Верувате ли во љубов според хороскопски знаци?

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас сум девица, он е лав.
Јас сум задовлна, он ќе беше одамна шутнат да не беше така.

Толку!
Зајци со врапци, муви со ајкули...и какви не комбинации оставам на Крајнички и оној брадоњата што попуваше едно време на Скај нет ко баба Ванѓа на Велигден. Нека разглобуваат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f and Luckky

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
знаеш што, ако не ти се поклопува вака со астролошкиот профил на лав, тогаш сигурно кај него повеќе влијае подзнакот , а подзнакот се одредува спрема датумот на раѓање.

лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, многу се фалбаџии и полни се со самодоверба,
има мн за пишување, а и за читање, така да ќе ти пастирам текст а ти уживај во анализата на лавот
во секој случај ние близнаците сме каде каде појаки заводници од лавовите, па немој да дозволиш еден лав да те надмудри :)

Близнаци и лав – љубовна комбинација

Љубовната врска помеѓу лав и близнаци е ведра, позитивна, активна и изобилува со младешка енергија. Близнакот е во вечна потрага по ментална стимулација, па поради тоа многу го привлекува креативната, драматична природа на лавот. Но, помеѓу овие двајца партнери може да настанат и проблеми. Тоа може да се случи, доколку лавот ја сфати премногу сериозно комуникативната, флертувачка природа на близнакот или доколку близнакот смета дека лавот се обидува да заземе целосна контрола врз нивната врска. И покрај тоа што нивните погледи кон животот се различни, во смисла близнакот сака да ги анализира сите детали од еден интелектуален разговор, а лавот попрво не би разговарал на темата и би се впуштил во кавга – овие два знака сепак добро си одговараат.
И лавот и близнакот се многу енергични знаци. Лавот обожава да биде координатор на проекти, додека близнакот сака да ја има слободата да размислува што е можно побрзо и подлабоко. Директниот и решителен лав, може да му помогне на близнакот побрзо да донесува одлуки, доколку тој почне да се колеба, поради неговата способност да ги гледа сите опции кои му стојат на патот. Но, лавот мора да внимава да не звучи премногу шефовски, бидејќи на таквото однесување, близнакот нема да реагира добро.
Лавот е предводен од Сонцето (его), а близнаците од планетата Меркур (комуникативност). Двата знака се доста отворени луѓе, желни за разговор, како резултат на нивните слични планетарни влијанија во нивниот хороскопски знак. Но, тие имаат различен начин на самоизразување, поради што може да имаат „жешки“ дебати. На близнакот ваквите дискусии може да му бидат забавни и ментално стимулирачки, но лавот има тенденција да ги сфаќа премногу сериозно, поради што неговите чувства може да бидат многу повредени.
Близнакот како воздушен знак и лавот како огнен знак, си одговараат многу добро. На близнакот му е многу лесно да излезе на крај со енергичноста и креативноста која ја има лавот. И покрај тоа што, лавот има тенденција да биде премногу драматичен и демонстративен и сака да „им соли памет“ на луѓето, близнакот секогаш успева да ја разбере пораката која што тој се обидува да ја испрати. Најслатката работа во нивната врска, е тоа што овие двајца партнери може да бидат во текот на цел ден, активни, зафатени со некоја работа, но навечер кога ќе се видат, со задоволство ќе си раскажат сè што им се случувало додека не биле заедно.
Лавот е тврдоглав и одлучен лидер, а понекогаш е и премногу крут, кога се обидува да промени некоја своја идеја или правец во животот. Кога лавот еднаш ќе се реши на некој чекор, тој некако умее да си ја визуелизира целата работа до крај. Близнаците, од друга страна, се екстремно флексибилни луѓе. Нив лесно им досадува, па поради тоа и му дозволуваат на лавот да управува со своите планови, онака како што тој смета дека треба, без разлика на тоа дали тие мислат дека таквиот план е изводлив или не. Близнакот сака единствено да си биде лидер на сопствените мисли. Нему му е сосема во ред да заземе подредена положба во врската и да си биде среќен со мислите кои „стрјуат“ низ неговата глава, додека неговиот лав е во центарот на вниманието.
Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу лав и близнаци, е младешкиот поглед кон животот кој го имаат овие два знака. Овој пар, може да биде многу успешен, како резултат на оптимизмот и отворената природа на овие двајца партнери.

