Кај сте бе, децо?
Силно.Светнал.Ден....Не.
A, да. Вечер Северина иде јужно да приреди невиџени спектакл.
И не знам за вас, ама јас кога бев мала, бајките беа воглавно за малтретирани девојки во скромни, ветви алишта, кои на крај си ја наоѓаа среќата во животот, а сега, во модерното општество, се со милфици што се тртат на сцена во садо-мазо костими. После децата биле лоши што се напредни. Е, ајде бе, да не ги однесат да гледаат Поточиња, наместо да штедат за Севе и двете лименки пиво врз кои ќе се балават цела вечер, изигравајќи мортуси.
Нејсе, ги сакам овие собири на ванаби интелектуалки и по некој залутан пастув на кои душичката им плаче по мишкодизачки севдалинки, ама поради некоја Х причина ја избираат оваа поприфатлива варијанта у случај „да не каже нешто лошо народот“, мех.
Највозбудлив момент: Чекаш саат време да ја пуштат единствената песна што ја знаеш, притоа филмски лижејќи ја лименката. *drum roll* Се слушаат првите ноти од горенаведената „наша“ песна, лигите нагло потекуваат врз пивото, се крева рака (или кој што стигне) во таа гужва, и почнува маестралното испуштање животински крици, како и неизбежното вртење по другар(к)и и дечковци, пропратено со испрекинати, нелогични поздрави и белобубрежни изјави на љубов.
Вечерта сите одат среќни дома по „најубавиот провод“ и утре веќе чекам слики. За доказ.
Туку, ојдох ја у бољи живот дури не ме нашол некој Бред Пит.
Адиос.