Анархизам

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
На кратко, анархизам претставува доктрина според која секоја форма на авторитет е угнетувачка и треба да биде укината. Анархијата е состојба без систем на владеење, анархизам е самата идеологија.

Кои се вашите ставови околу анархизмот?
Дали сметате дека анархијата е достиглив идеал или не?
На каков начин би функционирало едно такво општество?

Според мене, пак накратко, иако анархизмот ја согледува реалната ситуација во секое општество идеите кои ги нуди како решение се неприменливи во реалниот свет. Според мене, анархијата ќе остане засекогаш само уште еден утопистички идеал.

Но, сакам да чујам спротиставени ставови, затоа и ја отварам темава. Повелете...
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Единствена причина заради која не би одбрал да го поддржам анархизмот е тоа што мислам дека луѓето сами не можат да си ги постават границите. Реално,многу сум против било каква форма на власт,но сметам дека сепак мора нешто да не држи до некаде под контрола,зошто не знам како би функционирале кога би немало кој да не сопре.
Самите сталежи,самите нивоа на поделби на луѓето според богатство,според вера,според националност ќе направат дополнителен хаос и кога не би имало кој да го сопре тоа,би било лошо за човештвото.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Достиглив идеал е, зошто да не. Ама доколку се случи, светот ќе отиде во неповрат. Ќе владее целосен хаос и пополека човештвото ќе се самоуништи.

Сепак, ќе постојат лидери. Ретко кој ќе биде сам човек за себе, повеќе би постоеле групи, а со тоа ќе мора да има еден главен. Така ќе има повеќе групи насекаде, а барем две од нив ќе делат исто мислење и цел. На некој начин, пак ќе постои власт и закон.

Ви ги препорачувам книгата и филмот: A Clockwork orange. Најубаво е претставено општеството без власт и закони.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Достиглив идеал е, зошто да не. Ама доколку се случи, светот ќе отиде во неповрат. Ќе владее целосен хаос и пополека човештвото ќе се самоуништи.
Според анархистите анархија не значи хаос и безредие. Под достиглив идеал мислев на функционално анархистичко општество.

Групирањето исто така не оди контра анархистичките убедувања. Постојат две врсти на авторитет, хоризонтален и вертикален. Вертикалниот е наметнат со сила додека хоризонталниот авторитет се добива по заслуга и колективно одлучување. Во анархијата за лидери ќе бидат оние назначени по заслуга...

A Clockwork Orange убаво прикажува што би се случило ако рецимо утре магично паднат сите форми на владеење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dare, Oleri and slb_bobo

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Анархија а ? безредие, хаос, беззаконие, масовни палења... тоа го сакате а ? Е па тоа не е Анархија..вистинската анархија сепа ке нешто организирано но сепак во преден план е слободата на човекот. Либертаризмот, филозофијата која јас ја проучувам и според која јас живеам е еден вид на анархија. Анархијата воопшто не е спорен систем на функционирање на работите..Анархијата или либертаризмот (либералното општество) е најдобриот политички систем за мене. Зошто би било лошо да имаш слобода буквално за се? сакаш да продадеш бубрег? сакам. слободно продај го .. Сакаш да се пијаниш дрогираш и слично.. прај шо сакаш.. Буквално прај шо сакаш државата, организираната власт во тој систем нема да те чепка се додека твојата слобода не повредува некој друг ..:) ај ке продолжам после ме мрзи сега
 
Се е тоа убаво, ама овде се дискутира за анархизам/анархија а не за либертаријанизам. Либертаријанците не се залагаат за комплетно укинување на државата.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Зарем авторитетот не се добива според заслуга и во денешното општество? Сепак, човекот има избор и право на гласање.

Зарем сега не си слободен човек? Можеш да направиш се што ќе посакаш. Без разлика дали се легални или нелегални работите. На пример, доколку сакаш да убиеш човек, можеш тоа да го направиш. Ќе завршиш во затвор. Дали тоа е она кое не го прави човекот слободен? Таквата санкција го спречува да направи нешто што сака?
Сакаш да пиеш алкохол, слободно пиј. Да, ќе почекаш 18 години за да можеш (барем така треба законски) да купиш алкохол, но сепак ја имаш слободата да го конзумираш кога сакаш и колку сакаш. Законите се со причина поставени. Истото е и со дрогата, или со било што.

