СДК да му се ненајде у мито, корупција, богати лиглиња шо појма немаат од животот, единствена грижа им е каде и како беспотребно да се расфрлаат со парите, и мама и тате им плаќаат за да го заземат местото на некој со двојно поголеми квалификации од нив. Значи, по некоја безвезална логика, морам да ја испразнам сметката во банка за да си осигурам минување во наредниот круг? Значи од толку многу апликации, приговори и слични срања, важно е колку пари си спремен да дадеш? Да им го испразниш џебот на родителите кои со години ринтаат ко волови за смешна сума од 300 евра месечно, за потоа да имаш шанса да просперираш? Најголема глупост која сум ја видела во животот, а верувајте, сум видела многу глупости во мојов живот.
Сакаат да го живеат The American Dream. Еј будали бре! Одиш таму да учиш, а не на екскурзија. Ама шо ти е гајле бе. Тате ќе ти купи диплома. Ти само изволте бирај шо сакаш - економски, машински, правен... Било кој факултет, а може и магистратура, докторат... Ова она... Ти уживај... лади се. А оној кој не платил, кој навистина заслужува да оди, одбиен е од навидум прост изговор за ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА, едноставно нема да оди.
И шо да направам сега? Да пратам приговор со чек од милион денари во него?
Е нема.
Единствено што заклучив е дека за да просперираш во државава, мораш (парично) да вложиш. Ни од смотанава дупка не можеш да излезеш во странство без да мораш да подмитиш некој.
Lost faith in humanity. Nowadays is all about money.
I don't want to live on this planet anymore.