Џаинизмот како религија/философија според документирани извори, постои од некаде 3500 г. п.н.е. а според некои сознанија и многу повеќе, и ден денес има свои следбеници претежно на територијата на денешна Индија (некаде околу 5,6 милиони жители). Eдна од основните карактеристики е светоста на животот во било која форма. Ниедно животно не смее да се убива ни за храна, па ни штетниците.
Џаинизмот не поддржува верување во творец-божество. Според доктрината на џаинизмот, универзумот и неговите составни делови - душата, материјата, просторот, времето и принципите на движење отсекогаш постоеле. Сите состојки и активности се регулирани со универзални природните закони. Не е возможно да се создаде материја од ништо, а оттука и збирот на материјата во универзумот останува иста (слична на законот на конзервација на маса). Џаинистистичките записи тврдат дека вселената се состои од Jiva (сила на животот или души), и Ajiva (безживотни предмети). Слично на тоа, душата на секое живо суштество е уникатна и несоздадена и постои од секогаш.
Џаинистичката теоријата на причинско-последичните односи смета дека причината и последицата се секогаш идентични во природата, а со тоа свесен и нематеријален ентитет како бог не може да создаде материјален ентитет како универзумот. Понатаму, според џаинистичкиот концепт на божественото, секоја душа што ја уништува нејзината карма и желби, постигнува ослободување/Нирвана. А душата која ги уништува сите свои страсти и желби нема желба да се меша во работењето на универзумот. Морална награди и страдања не се работа на божественото битие, туку се резултат на вроден морален ред во космосот; само-регулирачки механизам со кој поединецот ги жнее плодовите на своите постапки преку работата на кармата.
Низ вековите, џаинистичките филозофи категорично го отфрлиле и се спротивставувале на концептот на творец и семоќен бог и тоа резултирало Џаинизмот да се етикетира како nastika darsana или атеистичка философија од страна на ривалски религиозни филозофии. Темата на не-креационизмот и отсуството на семоќниот бог и божествената благодет силно е присутна во сите филозофски димензии на Џаинизмот, вклучувајќи и космологија, карма, мокса и моралниот кодекс на однесување. Џаинизмот тврди дека религиозен и доблесен живот е можен и без идеја за Создател Бог.
Џаинистичките записи го отфрлаат бог како создател на универзумот. Џаинизам нуди објаснување на космологијата, вклучувајќи Небесни суштества / Devas. Овие небесни суштества не се гледаат како креатори, тие се предмет на страдање и промени, како и сите други живи суштества, и на крајот умират. Ако побожноста е дефинирана како состојба на ослободување на душата од кармата и постигнувањето на просветлување / Нирвана и Бог, како оној кој постои во таква состојба, тогаш оние кои имаат постигнато таква состојба може да се наречат богови / Tirthankara. Така, Mahavira (еден од реформаторите на џаинизмот од 6ти век п.н.е.) бил Бог / Tirthankara.
Според џаинистите, (Loka) универзумот е субјект кој отсекогаш постои во различни форми без почеток и крај. Џаинистичките записи го опишуваат обликот на универзумот како сличен на човек стои со раздвени нозе и рацете потпрени на појасот. Така, универзумот е тесен во врвот, се проширува во горната половина, ги стеснува кон средината, и повторно станува широк на дното.
Крај на Сезона 1 Епизода 1. Гледајте (читајте) не во втората епизода. Наскоро......