Џаинизам

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Џаинизмот како религија/философија според документирани извори, постои од некаде 3500 г. п.н.е. а според некои сознанија и многу повеќе, и ден денес има свои следбеници претежно на територијата на денешна Индија (некаде околу 5,6 милиони жители). Eдна од основните карактеристики е светоста на животот во било која форма. Ниедно животно не смее да се убива ни за храна, па ни штетниците.

Џаинизмот не поддржува верување во творец-божество. Според доктрината на џаинизмот, универзумот и неговите составни делови - душата, материјата, просторот, времето и принципите на движење отсекогаш постоеле. Сите состојки и активности се регулирани со универзални природните закони. Не е возможно да се создаде материја од ништо, а оттука и збирот на материјата во универзумот останува иста (слична на законот на конзервација на маса). Џаинистистичките записи тврдат дека вселената се состои од Jiva (сила на животот или души), и Ajiva (безживотни предмети). Слично на тоа, душата на секое живо суштество е уникатна и несоздадена и постои од секогаш.

Џаинистичката теоријата на причинско-последичните односи смета дека причината и последицата се секогаш идентични во природата, а со тоа свесен и нематеријален ентитет како бог не може да создаде материјален ентитет како универзумот. Понатаму, според џаинистичкиот концепт на божественото, секоја душа што ја уништува нејзината карма и желби, постигнува ослободување/Нирвана. А душата која ги уништува сите свои страсти и желби нема желба да се меша во работењето на универзумот. Морална награди и страдања не се работа на божественото битие, туку се резултат на вроден морален ред во космосот; само-регулирачки механизам со кој поединецот ги жнее плодовите на своите постапки преку работата на кармата.

Низ вековите, џаинистичките филозофи категорично го отфрлиле и се спротивставувале на концептот на творец и семоќен бог и тоа резултирало Џаинизмот да се етикетира како nastika darsana или атеистичка философија од страна на ривалски религиозни филозофии. Темата на не-креационизмот и отсуството на семоќниот бог и божествената благодет силно е присутна во сите филозофски димензии на Џаинизмот, вклучувајќи и космологија, карма, мокса и моралниот кодекс на однесување. Џаинизмот тврди дека религиозен и доблесен живот е можен и без идеја за Создател Бог.

Џаинистичките записи го отфрлаат бог како создател на универзумот. Џаинизам нуди објаснување на космологијата, вклучувајќи Небесни суштества / Devas. Овие небесни суштества не се гледаат како креатори, тие се предмет на страдање и промени, како и сите други живи суштества, и на крајот умират. Ако побожноста е дефинирана како состојба на ослободување на душата од кармата и постигнувањето на просветлување / Нирвана и Бог, како оној кој постои во таква состојба, тогаш оние кои имаат постигнато таква состојба може да се наречат богови / Tirthankara. Така, Mahavira (еден од реформаторите на џаинизмот од 6ти век п.н.е.) бил Бог / Tirthankara.

Според џаинистите, (Loka) универзумот е субјект кој отсекогаш постои во различни форми без почеток и крај. Џаинистичките записи го опишуваат обликот на универзумот како сличен на човек стои со раздвени нозе и рацете потпрени на појасот. Така, универзумот е тесен во врвот, се проширува во горната половина, ги стеснува кон средината, и повторно станува широк на дното.

Jain_universe.JPG

Крај на Сезона 1 Епизода 1. Гледајте (читајте) не во втората епизода. Наскоро...... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Интересно.
До некаде се совпаѓа со моето гледање за универзумот и воопшто душите како дел од универзалната енергија.
Морам да признаам дека првпат слушам за оваа религија.
Хмммм...
Ако е точно дека формата на универзумот
е во вид на човек,
тогаш би била и точна теоријата дека Бог е самиот универзум, и човекот е створен по налик на Бог уствари по налик на универзумот..
А незнам сега, од научна гледна точка, каква форма има уствари универзумот?

