Постов ќе го поставам тука, затоа што не пости тема „Критики за форумџиите“
И ќе бидам оф топик до болка ама нема врска.
Стојам зад тоа дека 70 проценти од администрацијата е заникаде, и казнените поени ги дава од „немај каде“. На неколку наврати ги имам искритикувано поголемиот дел од администрацијата, бидејќи не си ја вршат работата како што треба. Исто стојам зад тоа дека има „љубимци“, ама јас не сум тоа иако некои се обидуваат да наметнат такво мислење. Доказ за тоа се моите ми се чини 5 казнени поени. Ако сум бил љубимец ќе сум имал 0.
Е сега да поминам на главното.
Зошто еднаш не престанеме да кукаме за администрацијата и квалитетот на форумот(бидејќи често е предмет на расправа) не го подобриме со квалитетни постови и квалитетни дискусии?
М? Нели квалитетот на форумот го правиме ние форумџиите.
Како може темата „Сакам да кажам/прашам“ тема без одредена и насочена дискусија да има 10000 страни со мислења, исто и „Чат муабети“ да биде преполна со постови, а другите отворени теми по 2-3 страни дискусија умираат.
Епа ќе умираат затоа што форумџиите повеќе сакаат да ги коментираат погрешно поставените точки и запирки во написите отколку написот во целост.
Така да за квалитетот на форумот, ама ич не се виновни овие од горе(читај администрацијата) туку ние самите затоа што не, не бидува за дискусија.