Промена на статус - од сингл во врска

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
А бе чим цената за што го имаш платено губитокот на другарките се исплатела, тогаш навистина си знаела да го процениш оноа што навистина вреди. Можеби тука имаш и зрно среќа, но еве го исходот: ти сеуште си со типот, најде ново друштво иако требало време...
Поентата ми е и покрај должината на оноа што би се нарекло блискост со тие другарки, и покрај тогашната далечност со дечкото (пошо едно е да го знаеш неколку месеци а друго е веќе да сте у врска година и повеќе), ти имаше муда да го послушаш а со тоа и да ја процениш подобрата страна.

Фала што го напиша ова, не сум го размислила од тој аспект ама баш никогаш. Добро беше да го прочитам од некој кој го кажува тоа објективно и од страна. (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Интересна е темава. Ама мислам дека донекаде не сте во право за другарите/другарките.
Еве еден пример: Сакате некого премногу и заборавате на сите останите - тоа е најглемата грешка. Не велам дека не треба да бидете залјубени во некого (пишувам лј, оти тастатурава на училиште е тапа), тоа е нормална работа, но не треба да се заборави друштвото. Со друштвото сте биле многу повеќе време отколку со лјубениот, а не знаете што носи ден, а што ноќ, со него/неа можеби и ќе раскините, ама другарите се тие што остануваат со вас цел живот. Тотално го поддржувам parvati дека се има време за се ако се сака, и за друштво и за девојка/дечко. Треба да си имате план, испланирано да ви е времето, денес ќе излезам вака, утре така, денес со неа/него, утре со друштвото.
Нема потреба да ги лажете другарите/другарките дека не излегувате. Кажете им отворено: вечерва не излегувам со вас, ако ви сенавистина добри другари/другарки ќе ве разберат. Но, не секој ден така.
Сепак го имам ова искусено на моја кожа, затоа и ви кажувам ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Ова ме потсети на : Оди ти со него , ние сме ти секогаш тука.
Искрено не сум се нашла во ваква ситуација бидејки немам пријателки воопшто. :)

Но по мое мислење треба да го поделиш времето и сите да бидат задоволни.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Природно е кога човек е заљубен да ги занемарува сите кои до пред тоа му биле блиски.
Лошо е да се изолираш од сите со кои до вчера си бил близок заради љубомората на партнер/ка па после да се чудиш кога ќе заврши врската со него дали вредеше?
Има па и љубоморни кои од завидливост провоцираат дека си изменет во стилот дека те средила и те врти сеа околу малиот прст.
Истите тие кои зборат дека си се одалечил од нив во првата врска после тоа го прават истото ама ќе ти речат дека не е иста нивната ситуација и твојата|-(
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
паа ... види сега ја читаме приказната од твоја страна и ајдее ќе им ископаме очи на другарките ... Ипак можеби и они се ДЕЛУМНО во право ... Ти ако сега си цело време со дечкото и не им посветуваш ДОВОЛНО винимание , колку што заслужуваат , немој ако не дај Боже раскинеш да трчнеш кај нив , да очекуваш да ти се попови за исповедување или пречесто да им откажуваш средби или воопшто да не ги закажуваш истите ...
Сте поминале низ сито и решето за да можат сега да ти занемарат игнорирање :) !!!​
 

*Mina*

Нов член
13 февруари 2014
19
9
3
Скопје
Нормално е приврзаноста и љубовта да си го направат своето, и поголемиот дел од времето да го минуваш со него/неа. Но не треба да се заборават пријателите. Но неможе ни моите другарки да очекуваат исто дружење ко порано. Не е исто. И кога они имаат дечковци јас не ги замарам со искачања толку зашто знам дека се заљубени.Тоа е нормално и не треба никој да се љути ако некој нема време како порано. Сепак тие се тука за мене...