Харлем Шејк и Флешмоб бар според мене се 2 различна поима, харлем шејк е глупирањето од првото мислење. Додека флешмоб група на луѓе се организираат во точно определено место и време прават некоја активност, флешмобот не е глупирање како харлем шејк. Флешмобовите најчесто вклучуваат танцување на познати песни, да има и на харлем шејк и гагнам стајл, но баш читав дека има и други како на пр. во Англија во некоја библиотека влегле голема група луѓе и прашувале за една иста книга, и всушност направиле збрка и сите се прашувале зошто. Имаше и други примери ако ги најдам може и тема да отворам.
Ипак имаат мала сличност, флешмобот го оправдувам и би учествувала, но не и на танцување на Харлем шејк ако биде во форма на флешмоб.
Но кога размислам поубаво всушност ХАрлемшејк е флешмоб кој не го оправдувам.
Врти, сучи тоа е.