Учи сине, да не работиш

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,635
113
Македонија
мајка ми од мала ми викаше ,учи сине да не метеш улици .....:rofl богами како дошла работава,нема работа ни во КХС(Комунална Хигиена) :bomb ...
земи партиска книшка може ке те стаат тие камиончињата за мастики чистење да ги возиш :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
земи партиска книшка може ке те стаат тие камиончињата за мастики чистење да ги возиш :rofl
не таа работа ти ја препуштам тебе ,пошто ти си со завршен факс ,јас имам уште малце време до работење.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Секој со својата среќа, некој нема факултет води фирма за градежни изведби и прави многу многу пари.Некој има факултет и дома гледа Езел, Величенствениот и слични такви.
Најбитно од се’ е да бидеш снаодлив под секакви околности и да вложиш многу труд.Ако запнеш да завршиш факултет за брзо време стварно запни, откажи се од некои работи и ќе успееш.
Сакаш да најдеш работа? Епа нема директорот на Пивара/Железара да ти пушти телеграма ајде дечко дојди да работиш кај нас многу си ни симпатичен те видовме на фб плус 2 факултета имаш.Не бе батка, од врата на врата чукаш и некаде ќе ти се насмевне среќата.
Почни како гипсар, продолжи ко келнер, утре може да ти се отвори работа на брод, ќе се напуниш кеш врати се во мкд напрај кафана и живеј ко цар.
 

СаШеНкО

Нов член
26 февруари 2012
27
22
3
32
Скопје
Единствената предност која ја имааат тие со диплома од тие без диплома е тоа што имаат некои познавања од таа област која ја студирале повеќе од другиве.Но, тоа не е гаранција дека подобро ке работиш од тој што нема диплома зошто праксата е многу поразлична.Дипломата не е гаранција за работа, тоа треба да се свати прво.Треба да научиш да го работиш тоа што си го учел.И да го испотиш газот убаво и полека да напредуваш и да дојдеш до таа позиција за која ти биле предавањата на факултет.Ако си учел економски и си правел пресметки на ниво на фирма, немој да мислиш дека кога ке завршиш директор ке станеш.Ке те пикнат у некој сектор таму јогурти да броиш колку се произвеле па полека полека ке одиш нагоре.Кај нас едноставно луѓето немаат трпение да го дочекаат тоа.Сите сакаат бмв, стан, јака гардероба и фраери да се прават уште на 20 години а уште мајчиното млеко не си го избришале од устата.Се навредува ако не го стави на некоја јака позиција и најчестиот коментар е "ја за ова ли учев факултет".Едноставно, преголемо значење и даваме на дипломата.Треба да сватат луѓето дека тоа е само еден дел од она што ни треба за работа и наместо да се жалат од државата да земат да поработат малце на себе...
 

VULKAN-PEPEL

Истакнат Член
24 март 2012
160
126
343
ми викаа мама и тато да учам а јас бегав од часови бркав девојки сега за 1 саат сум на работа а немам спиено ич тешко мене:place
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Кај нас мислам дека е Учи сини за да бидеш директор- седиш во фотелија, не само тоа што го кажуват родителите, туку јас познавам и навистина такви кои учат факултет и од кога ќе го заврши веднаш сака да биде менаџер на хотел со 5 звезди...
Најмногу го Македонија ги има Економисти и Правници јас сварно не знам и да сакаш да ги вработиш сите, ама кажете каде?
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Кај нас не функционира едноставно целиот систем, режим на однесување, вработување. :)
Тоа е целиот муабет, не мора да значи дека тој со факултет, тој со подобар просек од тебе е навистина и во пракса подобар од тебе. (свака им част на тие што стварно ги бива).. ама сепак, се е до снаоѓање.
Има секакви примери низ светот за луѓе кои се биле до врвот на распаѓање, ама сепак се се снашле. Има луѓе што уште се на врвот на распаѓање и НИШТО не превземаат околу тоа.
Се е до твојот начин на функционирање, ти како ќе се поставиш спрема околината и колку можеш да издржеш. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and Trajche

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Кај нас не функционира едноставно целиот систем, режим на однесување, вработување. :)
Тоа е целиот муабет, не мора да значи дека тој со факултет, тој со подобар просек од тебе е навистина и во пракса подобар од тебе. (свака им част на тие што стварно ги бива).. ама сепак, се е до снаоѓање.
Има секакви примери низ светот за луѓе кои се биле до врвот на распаѓање, ама сепак се се снашле. Има луѓе што уште се на врвот на распаѓање и НИШТО не превземаат околу тоа.
Се е до твојот начин на функционирање, ти како ќе се поставиш спрема околината и колку можеш да издржеш. :)

Тоа е муабетот, уствари нема ни систем кој функционира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena