Промена на статус - од сингл во врска

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
не ги читав другите постови зошто воведот ми беше многу долг а не ги носам наочарите ќе ме заболат очите, така да можеби ќе го кажам истото што и другите членови
Преминување од слободна во врска. Самото зборче си кажува дека веќе не размислуваш сама, размислувате заедно. Времето не го делиш сама, го делите заедно. Имаш обврска:училиште/факс/работа плсу другарки плус дечко плус домашни обврски. Сето тоа треба да го распоредиш во 24 часа од кои миниму 6 ги минуваш во спиење.
Како дечкото така и другарките треба да сфатат дека нема да успееш секој ден да ги почестиш со твоето внимание. И тоа не треба да се сфаќа толку сериозно и да има лутење поради тоа. Не можеш да се разделиш на пола па едната половина да учи/работи а другата половина да пие кафе со нив.
Зборот ми е, во се’ треба да има разбирање, но и флексибилност. Ако ти денес се посветиш на учењето и дечкоти, утре посветисе на дечкоти и другарките, или на другарките и учењето, затоа што доаѓаат моменти кога некои работи нема да можеш да му ги кажеш на дечко, или кога ќе сакаш да си надвор од „стегите“ па ќе сакаш да „одлепиш“ како што тоа си го правела пред да бидеш во врска.
Mila Kunis Во твојов пример дефинитивно претеруваат твоите другарки. Само... и ти научи да правиш баланс, затоа што гледај на долги стази, недај боже ќе се случи прекин на врската, со кого треба да останеш? На чие рамо треба да се исплачеш?
А и да не дојде крај на врската... некогаш едноставно се потребни пријатели.

Еве ќе ти раскажам јас еден мој случај. Не баш мој, индиректно мој. Мојата сегашна жена тргна со мене кога имаше само 16 години. Тие беа друштво од 4 девојчиња и одеа секаде заедно, обавезно после школо на кафе, пред школо кај некоја другарка на седенка, муабет. Кога јас бев втора смена наработа, а таа втора смена во училиште јасно беше дека вечерта нема да може да се видиме па милуваше пред училиште да дојде со мене на кафе. Таквиот распоред толку им пречеше на другарките што почнаа често да доаѓаат и тие со нас на кафе и намерно да зборуваат работи кои мислеа мене ќе ми пречат - сеуште незнам со која цел. За жал не знаеа колку мене ме боли уво што други зборуваат :)
Муабетот ми беше, внимавај до кој степен оди љубомората на твоите другарки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Mila Kunis

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Секако,дека треба да имаат разбирање за мене.Али јас сепак,кога би требала да бирам помеѓу другарка и дечко би избрала другарка,затоа што друго е со другарка си повеќе поврзан тука е секогаш кога ти треба спие,јаде со тебе.Можеби некој ќе ме цитира дека истото можеш да го правиш со дечкото али сепак јас не сум таков тип и не сакам многу приврзување со дечкото.Досега,ниедна не ми се налутила кога сум рекла дека ќе одам со дечкото,ниту пак очекувам дечкото да ми се налути кога ќе и притребам на другарка.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Абе имам и ја девојку и некопут откажу на другари искочу сс њума, ама никад не су ми се љутиле. Кт искачамо, стално искачамо само најдобри другари и не ми се љутив пошто и сами знаев дека не искачамо стално(знаете демек мали смо па некопут родители правив проблеми за искачање/много мала за беќара и сл.). Како што вика парвати заебавамо се после папучари овој оној, ама никад не смо се скарале. И ја се некопут љутеше кт ке оставив друштво за девојку ама како и ја фати девојку разбирам ги и никад не сам се наљутија.

Многумина викаат : Никогаш не го оставај друштвото поради девојката...

- Само вистинските другари ќе ти речат : Иди ти, ние секогаш сме тука!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and melpomena

