Врска со другар(ка) на бившите?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Авторот на темата го постави прашањето само како автор а не како да тој бара совет па ние да му одговараме дали е лесно од страна да одлучуваме.
Јас едноставно не би прифатила доколку првата врска веке е била нешто по сериозно,без разлика колку би ми бил привлечен вториов.
Некој ке рече ама што да правам се заљубив?
Како да дозволам да се заљубам во другар на бившиот а и него сум го сакала,едноставно нема да дозволам флертувачки ситуации,па макар и да се навалени од негова страна би ги игнорирала.
Но сепак никогаш не вели никогаш туку биди претпазлив.

Е за последново да си ми жива и здрава!
Клучниот момент што многу често секој го запоставува.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Искрено не ми се случило, ама сум била сведок на една таква ситуација.

И многу ми беше незгодно, зошто јас бев месинџер и пренесував пораки, се дури не реков доста и ги оставив сами да си ги решаваат проблемите.

Мислам стварно е без врска, еднава и имаше кажувано на другава се за него, што правеле, колку многу го сака, како кога е со него е најсреќна. Се скараа заради тоа што немаа доволно време да се гледаат(во различни градови студираа). И по некоја недела заврши со оваа другава. Не знам само неа како и беше убаво, знаејќи како тој на бившата и кажуваше убави работи, правеше убави гестови, како со неа имал односи, се буквално. Јас не би можела така.

А и искрено, гревота е другарот/другарката. Да знае дека губи 2 битни личности во животот, не е воопшто лесно.

Затоа јас не сакам да влезам во врска со другар. Знам се што правел и како правел со бившите и не ми дава мир. Ама тоа е веќе друга тема.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Мото по кое се водам во животов мој е дека никогаш не се гради среќа врз туѓа несреќа.
Традиционална сум, и почитувам некои кодекси на однесување. Почит имам спрема оние кои во одреден момент биле дел од мојот живот па така ако љубовта кон нив ми престанала не значи дека и почитта ја нема. Зошто да направам таква каша и да го повредам него со тоа што ќе се сплеткам со неговиот најдобар другар. Мислам what`s the point? Наместо да си се затвори таа книга и да се продолжи понатаму, по друг пат.

Многу модерни станавме, сите бараат некои си авантури, да пробаат забрането овошје, да ризикуваат и не знам што друго.Демек така ќе покажеме дека живееме со полна енергија, open-minded итн. Па добро бе животот не е холивудски филм , а како што гледам сите пробуваат така да го живеат... безразлика дали ќе бидат критики или аплаузи на крајот, битно е да се биде секогаш IN.
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
нема правила, како ти сака срцето.. или она другото срце така :D е сега добро де, може и нема да биде многу пријатно ако во исто време едната ти стане бивша а другата девојка или ако гадно сте раскинале а тие двете се многу блиски.. може ќе си го изедеш и од двете во некоја темна уличка :ninja :ninja
:cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Мото по кое се водам во животов мој е дека никогаш не се гради среќа врз туѓа несреќа.
(...)
Па добро бе животот не е холивудски филм , а како што гледам сите пробуваат така да го живеат... безразлика дали ќе бидат критики или аплаузи на крајот, битно е да се биде секогаш IN.

дефинитивно не е холивудски филм, ама не е ни сапуница ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
зошто губи?никогаш не ги ни имала :D

Не знам јас тоа;)

Call me old fashioned, ама за мене другарството и дечкото се свети нешта. Затоа бројот на другарки ми се брои на прстите од една рака, а за љубовта е претешко да ја почувствувам, ама и претешко да ја заборавам. Знам како би ми било после раскинување да ги видам нив заедно. Тоа е најсилно што може некој нож во грб да ти забоде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and Oleri

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не знам јас тоа;)

Call me old fashioned, ама за мене другарството и дечкото се свети нешта. Затоа бројот на другарки ми се брои на прстите од една рака, а за љубовта е претешко да ја почувствувам, ама и претешко да ја заборавам. Знам како би ми било после раскинување да ги видам нив заедно. Тоа е најсилно што може некој нож во грб да ти забоде.

Ако ти била другарка,уопште нема да се сплетка со дечко ти.Така да,ништо не губиш.Тоа ми беше поентата
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Значи сума сумарум, тој што го прави тоа е ем не-другар, ем не-човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos