Во што суптилно сум се пронашла јас? Од целиот твој мрчаторски коментар (демек ти знаеш што членовите прават во реален живот) искоментирав само за делот каде што издвојуваш неколку членови. И не ти кажувам кого ти да почитуваш (слободно кого сакаш почитувај си), а уште помалку па се грижам за бројката. Само реков дека 5/6 члена (иако тие што ги спомна се навистина помеѓу најквалитетните) не го прават форумот. Искрено, јас не сум сигурна дали и 5 мислења имам прочитано од тебе, но тоа не ни најмалку важно, не ме интересира. Не барам ни од тебе ти мене да ми ги читаш моите мислења, не па ли да бараш квалитет од мене.
(кога почнувам нов пасус, значи повеќе не се важи за цитираното, туку општо си продолжувам со коментирање)
Општо кажав за мрчењето зошто постојано е едното исто. Ништо ново. Досадно. Веќе кога секој може да си земе за право да каже што му смета, си земав и јас. Како што кажав во предходниот коментар, мене ми смета кога некој постојано дрви, соли памет и се прави дека е над некого. Постојано ист муабет дека форумот е неквалитетен, а сепак продолжуваат да го посетуваат (и истото да го коментираат). Тие што се редовни знаат (ваљда) дека јас лично, ретко се противам против мрчарење и ретко реплицирам. Ретко (ако не и никогаш) сум направила конфликт или нешто неправедно кон некаков член. Затоа, од неутрала гледана точка морав да го кажам мислењето дека едноставно време е да се престане со драмите.
.