Негативни особини на лавот

Ароганција
Лавот знае понекогаш да ги премине границите на нормалното однесување и може буквално да смета дека тој, заедно со неговото семејство и пријателите го сочинуваат центарот на универзумот. Како и да е, лавот има многу големо срце, поради што луѓето во неговиот круг имаат тенденција да му „прогледаат низ прсти“, кога арогантноста ќе му дојде до израз.


Орентитирани кон угледот

Лавовите сакаат да ги држат најдобрите нешта во свои раце. Сакаат да возат најубав автомобил, да живеат во најубава куќа, да се облекуваат во најмодерна облека, да ручаат во најелитните ресторани… Тие понекогаш премногу се внесуваат во светот на раскошот, што забораваат дека материјалните работи не се градители на нивната личност, туку она што го носат во душата. Ако забележите дека оваа потреба да се покажете и докажете пред светот со скапи работи ви се случува и вам, сопрете навреме и запомнете дека вашата искреност спрема себеси, е она што ќе ве направи уникатна личност, различна од сите останати во светот.

Темната страна на самобендисаноста.

Вашата потреба да бидете во центарот на вниманието, честопати доаѓа во пакет со една негативна страна. Понекогаш, кога ќе сфатите дека сите знаат дека вниманието е постојано свртено кон вас додека зборувате, вие почнувате да ги игнорирате проблемите на вашите пријатели и членовите на вашето семејство и го ставате фокусот на вашите лични драми. Кога тоа ќе се случи, обидете се да се повлечете малку. Една од вашите најголеми карактерни квалитети, е вашата дарежлива природа. Помешајте ја вашата дарежливост со обид да слушате малку повнимателно додека некој друг зборува и ќе оставите впечаток на многу мила и фина личност, достојна за почит.

Лавот во љубовта

Кога припадниците на овој хороскопски знак се заљубени, нивните најголеми квалитети доаѓаат до израз. Ако ве сака некој лав, вие ќе бидете облеани со скапи подароци, ќе ве однесе на „најжешките“ места за ноќно лудување, а кога е во романтично расположение, ќе ви заѕвони на врата со букет цвеќиња и шампањско. Ако вашата дефиниција за љубов, е базирана на некој романтичен филм, лавот може да ви помогне да си го остварите тој ваш љубовен сон.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите вашиот лав среќен:
Фалете го често. Кажете му/ù дека изгледа одлично или дека мириса фантастично и гледајте како задоволно ви се насмевнува.
Живејте го животот до максимум. Бидете расположени да експериментирате со нови места за состанок со вашиот лав и секогаш понесувајте си ги со вас неопходните работи и по можност пар пижами. Можеби ќе отидете на некоја „екскурзија“ во близина на вашиот град, или подалеку. Сè е можно со партнер во знакот лав.
Немојте да го повредувате егото на лавот. На припадниците на овој хороскопски знак многу лесно можете да им ги повредите чувствата. Тоа не значи дека не треба да му/ù потенцирате кога ќе ја преминат вашата линија на толеранција, но бидете внимателни како се изразувате, ако не сакате да провоцирате кавга.

:)
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
хороскопот е закон и само по него се водам коа е у прашање љубовта
хмммммммммммммм
ее баш ме интересира дали може мене крајот да ми го најдеш ?
најчесто кога ги спојувам ѕвездите и љубовта е заедно со девојка и тоа под ведро летно небо на некоја пољана.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
хмммммммммммммм
ее баш ме интересира дали може мене крајот да ми го најдеш ?

