сложено,само почни да го мразиш целиот свет пред тебе а после и самата себе. Мрази турбо фолк, мрази штикли,мрази техно мрази религија,мрази пари, паркови место дискотеки, пиво место вода, а и како што викаат, хигиената е половина здравје а нехигиената половина металец, сигурен сум дека ќе го пронајдиш својот пат до хеви метал водите.
Додека се тушираш,вежбај ја твојата омилена песничка со твојот омилен рефрен - Гррр гррр хрррр гхррр гхррр гхрр... колку да можеш на гаражните свирки да си потпевнуваш и нежно да го мрдаш вратот. Па ако дај госпо може ќе фатиш и момак металец и ќе си ги мерите косите.
Запамти - што поцрно тоа поубаво.

И како предлог жанр, ја ти предлагам едно новоамеричко движење Рап женцка.

depositphotos_5161281-Tough-hip-hop-girl.jpg

Е овде идиш контра модата, наместо тесни фармерки, зимаш една вреќа и шиеш лева ногавица, друга вреќа - десна ногавица.
Со тоа ги заврши панталоните во рап верзија. Вежбањето секојдневно рими треба да ти биди прав зикр, со цел на рап-битките да си прва.Додека одиш по улица бараш рими во умот - Улица-питулица, кола - мајкати е гола. После секое добарден, пцуј карај мрази се, полиција гнаса, системот не е*е, нема веќе рап, андерграунд мадафака.

И за крај, останува, “враќање на корените“.
Тоа значи да ги чекаш во колосеум најновите пропеани певаљки, со лесни рефрени уште полесни мелодии.
За ова и не е баш тешко, се што треба е допичњак, лопата, и вреќа фасада,со цел да си нај-напудрена цура на цел настап.Мешањето со колковите е како доброутро, а 12-ка па далје штикла добарден. Да не заборавиш на секоја растајемо се ми - пуштање солза, и слични срцепарачки рефрени низ глава да ти се вртат со цел полесно склопување и љубовни пораки за на радио смс шеталиште.
Oблеката е повеќе од едноставна:

tumblr_m5ge53kqC31r63hg3o1_500.jpg
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Аман бе луге човек нешто ке праша вие одма луда ме напраивте,па демек сите шо слушале турбо фолк биле идиоти,незнаеле што е добра музика,секој ден со тие конфронтации се среќавам,па сакав да знам што е добра музика а не сега вие мене тука психата да ми ја испитувате она ова.Човек учи додека е жив па така и јас.

Не мора да е де турбофолк. Ретардирани текстови има турбофолкот, не коментирам за ,,музиката,,.

Гуглав малце за оваа твојава, текст вика:
Svaki dan po kaficima
pijem kafu sa mladicima
po buticima vucem se
po sto puta presvucem se

Немам коментар едноставно. Понатаму, вика​

Krimi rad, ti si covek mojih snova
krimi rad, i ova lova je iz snova
krimi rad, i oba Bentlija su nova
(u njima) ti i ja, ti i ja
Е сега, овие први искочија на Гугл. Ако е ова најдоброто (најбараното) од неа, можам да замислам што е најлошото.​
Не е дека јас не знам турбофолк песни, иако јас не ги слушам, пријатели мои слушаат, ама ова бре се е, песна не е.​
Девојката на мој близок пријател, тоа што го слуша, е се освен музика. Е сега, често одам кај нив на кафе, и слушам ,,песни,, со исклучително ,,мудри,, текстови ,,И а и б и в се љубов,, ,,Цуци цуци ги сакам тие звуци,, ,,Желео си сина добио си черку,, ,,итра ко лисица брза ко ножица,, итн.​
Жал ми е многу, ама ова не можам да го прифатам како музика. Ни како нормално ова да те расположува и да те прави да се чувствуваш добро.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

МОМЕНТ ! Како прво Јелена Карлеуша пее нешто во стилот на електро поп музика а не турбо фолк,тоа турбо фолк е голема навреда за неа. Исто како да кажеш дека Северина пее турбо фолк... А другата музика што ја спомна ја слушам и јас кога навистина ми е дојдено до неа.