Electra darling ќе ти кажам едно нешто, цел текст ти е само една обична голема ЛОША перспектива на цела дешавамка, Еве јас бев пред 2 години во Америка и сега ќе ти кажам што се исподеси и ќе сфатиш дека текстов ти важи само за минимални 3 посто од сите шо идат...
Прва работа што ја згреши на самиот почеток е дека се плаќа толку многу, јас платив 1700 евра за се, сосе летот и носев плус само 300 долари! Друго си се изнашетав и те како, али на крајот од летото, не кога одев, пошо сакав одма да почнам да работам и знаев дека местото ми е мераци, со плажичка, со boardwalk и секакви забавни и аква паркови. Трето јас имав мои пари да си го платам летот, а мајка ми ми даде уште 70.000 и не и ги вратив, ама не ми прави проблем пошто можда никогаш веќе во живот нема да одам да ја видам таа фамозна држава и културата... Јас летав од Софија, шо значи моите ме испратија само за до агенција, од таму со комбе бевме до Софија, шо ни овозможи да се здружиме со другите луѓе во комбето и цел пат, со 3 авиони и две комбиња и цели наредни 3 ипол месеци да ги поминеме со нив... Ме испраќаа само мајка ми, татко ми, и две најдобри другарки, шо ич не беше срцепарателно како што ти опиша погоре. Турбуленции немаше ама баш у ниеден од 3 лета, пошто се големи авионите и многу е мала можноста за тоа, а во најдолгиот лет си имаш ТВ видео пред тебе со најразлични игри, песни, филмови, цртани... и воопшто не мислиш на турболенции, јас си гледав Ајс Ејџ и не сакав да се симнам од авионот дур не заврши и на крај мајсторот ми ги исклучи телевизорчето
Други имаш најубави јадења у авионот, во главниот лет, со доручек и благо и вечера и благо, и кафе, сок, вода, пиво, кога сакаш и колку сакаш, и во секој лет имаш ужинка и кафе плус. Е сегааа, кога стигнавме малку ни беше фрка сместувањето, мада си имавме од тука ние, али стигнавме у 4 сабајле и сигурно нема да го бараме чоект у 4 сабајле, се сместивме кај човекот шо не донесе, тоа беше руска служба нешо организација за студенти, во градот кај шо бевме, со нив си дојдовме од Вашингтон уствари. али нема везе, наредниот ден одма се сместивме, бевме на преживување 2-3 дена, на корнфлекс, мусли и некои грицки од по дома али цело време си јадевме. Јас почнав одма да работам и ми беше топ, до 1 саат на работа после уживанција на плажа до 6
Собата беше топ, широка и спиевме 4ца у неа, јас си се снајдов и го прелажав некако газдата дека сакам да се преселам и наместо 1400 му платив само 400 долари а уште си седев у собата, другите не ме издаваа, нормално
Куферот ми беше полн само со 4 пара панталони вклучувајќи фармерки едни, тренерки и два пара шорцеви и едни стари пижами, стари пешкири и стара постелина која на крај се фрла како и да е
Козметика, некоја маичка, фустан-два и апостолки
Најубаво лето во живот ми беше Америка и можам комотно роман да напишам за тоа колку најјако сум си поминала, колку дешавки имало со нови познанства и на работа и по журки... Многу брзо се вклопуваш и треба да си снаодлив, пошо ко шо гледаш ја за ништо скоро не давав пари. Искуство, нов поглед на светот е тоа, кај и да одиш, не само во Америка, ама ако имаш шанса зашто да не ја искористиш
На нет се ставав само кога можам (пошто набрзо си најдов и нова работа) и си зборев со мајка ми или со вујна ми... Си имав многу пари, имав еден оброк од првата работа и си крадев мафини и секаков вид на овошје а највеќе ананас од првата работа така да за храна минимално пари трошев, си идев секоја втора недела на шопинг, миљон ствари си изнакупив, се вратив со два фул куфера и плус напунет да кца ранец на мене како рачен багаж
Имавме само една фрка, имавме ураган али како што се американците организирани никој у светов не е, организирана евакуација на сите студенти, дека само студенти бевме у градот, у друг град, подалеку од вода, со јадење, 3 пати на ден, туш, шетање у градот, кревети за сите, се што сакаш, алал да им е Како што кажав, шетав на крај, во Њу Јорк, Балтимор и Вашингтон, 20 дена со дечко ми кој бај д веј е црнец да, и си го фатив таму и ми беше најубаво на свет
потрошив 2500 долари ама дека плаќав и за мене и за него се и хотели, мотели, возови, такси, метроа, јадење,пиење, се се се... ама па ич не ми е криво пошто сакав на крај он со мене да си биде, последните денови со него сакав да ги поминам...
И ете го денот кога си отидов дома, ми кидна авионот за 5 минутки, бе алоооо! Одма ги обавестив моите дека ќе треба да чекам 20 саата ама да не се секираат ќе ги барам од Софија, и тоа дечко ми ја обавести вујна ми, од шо бевме толку поврзани... Си отидов со другиот авион, после со друг до Софија, таму сама до меќугратска автобуска, со бусче до Скопје и после со ЈСП, никој нејќев да знае дека баш тогаш си доаѓам, и им направив бум дома, изненадување да те стегне срце
Со миљон алишта за мене, брат ми и малата ми братучетка, со 15 вида на купки, млека за тела и спрејови од викторијас сикрет и 10 пара патики и кондурки... Прекраснотии...
И ден денес си носам се што си купив и не ми е жал за парите и пак би идела, а сликите се само спомен и потсетување како сум си поминала на одредени места