Св. Валентин

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
По истиот повод и јас не знам што да му подарам на либето а сакам да е лично мое направено но немам никаква идеја и машки и женски се добродојдени за помош :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас сум малку скептик за овој празник. Си имаме ние православните св Софија како празник на вљубените.
Јас на тој ден како и секој друг во годината си подарувам роза и најљепше жеље чоколада(нејзина омилена).
Да не ми беше забрането винцето... може ќе се напиевме по некоја чашка - ама забрането ми е.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Јас сум малку скептик за овој празник. Си имаме ние православните св Софија како празник на вљубените.
Јас на тој ден како и секој друг во годината си подарувам роза и најљепше жеље чоколада(нејзина омилена).
Да не ми беше забрането винцето... може ќе се напиевме по некоја чашка - ама забрането ми е.
Па никој не може да мене дами забрани што да славам, не може никој да ми наметнува религија, ако сакам можам и католик да бидам. Мислам дека нема одредени правила за религијата, секој има право на избор.
Немој само погрешно да ме сфатиш. Го чочитувам и твоето мислење и денот на славење, но ее влијание би рекла кај нас дека малку имат и филмовите па и околните земји. И кој сака нека слави кој не мора. Ете јас одлучив ќе славам, т.е. ќе обелажам бидејќи јас така си сакам. :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Sarah ма јас и давам идеи за оние што го слават, не го оспорувам славењето, тоа си е твое лично право, можеш и Бајрам да славиш ако ти е мерак, само лично за себе кажував дека не го практикувам славењето на овој празник.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
еве ви некои идеи што сама ги имам правено..
направив чоко мафини во облик на срце, ги прелив со чоколадо цели и потоа ги ставив во специјална кутија, а под секое колаче ставив ливче со некоја романтична порака која секако не беше препишана туку составена.

ова во фото студио, слика ваша и од партнерот однесете ја и нека ви направат календар со неа за тековнава 2013год, многу убаво изгледа.

исто во фото студио, чаша поточно шолја како оние за млеко, чај што се.на неа ќе ти направат позадина и плус може ваша слика заедничка и текстот од вашата заедничка песна, а може да стои и посвета за тоа и тоа, во случајов честит Валентајн, а убаво е да стои и датумот и годината.

едно едноставно обично писмо кое што сами ќе го составите и во него ќе ја опишете вашата досегашна врска, вашите чувства, најубавите моменти.

Има уште многу ама за вечерва доста се..Инаку морам да кажам дека св.Валентајн сепак не е наш празник и за џабе си се глупираме, ако сакаш нешто да му/и поклониш можеш секој ден.Но ете и јас како и сите, се вклопив во толпата која го "слави" Валентајн.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Sarah ма јас и давам идеи за оние што го слават, не го оспорувам славењето, тоа си е твое лично право, можеш и Бајрам да славиш ако ти е мерак, само лично за себе кажував дека не го практикувам славењето на овој празник.
Па затоа пишав немој погрешно да ме сфатиш.

еве идеи

P2110340.JPG


  • карти за концерт
  • пикник
  • во кутија спакувано филм, некои грицки и нешто за пиење
  • парфем
  • паричник
  • изгравирана запалка
  • албум со слики
  • маица со интересен принт
  • шоља исто со принт
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ко помлад онака шо сум праел индиректно удварање ама не на 14ти него коа сме искачале по кафиња, праев некои птици од хартија (со мал процеп каде вметнував само one liner-и, со мали димензии) оригами и ги мушнував некако во нејзината кутија со цигари. После ме тролаше, ама шо ми е гајле, си ја сакав. И јас си ја тролав на мој начин.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Еве едно потсетување за оние што подзаборавиле зошто се празнува 14ти Фебруари:
Денот на вљубените, кој денес го славиме на 14. февруари, според преданието настанал во 3. век во Римското царство. Царот Клаудије II издал наредба според која на војниците не им било допуштено да се женат, бидејќи сметал дека на тој начин ќе бидат повеќе поврзани со семејството и би имале помалку волја да одат во војна и да се борат.
Сите свештеници ја почитувале неговата одлука, освен еден – Валентин. Тој вршел тајни венчавки на млади парови, додека не го откриле и ставиле во самица, на 14. февруари. Валентино е погубен, но непосредно по неговата смрт е прогласен за светец.
Наводно и самиот обичај на праќање на честитки на Св. Валентин потекнува од самиот свештеник. Меѓутоа и тука наидуваме на две различни толкувања. според првата, Св. Валентин и испратил писмо на девојката во која бил наводно заљубен, од самицата. Писмото го потпишал со “Твој Валентин”.
Според друго толкување, додека Св. Валентин бил во затвор луѓето му оставале сокриени пораки пред затворот.
Интересни факти за Валентајн:
- 15 % од жените во САД си праќаат самите себеси цвеќе за Свети Валентин.
-Италијанскиот град Верона, местото каде што живееле популарните ликови на Шекспир, Ромео и Јулија, на овој празник прима околу 1000 писма адресирани до Јулија.
- Над 1 милијарда долари се троши за чоколадо за време на овој празник.


