Ево га! Стиг`о топол бран од (полу)матурски и апсолвентски слики по интернетов. Јеј, едвај чекам да го видам тој збир од искречени лепојки со погачи, залутани ежиња, легендарната ретка шишка на осмина чело и лошиот фотошоп. Мх!
„Леле, најубата матуранка/апсолвентка. Браво! Честито! МЊАМТС!“ х 5967812, чиниш Нобелова паднала или лек за рак откриле.
Да,
матуранка, нели, ко за крај да си ја оправдаме петката по македонски за сите 4 години.
Па ММЕ, ами ако со оваа доказ-слика дека сум станала академски граџанин, не ќарам момак, ќе си ја пуштам Џурџевдан и ќе потонам во шљивовица.
Јас не знам порано како живееле без да споделат со светот нешто толку значајно, мора да било ужасно.
Кога ќе дипломирам (за Х години), ќе си отворам посебен профил за дипломата, оценките во индексот + клише сликата „Јас апсолвент <3“ (да се знае, за секој случај) и ќе ги додавам сите што ги знам, а на профил ќе имам албум со сликата за табло пресликана од мобилен, оригиналната слика и кропната само главата.
Онака, не знам дали е полошо ова или дакфејсот. Безлично е, исто ко да гледам политичка кампања.
„Гласајте за најубата матуран(опционално т)ка од Бајловци“, „8мо б vs. 8мо д“, „Да се собереме 50 души и да честитаме дипломирање на Име Презиме“...ова чисто од љубомора оти нас не нè сликаа за полуматура и носев мокасинки со цветчиња што личеа на свенати ташаци. Морам да излечам комплекси некаде.
Кога веќе збориме за сликите, Венцо ми се фаворити, со три научени (д)ефекти од основни youtube туторијали. Од толку ретуширање, треба да воведат наградна игра „Пронајди ја линијата што ја одделува главата од вратот“, а притоа за награда да даваат нови очила, оти старите пукнале од напрегање.
Been there, џоа маслосана кокона сум, и ми стои украсот во трпезарија, чисто да ми се одјадува при поглед врз професионалноста.
Ние пребуквално го сфаќаме она „Сега со дипломата може да се сликаш“, па барем ако не добијам работа, ќе добијам лајкови...а тоа е речиси исто.