Овој дел не го разбирам:
Понатаму, според џаинистичкиот концепт на божественото, секоја душа што ја уништува нејзината карма и желби, постигнува ослободување/Нирвана. А душата која ги уништува сите свои страсти и желби нема желба да се меша во работењето на универзум..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Понатаму, според џаинистичкиот концепт на божественото, секоја душа што ја уништува нејзината карма и желби, постигнува ослободување/Нирвана. А душата која ги уништува сите свои страсти и желби нема желба да се меша во работењето на универзум..

Овој дел не го разбирам..
Широка тема. Од нив е превземен концептот во Хиндуизмот и покасно и во други релиигтии од далечниот исток. Се работи за прекин на циклусот на реинкарнација. Кој ќе успее да дојде до тој стадиум постигнува Просветление/Нирвана или Највисок стадиум на свест. Но тоа во другите продолженија.
 
mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Јас го сметам ова за Глупост.Првпат слушам за ова а може ова е постаро и од Јудизмот.Сакаш да кажеш дека ти веруваш во ова.
Но како и да е секој има право на свое мислење и верување.
 
Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Јас го сметам ова за Глупост.Првпат слушам за ова а може ова е постаро и од Јудизмот.Сакаш да кажеш дека ти веруваш во ова.
Но како и да е секој има право на свое мислење и верување.

Далеку постаро е од Јудаизмот, тоа што ти не си чул (веројатно поради тоа што за тебе постојат само христијансво и ислам) не значи дека не мораш да прочиташ нешто, запознај се и со други религии. Има и поинакви сфаќања на религијата.
Тоа дали е глупост или не, не знам, веројатно и на околу 3,5 милјарди луѓе на планетаве им изгледа глупо монотоеизмот. Но тоа е тоа.
А каде тоа јас сум пишал дека сум џаинист или дека верувам во тоа. Можеби со некој дел и се сложувам како концепт, на пример за бесконечноста, но далеку од некакво верување.

Научете се бре христијани да го почитувате и другото мислење, другото верување освен вашето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Широка тема. Од нив е превземен концептот во Хиндуизмот и покасно и во други релиигтии од далечниот исток. Се работи за прекин на циклусот на реинкарнација. Кој ќе успее да дојде до тој стадиум постигнува Просветление/Нирвана или Највисок стадиум на свест. Но тоа во другите продолженија.

А од каде знаеш ти дека некој не знае за другите религии не се сите луѓе неписмени не барем на денешно време кога има интернет пристап.Останатите религии освен тие две што ги наброја немаат некакво соодветно објаснување ниту мотив за да веруваат одредени луѓе.и а тоа ја држат 90% од популацијата во светот.Нормално тука се сектите и оние муџахедините и некој верувања што ги заведуваат простите и неписмените луѓе што кутрите веќе не знаат ни во кој што верува кој се појавуваат во се поголем број.Но не треба да осудуваме основниот морален и образпвен културен човек има почит кон сите.Малку излеговме од темата па ако не е соодветен одговоров избришете го.
 
Извини пријател, немав намера да те навредам, реков “веројатно“, а самиот ти рече дека не ти е познато.
Кои 90%? Христијанство и Ислам се некаде околу 3,5 милијарди на планетава и тоа постара статистика. а тоа е некаде 50%. Друго па прашање колку тоа се навистина припадници на тие 2 или се по традиција, друго веќе прашање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Темава е супер,
не ја гледам како навредување на било која друга религија, нити пак како терање на некој да верува во тоа.
Повеќе ми сличи на информативна тема.
И добра дискусија за различни гледни точки на религиите како такви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot and melpomena

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Толку глупости на едно место до сега не сум прочитал.
Наликува на стариот завед само далеку поглупав од кабалата.
Ниедно животно не смее да се убива ни за храна, па ни штетниците.
А пак ова е врв.
 
Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Толку глупости на едно место до сега не сум прочитал.
Наликува на стариот завед само далеку поглупав од кабалата.

А пак ова е врв.
Кои се глупостите? Дека не постои креатор? Дека не постојат казни и награди од некое си натриродно битие?
Не знам на кој завеД ти личи. Каде во него има за постојаност на материјата и универзумот?
Не знам ни што гледаш лошо во вегетаријанството и неубивањето животни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena