ЕВЕ НЕШТО ОД МЕНЕ
1. Животот не е фер, ама сепак е добар.
2. Кога се двоумите, прво направете го следниот мал чекор.
3. Животот е прекраток за да не уживате во него.
4. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе се разболете. Семејството и пријателите ќе се грижат.
5. Не купувајте работи што не ви требаат.
6. Не треба да излезете како победник од секоја расправија. Само останете доследни на себеси.
7. Кога плачете, исплачете се во присуство на некој близок. Тоа ќе ви помогне побрзо да ги излечите раните, отколку кога плачете сами.
8. Во ред е да му се лутите на Бога. Тој може да го разбере тоа.
9. Штедете пари за она што ви е важно.
10. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден, јадете го.
11. Склучете примирје со минатото, за да не ви ја уништи сегашноста.
12. Во ред е ако им дозволите на вашите деца да ве видат како плачете.
13. Не споредувајте го вашиот живот со другите, бидејќи не го знаете нивниот животен пат.
14. Ако една врска мора да биде тајна, тогаш не треба да сте во неа. Или...???
15. Сè може да се промени со само едно трепкање на окото. Но, не грижете се, Бог никогаш не трепка.
16. Земете длабок здив. Тоа го смирува умот. И смирува.
17. Ослободете се од работите што не ви требаат и не се корисни. Нивната тежина ве влече надолу.
18. Она што нема да ве убие, навистина ќе ве направи посилни.
19. Никогаш не е предоцна да бидете среќни. Но, тоа зависи само од вас и од никој друг.
20. Кога тргнувате по она што навистина го сакате во животот, не прифаќајте „не“ за одговор.
21. Запалете ги свеќите, постелете убави чаршафи, облечете секси облека. Не чувајте ги за специјална пригода. Денеска е тој ден. Уживајте во него.
22. Добро подгответе се, па потоа опуштете се и полека „запловете“ по животот.
23. Бидете ексцентрични. Не чекајте да остарете за да облечете розово.
24. Најважниот сексуален орган е мозокот. Искористете го.
25. Никој не е одговорен за вашата среќа, освен самите вие.
26. После секоја животна катастрофа запрашајте се: „За пет години, ќе ми биде ли ова важно?“
27. Секогаш одберете живот.
28. Простувајте, но не заборавајте.
29. Она што другите го мислат за вас, не е ваша работа.
30. Времето лечи речиси сè. Затоа дајте му време на времето.
31. Колку и да е добра или лоша ситуацијата, таа ќе се промени.
32. Не доживувајте се себеси толку сериозно. Никој друг не ве доживува така.
33. Верувајте во чуда.
34. Бог ве сака заради тоа што Тој е таков, а не бидејќи нешто сте направиле или не сте направиле.
35. Не правете ревизија на животот. Искористете го најдобро што можете.
36. Стареењето ја победува алтернативата – да се умре млад.
37. Вашите деца имаат само едно детство. Дозволете им го.
38. На крајот, сè што е навистина важно е љубовта.
39. Излегувајте надвор секој ден. Чуда се случуваат насекаде.
40. Ако сите ги фрлиме проблемите на еден куп и ги погледнеме туѓите, веднаш ќе си ги зграбиме своите назад.
41. Зависта е губење време. Прифатете го она што веќе го имате, а не она што мислите дека ви треба.
42. Најдоброто допрва ќе дојде…Бидете сигурни во тоа.
43. Без разлика како се чувствувате, станете, облечете се и излезете да прошетате.
44.Следете го своето срце.
45. Никогаш не ја губете страста.
46. Животот не го добивате завиткан со панделка, но, сепак, тој е подарок.
47. Придонесувајте и за вас и за општеството.
48. Почитувајте ги своите родители.
49. Пријателите се многу важни, затоа чувајте ги дарувајќи им се.
50. Зграпчете го денот и уживајте во него со сите сетила.