Мора да постојат одредени правила и закони, за да се направи ограничување што смее, а што не смее да се стори. Не може едно општество да се води според разум, зошто не е ист кај сите. Така барем јас мислам, можеби не сум доволно либерална.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Се е тоа убаво, ама овде се дискутира за анархизам/анархија а не за либертаријанизам. Либертаријанците не се залагаат за комплетно укинување на државата.
да точно, либертаризмот е еден вид на малку поорганизирана анархија..Ама сепак Либертаризмот е дел од анархијата..
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Зарем авторитетот не се добива според заслуга и во денешното општество? Сепак, човекот има избор и право на гласање.

Зарем сега не си слободен човек? Можеш да направиш се што ќе посакаш. Без разлика дали се легални или нелегални работите. На пример, доколку сакаш да убиеш човек, можеш тоа да го направиш. Ќе завршиш во затвор. Дали тоа е она кое не го прави човекот слободен? Таквата санкција го спречува да направи нешто што сака?
Сакаш да пиеш алкохол, слободно пиј. Да, ќе почекаш 18 години за да можеш (барем така треба законски) да купиш алкохол, но сепак ја имаш слободата да го конзумираш кога сакаш и колку сакаш. Законите се со причина поставени. Истото е и со дрогата, или со било што.

Мора да постојат одредени правила и закони, за да се направи ограничување што смее, а што не смее да се стори. Не може едно општество да се води според разум, зошто не е ист кај сите. Така барем јас мислам, можеби не сум доволно либерална.
Не не и не .. воопшто не си слободен во ова општество ..
1. спомнуваш легални и нелегални работи. што е легално а што е нелегално и кој е критериумот за тоа. Зошто марихуанат е нелегална? заради некој шо мисли дека е штетна. А зошто е некаде легална? зашто некој не мисли дали е штетна или не туку ти дава избор сам да одлучиш според информациите шо ги имаш дали е штетна или не..
2. убиството е забрането во сите системи. ти можеш да имаш дома оружје, зборвам за либертаризам,и можеш да си го гледаш , да одиш на лов, да пукаш во полигон. Ама кога ке убие некого ке сносиш поселдици без разлика да лие либертаризам или комунизам. Ти имаш слобода да прајш шо сакаш ама се додека твојата слобода не повредува нечија туѓа слобода.
3.Сакаш да пиеш? е ај да те видам леглано од продавница купи алкохол после 7. ај да те видам.. секое ограничување е уствари забрана и тоа глупо за мене.. Кој е тој некој да одлучува јас шо ке праам..
Правила и закони не туку правило и закон треба да постои , прај шо сакаш се додека твојата слобода не повредува нечија туѓа..

Државата ти дава комплетна слобода и е тука само да контролира да не повредиш нечија туѓа слобода..
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Зарем авторитетот не се добива според заслуга и во денешното општество? Сепак, човекот има избор и право на гласање.

Зарем сега не си слободен човек? Можеш да направиш се што ќе посакаш. Без разлика дали се легални или нелегални работите. На пример, доколку сакаш да убиеш човек, можеш тоа да го направиш. Ќе завршиш во затвор. Дали тоа е она кое не го прави човекот слободен? Таквата санкција го спречува да направи нешто што сака?
Сакаш да пиеш алкохол, слободно пиј. Да, ќе почекаш 18 години за да можеш (барем така треба законски) да купиш алкохол, но сепак ја имаш слободата да го конзумираш кога сакаш и колку сакаш. Законите се со причина поставени. Истото е и со дрогата, или со било што.

Мора да постојат одредени правила и закони, за да се направи ограничување што смее, а што не смее да се стори. Не може едно општество да се води според разум, зошто не е ист кај сите. Така барем јас мислам, можеби не сум доволно либерална.
Постои избор и илузија на избор...

Да бираш меѓу ВМРО/СДМС, Републиканци/Демократи етц етц... е како да бираш меѓу две купишта г**на. Ниту еден политичар не добил прв/втор мандат по заслуга туку преку лажење и мачкање очи се додека не седне на фотеља. Меѓутоа, за ова се криви луѓето што се глупави и наивни.

Не не сум слободен. Не си ни ти. Не во вистинска смисла на зборот. Немаме права, се што имаме е одредени слободи и привилегии кои можат да ни ги одземат по потреба. Тоа е далеку од вистинска слобода. И убиства, пиење, дрогирање се далеку од суштината на проблемот.

Јас се согласувам со анархистичките согледувања на денешното општество, односно дека живееме во репресивен систем и сме некоја модерна верзија на робови. Она со што не се согласувам се анархистичките решенија на проблемот... премногу се нереални.