Маричка битка

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Маричката битка позната и како Черноменска битка или Втора Маричка битка, се одиграла на реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26. септември 1371. помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша.

Деспотот Углеша сакал да ги нападнат турците ненадејно во нивното упориште Едрене, додека султанот Мурат 1 бил во Мала Азија. Отоманската војска била многу помала oд македонската која броела околу 70.000, но благодарение на тактиката со ноќен напад врз кампот на противниците, успеале да ја поразат христијанската војска и да ги убијат кралот Волкашин и брат му Углеша.

Со ова, исотчна и централна Македонија потпаднале под Отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на Македонскиот Полуостров (Балканот). Синот на Волкашин, Крале Марко, го наследил татка си на престолот на прилепското кралство, но сега како вазал на турците.
Што би било кога успешно би бил спречен продорот на Османлиите, ???
кога Балканските народи би биле сложни во справувањето на заедничкиот непријател, успехот на османлиите по оваа битка значи натамошен продор кон балканот негово поробување и за крај освојување на Константинопол во 1453 година кога конечно е ставен крај на царставата на Исток.
Какви се Вашите размислувања по овие прашања

повеќе инфо за како се одвивала битката
http://mk.winelib.com/wiki/Маричка_битка
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Сојузничката војска предвреме прославила победа над помалиот непријател. Расцепканоста на балканските феудални државички си го направила своето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
800px-BG-1371.jpg
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Добро, морам вака како партибрејкер на темава да излезам. Што толку се замарате со Историјата? Што би било, ако било...
Луѓето одат нарпед со времето, откриваат нови планети во Сончевиот систем, веруваат дека може да има живот на Марс и на пат се да го остварат тоа, вие се враќате...ај да не се изразам лошо, толку од мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Добро, морам вака како партибрејкер на темава да излезам. Што толку се замарате со Историјата? Што би било, ако било...
Луѓето одат нарпед со времето, откриваат нови планети во Сончевиот систем, веруваат дека може да има живот на Марс и на пат се да го остварат тоа, вие се враќате...ај да не се изразам лошо, толку од мене.
А бе види, ако историјата се проучува точно, не гледам зошто би претставувала проблем во едно општество. Рецимо, да проучуваш поранешни политички системи, општества кои прво имале толкав бум за да по одредено време бидат напуштени поради својата неефикасност, е дури и погодно за идните генерации - така се учат грешките и се обидуваат да не се повторат. Најголемиот проблем е што историјата секогаш се користи како орудие за повлекување на голема маса на народи. При што грешките се повторно сеприсутни и во ова општество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Anakin

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Добро, морам вака како партибрејкер на темава да излезам. Што толку се замарате со Историјата? Што би било, ако било...
Луѓето одат нарпед со времето, откриваат нови планети во Сончевиот систем, веруваат дека може да има живот на Марс и на пат се да го остварат тоа, вие се враќате...ај да не се изразам лошо, толку од мене.

Ок, јас на темава тогаш ке излезам како партимејкер (party) :igra

Темава си е на место, си имаш и вовед, па доколку не те интересира историја, ти си тој што најмалку треба да биде партибрејкер на темава ( и на било која тема, модератор си)

Во врска со горе напишаното, твоето му доаѓа нешто вака ...
што има врска кој ти се родители,што правеле и твореле... батали ги , заборави ги - гледај напред, види кој ти се и каде ти се децата, каде идат и што прават ... така нешто јас го сфатив

Историјата си ја читам и сакам, за иднината ке зборам од како ке помине , најважна во моментов ми е мене сегашноста, денес .... тоа што се дешава денес има влијание од минатото, а иднината не би "постоела" ако не направам ништо денес ...

Трајче, брат едно без друго не иде (shake)

- барем јас така мислам, ама ако го земеш фактот дека не сум никаков историчар а богами ни гимнастичар ... тогаш батали се што сум кажал, освен фактот дека не треба да си партибрејкер на ниедна тема (y)
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Добро, морам вака како партибрејкер на темава да излезам. Што толку се замарате со Историјата? Што би било, ако било...
Луѓето одат нарпед со времето, откриваат нови планети во Сончевиот систем, веруваат дека може да има живот на Марс и на пат се да го остварат тоа, вие се враќате...ај да не се изразам лошо, толку од мене.
Не можеш да ја разбереш сегашноста и процесите што се денес и што следат без осознаена историја и што довело до истите. Затоа. ;)


Он топик: Ночной охотник е во право. Причината за големиот пораз е раскараноста и расцепканоста на балканските феудални поседи ( не можат баш и да се наречат држави). Една ластовица не ја прави пролетта.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
4FUN , кога ќе видам мене повеќе ме цитирале од колку Леги во темава, така да нека ми биде благодарен што ја размрдав темава :D

Историјата за мене е многу долга и широка наука која нема крај, не сум ја сакал никогаш зошто сите народи ја зборуваат како нив им одговара неможе да знаеме точно каако било и што точно се случувало тогаш, сите ја зборуваат како нив им одговара. Како што има експерти во оваа област, но и тие нормално гледат да извадат парче леб и демек истражуваат и пишуваат после долги истражувања, но на крај пишуваат како што ќе им кажат односно таа држава што ќе даде повеќе пари. За да зборуваш во случајов за Маричка Битка треба да знаеш предходно што се случувало, па предходно, па предходно и тн. цело време се навраќаш со времето и нема крај. За мене оваа тема е исто со Универзумот, со кого сме, колку е голем, како сме настанале, што е прво јајцето или кокошката и тн.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
и се обидуваат да не се повторат. Најголемиот проблем е што историјата секогаш се користи како орудие за повлекување на голема маса на народи. При што грешките се повторно сеприсутни и во ова општество.

Во многу ретки случаи Историјата била користена како причина за избувнување на Војна (едеин случај кој е позната е втората светска војна каде хитлер ја користи како пропаганда)
Денешниве војни ако тргнеме од 90 навака од бивша Југославија главно се засновани на Верска војна која на еден начин е прикриена како “територијална“ блиски исток, кавказ, авганистан (модерни крстоносци) се се тоа верски судири.
а ме интересира каде ги лоцираш грешките во ова општество тоа е интересно да се чуе