Fringe

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Чепкав низ форумов и видов дека нема тема за една од најдобрите серии според мене.
fringe-streaming-ita.jpg


Серијата е мешавина на криминалистика, драма, мистерија и Sci - Fi. Станува збор за младата агентка Оливија, која работи како агент на ФБИ. Серијата започнува со презентирањето на случај каде во авионска несреќа нема преживеани, а луѓето внатре заради реакција со некоја хемикалија се изгорени до коски. Како што се развиваат настаните забележуваме дека во игра се многу луѓе, луѓе на силни корпорации и дека тие луѓе си "играат" со генетиката, правејќи феномени кои дотогаш не се видени. Во целата приказна се најдува и генијалниот научник Волтер Бишоп, кој заради такви експерименти е затворен во ментална институција 17 години. Тој и неговиот син Питер соработуваат со агентката Оливија, помагајќи и да им влезе во траг на луѓето кои тргуваат со продукти на високата технологија. Во игра е и компанијата "Massive Dynamics" која некако е поврзана со сите "чудни" случки.

Серијава ме има оставено со подзината уста безброј пати. Полна со мистерија, пресврти, не се знае кој е добар а кој лош, нон стоп има некаква позадина, нон стоп нешто интересно се случува. Неретко знам да превратам некоја сцена затоа што не сум ја разбрала како што треба.

Од овој тип на серии, оваа силно е зацементирана на место број 1 кај мене.

Thoughts? Ви се допаѓа ли? Омилени ликови? Омилена случка? Би ве замолила само внимателно со спојлери, за да не се уништи задоволството на некој што нема гледано.

И за на крај, финалето на сезона 1 е најдоброто финале од сите серии воопшто според мене.
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Омилена Sci-Fi серија ми е, посебно работите кои се случуваа до трета сезона, во четврта некако ме скршија со сите промени во смисла исчезнувањето на Peter од временската линија, а петата е веќе друг концепт и се занимава со Обсерверите. Останува да видиме каков крај ќе има серијата и дали ќе се спасат од Обсерверите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Интересна серија, дефинитивно. Пилот епизодата кој пресврт го имаше, неверојатно.:frantic Ја гледам кога ќе ја фатам на МРТ1. Меѓу Оливија Данам и Питер има доста хемија, а Волтер ми е комедија од човек. :giggle Какви само идеи има, и какви се работи нема направено.:eek Треба да ја симнам и целосно да ја изгледам. :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Фринџ е ставрно супер серија...одлично е направено се и буквално ме има оставено без зборови...јас ја гледам на тв.шо значи го неам видено финалето само ми кажаа дека покасно како еден филм му доаѓа..знаев за неа претходно но решив да ја глеам на тв оти стварно нема ништо шо да се глеа од османлииве....се надевам мтв ќе ги откупат сите сезони , ако не ќе си ја симнам..бев во искушение да го направам тоа многу пати. Супер стварно супер барем за мој вкус.

пс. Оливија каква жена е ...wow !

a за Волтер да не праам муабет шо и носи посебност на серијава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
пс. Оливија каква жена е ...wow !

a за Волтер да не праам муабет шо и носи посебност на серијава.

За ликот на Оливија, попогодена актерка не можеле да најдат. Мене ми е многу убава, не сакам русокоси луѓе, ама таа дефинитивно има изглед за ФБИ агент. Убаво и го осмислиле сценаристите ликот, мешавина на убавина и интелегенција. Обично не ги сакам главните хероини во сериите, ама Оливија ми е на ќеф.

tumblr_lhtqzrFhcT1qb3rrro1_500.jpg


Ама сепак мој фаворит е Волтер. Ама баш луд научник. И ми се допаѓа што не е претставен како научниците во други серии, комплетен екстрем, туку реално осмислен лик во кој тенка е границата помеѓу лудоста и генијалноста
JohnNoble.jpg


Кога го гледаш и му се восхитуваш, но исто чувствуваш страв.
Не знам што ќе правам кога ќе ми заврши серијава, комплетно сум заразена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
ова на крајот не им требаше во 4 сезона ,, са пак новава што има ... кога ке излезат сите еп ке ја изгледам
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Почнав да ја гледам после толку долго чекање на мојата листа на серии за гледање и првиот впечаток ми е многу позитивен. (y) Ме потсеќа на The X-Files, како некоја модерна верзија со многу технологија. Сите ликови ми се добри и доста интересни случаеви има, баш онака силно те вовлекува секој епизода со нејзината мистерија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
Почнав да ја гледам после толку долго чекање на мојата листа на серии за гледање и првиот впечаток ми е многу позитивен. (y) Ме потсеќа на The X-Files, како некоја модерна верзија со многу технологија. Сите ликови ми се добри и доста интересни случаеви има, баш онака силно те вовлекува секој епизода со нејзината мистерија.

како минуваат епизодите натаму повеке ке се навлечеш, втора и трета сезона се најдобри