сеа испаѓа дека ја сум баба ванѓа и ќе погодувам кој шо е...
хороскопот т.е знакот се води со датумот на раѓање, а подзнакот има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето "внатрешно јас" кој не сакате другите да го видат.
Колку што видов на твојот профил ти си Водолија

Водолиите се најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот. Тие се внимателни, нежни, страсни и пријателски настроени. Повеќето припадници на овој знак се многу независни и имаат страшно оригинални идеи и замисли. Може да имаат проблем во љубовните врски, како резултат на некои нивни негативни карактеристики, како непредвидливост и тврдоглавост, но во суштина тие се истрајни во љубовта и може да се очекува да бидат посветени партнери.
Независни

Водолиите размислуваат за она што е најдобро за нив. Тие се секогаш желни и заинтересирани да научат нови работи. Не се двоумат за тоа кој пат треба да го изберат во животот и дали оваа или онаа љубовна врска е вистинскиот избор за нив, туку веруваат дека сите нешта треба да се случуваат по својот природен тек. И покрај тоа што припадниците на овој знак се многу добродушни и срдечни, може да станат многу вознемирени и лути ако некој им ја „загрози“ нивната независност и слобода.
Страсни личности

Водолиите се страсни личности во љубовта и во животот воопшто. Тие силно ги чувствуваат нивните емоции и сметаат дека искажувањето на истите на другите луѓе е сосема во ред. Некои луѓе може да ја доживуваат водолијата како премногу драматична особа, но во суштина таа има тенденција да биде многу логична и ретко би дозволила чувствата да ја надвладеат во доброто резонирање. Нејзините јаки емоции ја прават одличен пријател кој умее да слуша и да сочувствува со оние кои ѝ се драги. Таа исто така умее да дава и многу добри совети. Многу водолии се големи хуманитарци и активно бараат начин да им помагаат на оние луѓе на кои им е потребна поддршка.
Страста на водолијата може да постане и негативна карактеристика. Таа станува непријателски настроена ако нешто ја испровоцира на кавга и тврдоглаво ќе се придржува до својот став, дури и откако проблемот ќе биде решен. Ако во вашиот живот имате некоја водолија и сакате да ја избегнете оваа стапица, обидете се со неа да водите ведар и чисто информативен разговор и да се фокусирате повеќе на разменување мислења, отколку емоционално да бидете погодени од ваквите ситуации.
Емотивни

Емоционалните искуства и справувањето со нив е тешка задача за водолиите. Емотивната разединетост на водолијата е причина зошто таа однадвор може да делува студено и отсутно во љубовта. Ова не значи дека водолиите се нечувствителни личности, туку дека ним им е потребно подолго време пред да решат да му дозволат на некој да стане дел од нивниот живот. Кога еднаш ќе го тргнат нивниот штит, водолиите во очите на другите стануваат многу лојални, верни и енергични личности.
.
Водолиите во љубовта

Водолиите се најкреативните и најиновативните знаци во зодијакот. Тие не сакаат да се чувствуваат како да се затворени во кутија во секојдневниот живот, а истото важи и во полето на љубовта. Тие сакаат постојано да го изненадуваат нивниот партнер. Еден ден водолијата може да ви предложи да одите на прошетка во парк. Наредниот ден ќе ви понуди да одите на патување во Бразил. Нејзините иновативни идеи се составен дел од начинот на кој ги изразува нејзините емоции. Љубовната врска со водолија не може да биде монотона. Во принцип водолиите не се нешто многу романтичен знак, но тие умеат да најдат креативен начин да ги изразат нивните длабоки емоции на начин на кој ним им е најудобно. На некои може водолијата да им изгледа малку ексцентрично, но таа всушност е многу природна.
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
сеа испаѓа дека ја сум баба ванѓа и ќе погодувам кој шо е...
хороскопот т.е знакот се води со датумот на раѓање, а подзнакот има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето "внатрешно јас" кој не сакате другите да го видат.
Колку што видов на твојот профил ти си Водолија
Баба Ванѓа ин РЕД, Сум Водолија тоа и јавно го признав, но од другарки кои се занимавале со хороскоп ми викале дека сум риби или дека сум близнаци сума сумарум не можеле да ме погодат, по природа сум љубопитен затоа и сакав и да видам што ќе ми пишеш. А Чудо природе неам подзнак можеби затоа многу се бунат.
како и да е Фала однапред и многу среќа во љубовта можеби и некоја падната ѕвезда ќе те усреќи

марс во трето поле венера у двор ИН АНД ОУТ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Воопшто не верувам во тој љубовниот хороскоп -,-
Јас сум рак, а тој е лав..во љубовниот хороскоп вика дека е лоша комбинација а нас баш добро ни оди :) Пу, пу машала. :p