знаеш што, ако не ти се поклопува вака со астролошкиот профил на лав, тогаш сигурно кај него повеќе влијае подзнакот , а подзнакот се одредува спрема датумот на раѓање.
лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, многу се фалбаџии и полни се со самодоверба,
има мн за пишување, а и за читање, така да ќе ти пастирам текст а ти уживај во анализата на лавот
во секој случај ние близнаците сме каде каде појаки заводници од лавовите, па немој да дозволиш еден лав да те надмудри
Б
лизнаци и лав – љубовна комбинација
Љубовната врска помеѓу лав и близнаци е ведра, позитивна, активна и изобилува со младешка енергија. Близнакот е во вечна потрага по ментална стимулација, па поради тоа многу го привлекува креативната, драматична природа на лавот. Но, помеѓу овие двајца партнери може да настанат и проблеми. Тоа може да се случи, доколку лавот ја сфати премногу сериозно комуникативната, флертувачка природа на близнакот или доколку близнакот смета дека лавот се обидува да заземе целосна контрола врз нивната врска. И покрај тоа што нивните погледи кон животот се различни, во смисла близнакот сака да ги анализира сите детали од еден интелектуален разговор, а лавот попрво не би разговарал на темата и би се впуштил во кавга – овие два знака сепак добро си одговараат.
И лавот и близнакот се многу енергични знаци. Лавот обожава да биде координатор на проекти, додека близнакот сака да ја има слободата да размислува што е можно побрзо и подлабоко. Директниот и решителен лав, може да му помогне на близнакот побрзо да донесува одлуки, доколку тој почне да се колеба, поради неговата способност да ги гледа сите опции кои му стојат на патот. Но, лавот мора да внимава да не звучи премногу шефовски, бидејќи на таквото однесување, близнакот нема да реагира добро.
Лавот е предводен од Сонцето (его), а близнаците од планетата Меркур (комуникативност). Двата знака се доста отворени луѓе, желни за разговор, како резултат на нивните слични планетарни влијанија во нивниот хороскопски знак. Но, тие имаат различен начин на самоизразување, поради што може да имаат „жешки“ дебати. На близнакот ваквите дискусии може да му бидат забавни и ментално стимулирачки, но лавот има тенденција да ги сфаќа премногу сериозно, поради што неговите чувства може да бидат многу повредени.
Близнакот како воздушен знак и лавот како огнен знак, си одговараат многу добро. На близнакот му е многу лесно да излезе на крај со енергичноста и креативноста која ја има лавот. И покрај тоа што, лавот има тенденција да биде премногу драматичен и демонстративен и сака да „им соли памет“ на луѓето, близнакот секогаш успева да ја разбере пораката која што тој се обидува да ја испрати. Најслатката работа во нивната врска, е тоа што овие двајца партнери може да бидат во текот на цел ден, активни, зафатени со некоја работа, но навечер кога ќе се видат, со задоволство ќе си раскажат сè што им се случувало додека не биле заедно.
Лавот е тврдоглав и одлучен лидер, а понекогаш е и премногу крут, кога се обидува да промени некоја своја идеја или правец во животот. Кога лавот еднаш ќе се реши на некој чекор, тој некако умее да си ја визуелизира целата работа до крај. Близнаците, од друга страна, се екстремно флексибилни луѓе. Нив лесно им досадува, па поради тоа и му дозволуваат на лавот да управува со своите планови, онака како што тој смета дека треба, без разлика на тоа дали тие мислат дека таквиот план е изводлив или не. Близнакот сака единствено да си биде лидер на сопствените мисли. Нему му е сосема во ред да заземе подредена положба во врската и да си биде среќен со мислите кои „стрјуат“ низ неговата глава, додека неговиот лав е во центарот на вниманието.
Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу лав и близнаци, е младешкиот поглед кон животот кој го имаат овие два знака. Овој пар, може да биде многу успешен, како резултат на оптимизмот и отворената природа на овие двајца партнери.
Негативни особини на лавот
Ароганција
Лавот знае понекогаш да ги премине границите на нормалното однесување и може буквално да смета дека тој, заедно со неговото семејство и пријателите го сочинуваат центарот на универзумот. Како и да е, лавот има многу големо срце, поради што луѓето во неговиот круг имаат тенденција да му „прогледаат низ прсти“, кога арогантноста ќе му дојде до израз.
Орентитирани кон угледот
Лавовите сакаат да ги држат најдобрите нешта во свои раце. Сакаат да возат најубав автомобил, да живеат во најубава куќа, да се облекуваат во најмодерна облека, да ручаат во најелитните ресторани… Тие понекогаш премногу се внесуваат во светот на раскошот, што забораваат дека материјалните работи не се градители на нивната личност, туку она што го носат во душата. Ако забележите дека оваа потреба да се покажете и докажете пред светот со скапи работи ви се случува и вам, сопрете навреме и запомнете дека вашата искреност спрема себеси, е она што ќе ве направи уникатна личност, различна од сите останати во светот.
Темната страна на самобендисаноста.
Вашата потреба да бидете во центарот на вниманието, честопати доаѓа во пакет со една негативна страна. Понекогаш, кога ќе сфатите дека сите знаат дека вниманието е постојано свртено кон вас додека зборувате, вие почнувате да ги игнорирате проблемите на вашите пријатели и членовите на вашето семејство и го ставате фокусот на вашите лични драми. Кога тоа ќе се случи, обидете се да се повлечете малку. Една од вашите најголеми карактерни квалитети, е вашата дарежлива природа. Помешајте ја вашата дарежливост со обид да слушате малку повнимателно додека некој друг зборува и ќе оставите впечаток на многу мила и фина личност, достојна за почит.
Лавот во љубовта
Кога припадниците на овој хороскопски знак се заљубени, нивните најголеми квалитети доаѓаат до израз. Ако ве сака некој лав, вие ќе бидете облеани со скапи подароци, ќе ве однесе на „најжешките“ места за ноќно лудување, а кога е во романтично расположение, ќе ви заѕвони на врата со букет цвеќиња и шампањско. Ако вашата дефиниција за љубов, е базирана на некој романтичен филм, лавот може да ви помогне да си го остварите тој ваш љубовен сон.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите вашиот лав среќен:
Фалете го често. Кажете му/ù дека изгледа одлично или дека мириса фантастично и гледајте како задоволно ви се насмевнува.
Живејте го животот до максимум. Бидете расположени да експериментирате со нови места за состанок со вашиот лав и секогаш понесувајте си ги со вас неопходните работи и по можност пар пижами. Можеби ќе отидете на некоја „екскурзија“ во близина на вашиот град, или подалеку. Сè е можно со партнер во знакот лав.
Немојте да го повредувате егото на лавот. На припадниците на овој хороскопски знак многу лесно можете да им ги повредите чувствата. Тоа не значи дека не треба да му/ù потенцирате кога ќе ја преминат вашата линија на толеранција, но бидете внимателни како се изразувате, ако не сакате да провоцирате кавга.