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас пак, читајќи се погоре би рекла дека и Мила а и нејзините другарки се виновни за ситуацијата.
Мила бидејќи не прави баланс, а другарките зошто немаат трепение и разбирање.
Секој тера различно пријателство. Според тоа пријателствата се делат на вистиски, длабоки и површни, краткотрајни и долготрајни.
Помеѓу моите другарки ваков проблем не се јавил никогаш иако 4 од нив се во долги (3-4 годишни врски) а само 2 сме сингл. Но, секогаш постоел договор и планирање на времето.
А што ти Мила ќе правиш кога пеперутките ќе ги снема а дечкото нема да биде твоја опсесија повеќе, ќе плачеш кај друагрките нели? Кај истите тие кои претходно си ги запоставила....
Секој различно размислува на темава, но секој треба да е свесен дека сам ги креира односите со другите луѓе.
Супер е што Мила е заљубена, моментално и е волшебно, но може ли тоа да го замени коктелот на плажа со другарката додека смеејќи се уживаат на сонцето?
Или коктелот и друагрката можат ли да го заменат најубавиот бакнеж и прегратка за добра ноќ?? ...
Едно без друго не оди.. Баланс, дискусија, планирање, разбирање... и пред се треба ти да си вистинска личност, до себе да имаш вистински човек, а и вистински другарки : )
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Темава ме погоди. Баш првото и да чукнам во дрво единствено разочарување од страна на моите барем како што мислев “најдобри другарки“ беше баш поради промената на статусот мој од сингл во врска.
Бев втора година средно, а тие ми беа другарки од основно.Тројка нераздвоива. Ист хумор, ист вкус за музика , за филм, за стил, едноставно фактот што сме израснале заедно не правеше семејство. Ги сакав исто како сестри кои никогаш не сум ги имала.Ќе се навратам на периодот во средно, Но прво малку да раскажам за предходниот период.
Тие беа малку понапредни од мене па од осмо почнаа да фаќаат дечковци. Колку само ми значеше нивната среќа. Знам кога ќе се налутеа со дечковците влечковци:) јас составав писма трогателни за да се смират, или пак ќе се јавував ќе средував по нив. Неможам да ви набројам колку пати излегувавме заедно , па ќе ми заминеја со дечковците а јас ќе го барам брат ми да ме носи дома . Не дека сме иделе по кафиќи туку шеткавме по една улица што се беше нарекуавана чаршија која воедно не постои веќе како таква. Не им се лутев, ги разбирав, заљубени изгубени, нормално дека ќе сакаат да си шеткаат со нив а не цела вечер со мене.
И така доаѓаме до периодот кога како гром од ведро небо си фатив јас дечко.Тие тогаш само што се ослободија, јас им сменив статус. Е тој шок дека и јас почнувам да си имам друга обврска и да не бидам цело време на закачалка беше трагичен за нив. Почнаа да прават сплетки за да ме разделат од него, како и разговорот во кој јасно ми зададоја ултиматум да бирам меѓу него и нив.
Безразлика што додека во првите 6 месеци излегуваа со нас, мојот дечко им плаќаше пиење, никогаш не ми рекол да не доаѓаат со нас, ниту пак се правел дека не ги сака во друштво. Полека полека почнаа да си водат некојси слободен живот со кој јас не бев согласна. Мувачи секој ден различни, воздраст не е битна и такви некои нови теории кои не беа дел од она што заедно сме го коментирале како погрешно и недолично за една девојка.
Ми рекоја да бирам, и избрав. Излегов од тоа семејство на три другарки кое се покажа дека било ништо друго освен лажно.Тие не се радуваа на мојата среќа. А со дечкото сум до ден денес и добро е што се покажа како добра одлука. Тежок период без другарките и навистина боледував секој ден, ама во трета се зближив со едни други девојчиња со кои ми поминаа најубавите моменти од средно. До ден денес сме вистински другарки . А тие првите кога ме гледаат сега не знаат како подоле главата да ја спуштат. .... Уф долго некако испадна...ама that`s my story....
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Oleri, honey.... that`s the price of being "a good guy" with your friends. Е тоа е она што јас понекад си ја трескав главата зошто по ѓаволите постои таа тешка љубомора коа работите ќе почнат да се менуваат. Кога очекувањата на масата превагнуваат и прават непромислени работи, вклучувајќи го и обидот за синтетизирање на несреќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Oleri, honey.... that`s the price of being "a good guy" with your friends. Е тоа е она што јас понекад си ја трескав главата зошто по ѓаволите постои таа тешка љубомора коа работите ќе почнат да се менуваат. Кога очекувањата на масата превагнуваат и прават непромислени работи, вклучувајќи го и обидот за синтетизирање на несреќа.

Така е... и јас си ја трескав главата ама џабе Тогаш прв пат почувствував дека кога работите ти одат најдобро и кога малку ќе се поднавикнеш на убавини, нешто ќе се случи за да те потсети дека не си на седмо небо, туку нозете треба да ти бидат залепени за земја. Тежок удар за фантазер како мене. После тоа бев многу претпазлива, и искрено чекав нешто слично да ми се случи, ама брзо пак се дадов целосно во пријателствата нови. Ако велиме дека волкот си го менува крзното но не и карактерот, тогаш за мене важи истото само не волк туку некое друго по наивничко животинче...зајче...вервериче :) Лошиот не може да стане добар со сила, ама и добриот неможе да стане лош со сила. Така е тоа според мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
А бе чим цената за што го имаш платено губитокот на другарките се исплатела, тогаш навистина си знаела да го процениш оноа што навистина вреди. Можеби тука имаш и зрно среќа, но еве го исходот: ти сеуште си со типот, најде ново друштво иако требало време...
Поентата ми е и покрај должината на оноа што би се нарекло блискост со тие другарки, и покрај тогашната далечност со дечкото (пошо едно е да го знаеш неколку месеци а друго е веќе да сте у врска година и повеќе), ти имаше муда да го послушаш а со тоа и да ја процениш подобрата страна.