Идеи за подарок:
Љубовни купони
Со љубовните купони му ветувате на својот сакан дека ќе го исполнувате напишаното кога тој ќе посака. Земете убава хартија и исечете правоаголни ливчиња. На секое од нив напишете нешто по ваша желба како бакнеж, прегратка, филм, вечера, стриптиз и сл., т.е. работи кои сакате да му ги подарите него. Врзете ги со црвена панделка и подарете му ги на Св. Валентин. Од вашиот партнер зависи кога ќе реши да ги користи купоните, а колку ќе направите зависи од вас. Овој подарок ќе ви даде уште многу романтични ноќи во текот на годината.
Пица срце
Сигурно знаете дека патот кон машкото срце е преку неговиот стомак. За Св. Валентин, можеби најдобрата варијанта е да останете дома и да направите вечера за него. Ако не сте многу умешни во кујната, нема полесна и повкусна вечера од пицата. За да биде поинтересна, тестото направете го во форма на срце (ако користите готово тесто, оформете го срцето со помош на нож). Наредете ги состојките следејќи ја формата на срцето, а откако пицата ќе биде готова, со кечап акцентирајте ги рабовите.
Албум на вашата врска
Соберете слики од различни поводи кога сте биле заедно. Изберете ги најдобрите и наредете ги хронолошки во албум. Не го полнете целиот албум, до половина е доволно. Празните страници ќе ги полните во годините што доаѓаат. На корицата од внатрешната страна напишете нешто од срце. Ако не можете да измислите ништо креативно, доволно е да напишете дека желбата ви е колку што можете побрзо да го наполните албумот со убави спомени.
Инаку,да си кажам за мене, во претходните неколку години не сум му придавала некое си којзнае колкаво значење на овој празник,сум добивала и подарувала мечиња/срциња и тоа е се. Лани од бившиот дечко добив зајче((facepalm)) а подарив вино,колачиња и многу мали свеќички. Исто имаше романтичен гест со пица во форма на срце и со свеќички низ цела соба.
Оваа година,се договоривме со новата љубов,да одиме на вечера,а околу подароци не сме збореле,но јас имам идеја да му подарам негов портет во А4 формат. Се мислев меѓу карикатура и портрет,но се одлучив за портрет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ако има девојче што не го сака овој празник, тоа сум јас. Значи од 365 дена во годината, како да мора тогаш некому да му се даде подарок.

Па имаш момент лелееееее што да му/и купам, за на крај да се сведе сето на купување затоа што се мора, а не затоа што се сака. Мене најубави подароци ми се оние изненадните, кога некому ќе подариш нешто неочекувано, на пример излезен си, го гледаш нештото и знаеш дека е створено за него/неа.

Не, не ми треба парфем (си го имам еден кој што го обожавам и не го менувам па мајка Јана нека е), не ми треба чоколадо, цвеќе обожавам на секој ден освен на тој, за мечка сум веќе возрасна и само прашина ќе фаќа, така да ноу тенкс.

Јас кога подарувам, подарокот е уникатен, смислен лично од мене и направен така што целосно одговара на тоа што најмногу сака личноста која ми значи. Имам толку многу идеи, ама јавно не ги пишувам, се плашам прво за мојот идентитет да не ме познае некој, и не сакам некој да ми украде идеја. Порадо ќе му кажам некому во инбокс, отколку овде.

Годинава нема ништо да подарам за Св. Валентин, ама ќе подарам за роденден кој е блиску со датумите. И да, досега не сум слушнала некој да му подари некому она јас што ќе го подарам. Затоа и ќе си го зачувам за мене.