Мх! My kind of morning!
Тмурно, зачинето со мелодијата за добро утро која ми ја свири
slb_bobo со гитарчето преку звучници додека го чекам појадокот.
На ТВ ми лафка Тошо Малерот, интересен е без брци и светечо палто. Батка, разбираш.
Цел ден испланиран, уште утринскиве дупки да ги пополнам со некој добар филм. Или пак да одам гола да протестирам пред собрание со парола „Бранко е крив што немам алишта на мене“ и да дојдат од Сител да ме снимаат во потресни стории, па може ќе се јави и некој српски бизнисмен да ме направи старлета. Фалат црвенокоси старлети бре, сите се полетале во порно индустријата...а не дека има некоја разлика. Мех...сам себе убијал.
Нема везе, де дајте ми нешто благо да замолчам.
Хев а најс деј.
Од Бон Џови.