Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас мислам дека Би можело да се разговара за политика на форумов на експертска основа доколку има луѓе што навистина се занимаваат со таа проблематика но никогаш за партиска политика. Чинам во Македонија ги мешаат зборовите политика и партиска политика ,токму поради тоа најчесто доаѓа до вакви изоставувања на политиката како наука во теми за дикусии. Добро јас се согласувам со условите на форумот и не ми фали ништо , зборот ми беше ги разбирам од админисатрација зошто ја изоставиле ..ете токму поради лесното ескалирање и потпаѓање под влијанија кога се разботи за народов..партизацијата им ги заврза очите.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13, Lepaa and 4FUN

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Ми иде да се фрлам во Вардар :banghead , да ме однесе во Грција:trca и да живеам на некој остров :igra
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
СДК после долгооооото и мачно играње со помалите братучетки јас сум за никаде.Имаше убаво ручече и десертот мњам :mstickle Знам дека скоро сите постови ми се за јадење и ќе помислиш дека сум некоја свиња дебела шо нонстоп јаде. :D Ама не сосема спротивно. :D Атмосферата на ниво,сите роднини собрани,абе уживање.Јас одам додека братучетките не ме испокубале за коса.Моментално сум ваква.Ајт поздрав :sram
weird-hairstyles-1.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас мислам дека Би можело да се разговара за политика на форумов на експертска основа доколку има луѓе што навистина се занимаваат со таа проблематика но никогаш за партиска политика. Чинам во Македонија ги мешаат зборовите политика и партиска политика ,токму поради тоа најчесто доаѓа до вакви изоставувања на политиката како наука во теми за дикусии. Добро јас се согласувам со условите на форумот и не ми фали ништо , зборот ми беше ги разбирам од админисатрација зошто ја изоставиле ..ете токму поради лесното ескалирање и потпаѓање под влијанија кога се разботи за народов..партизацијата им ги заврза очите.....
Не... Збориш за некакво си утопистичко сфаќање, а верувај дека и експертите колку и да се добри, се потпаднати под нечие влијание. За жал тукашната состојба е таква. Се` е поврзано со тоа што ти го спомнуваш како „партиска политика“. Затоа и талкаме во место. Но неизбежно е дека штом ќе се подотвори ролетната, ќе се создаде терен и желба за партиска рекламација.
Да бидам поконкретен, сметам дека во овој форум вестите од калибар на информирање како политика, македонска, економска и надворешна не треба воопшто да ги има. За тоа постојат милион други портали, форуми. Не треба и овој да го претвораме во терен за политичко партиски пресметки. Да не правиме сега од пицерија и скара на кило и бурекџилница и кафуле. Подобро е да бидеме одлични на едно нешто, него (под)просек на се`.
 

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.
Сакам едно милионче
emoticon-0138-thinking.gif
море и тоа ќе ми биде малку..

Сакам со тоа милионче да му купам на бато нови патики, нова кошула, нови панталони, убава јакна.. Сакам да биде згоден и убаво дотеран.
Сакам на мама да и купам нова облека, затоа што онаа старата е веќе избледена и износена. Под стара не подразбирам неколку месеци туку околу 5-6 можеби и повеќе години. Сакам да и купам и нова чанта затоа што и на двете по нешто им фали, дали патентот не работи, дали се излитила. Мама си има само две чанти едната за пролетно и летно време, а другата за есен и зима. И не се жали. Ехее имала она, не и требало ништо ново. А и треба!
emoticon-0133-wait.gif
Знам дека и треба!
Сакам и на тато да му купам нова облека, да го видам дотеран и со најубавата насмевка развлечена на неговото лице. Сакам и со тие пари да купам малку од неговото време кое тој го троши за да заработи за мене и брат ми. Се случува да не го видам со денови затоа што излага на работа од 6 наутро и си доаѓа накај 9 часот вечерта, а во тоа време или сум искочена или го гледам накратко и од умор заспива
emoticon-0106-crying.gif

Со тие пари би им платила некое патување на мама и тато, некаде далеку на море или планина, со вклучени масажи и платено јадење, за да мојата мајка не се мачи да испржи пиперки или нешто поскромно за да не потроши многу пари, за да има за мене и бато. Би им платила и воопшто око не би ми трепнало!
Би и купила на мама автомобил, за да на овие години не се мачи да оди со велосипед на работа само за да не дава пари за автобус. Да има повеќе за нас.
Би и нарачала огромен букет цвеќе на мојата мајка и црвено вино за мојот татко! Баш црвено како неговите образи кога ќе седиме и ќе се смееме како шлакнати.
Потоа би го наполнила фрижидерот со најразлични продукти бидејќи веќе и тој се чувствува осамен, а и не може да запознае нови другарчиња бидејќи се состанува цело време со едни исти маргаринот, паштетата, сирењето и саламата. Од време на време ќе се најде и нешто друго, но многу ретко.
Голема е жртвата на родителите кон нивните деца, јас знам дека моите даваат се од себе за да ги задоволат нашите потреби, а ние упорно сме незадоволни при толку многу работи што ни пружиле.
Знам дека јас и брат ми го делиме првото место на листата на мама и тато и дека на нив "не" им треба ништо бидејќи имаат се!
Ветувам, ама навистина ветувам дека од првата плата го полнам фрижидерот да не може да се затвори, му купувам подароци на мојот брат и ги праќам мама и тато на едно патување со нова облека! Ветувам! Само да сме здрави и живи да дочекаме....
А до тогаш ќе си гушкам и сакам многу, ви ветувам.. Затоа што како што болест може да ви ги отвори очите ништо друго не може................
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Зашто морам да настинам пред нова година? не дека ќе одам некаде, туку и минатата година исто беше :eek мразам флешбек.
налет то не ми верува една. Сум ја лажел дека сум бил настинат. Некако сака да има контрола врз мене. А освен едено кафе и муабет ништо немало.
Остави тоа. Од то ветриштето струја немаше, до 16 ч. плус батките си местеле нови бандери у пм и цел ден ми помина во спиење.
Официјално сме на колективен одмор до 8 јануари. Денес прават попис кај нас, ама не сум пишан на список.
****
Најдоброто од се е што оваа година го погодив виното. Јес. Варено/превриено било добро за настинка. И ми помогна. Под бочва ќе спијам. Сајонара.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
СДК еве што правеше Сара денес, ова е за тортата на брат ми. Роденден му е роденден, мајка ми ми‘ ме убедуваше да купиме, а јас не. Поубаво ми е кога нешто сама направам и што е најважно на брат ми му се допаѓа.

YkFw2.jpg
fERxn.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Luckky
Статус
Затворена за нови мислења.