Смешно е и глупо ти да ми кажуваш кои личности ќе ги почитувам јас и ќе се грижиш за нивната бројка.Обично не се замарам и не реплицирам на мрчаторски коментари, но морам да кажам нешто. Смешно е и неферски е да наброиш само 5/6 члена како само тие единствени да се квалитетни и како никои други членови да не допринесуваат за форумот. Едни заминале, едни дошле, па што. Не можеш да очекуваш сите да останат засекогаш. Кој зошто заминал, тоа е негово право.
Многу се прават паметни и солат како да се задржи квалитетот на еден форум, а тие (најчесто) не се ни трудат да допринесат за истиот. Еве мене како член тоа ме тера да го изгасам форумот, кога ќе видам такви исти досадни коментари. Тоа па тоа. Мене тоа ми смета и ми го намалува квалитетот на форумот, од мој аспект, мое око. Па никому ништо, не се откажувам од форумот, барем засега не. Колку сакаат нека продолжат со такви коментари, колку и да ми сметаат и да ме нервираат, тие нема да бидат причината поради која ќе заминам од форумот.
А, знаеш што е најсмешно?
Што суптилно се пронајде во сето тоа, се испровоцира да реплицираш и контрадикторно да соопштиш како не ти е гајле и како не те засега ништо.
Како и да е, јас лично едвај 5 мислења сум прочитала од тебе за да судам каква си и што си, ама ако завземаш став дека незадоволството од величењето на булшет тензии, е само мрчење, ондак не ни сакам да се трудам да размислувам и да барам квалитети во тебе.