Авторитетот на розата и лавот или дебилноста на народот?

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
На сите нас ни се познати оние случки во Собранието на Република Македонија,кога сегашната власт и опозицијата се испонашаа ко мали деца,се гаѓаа со чаши,си ги кинеа брендираните сакоа и џемперчиња,ПМС-ираа на велико и се удираа во гради околу Буџетот. Едните сакаа да го усвојат,и да си пикнат дел во џеб а со другиот дел што и да планирале,другите го блокираа пошто им е у план да дојдат на власт и не би сакале да се во големи долгови нели. Беше смешно да се гледа таа wannabe украинскa случка која нели секако,го зафати и народот. "Повредени" и "удирани" пратеници и пратенички излегуваа и беа изнесувани од просторијата за седница. Абе смешки.
Е,кога веќе дојде народот пред собрание,настана тотален неред. Се маваа со мандарини,јајца,пластични шишиња и останати пазарски производи,рецитираа акростихови и стихотворби,скокаа,урлаа и пцуеја како кочијаши. Се почувствува елоквенцијата и сељачизмот на целата таа протестантска раја кога нивната креативност ја истурија на измислување пцофки,песнички за Развигорче,пароли и карикатури на политичарите,пред Собрание се случуваше вистински мал монмартр. Да ти е милина да пројдеш и да си купиш хамбургер од Жужу,да седнеш на клупите во Жена парк,и да се потсетиш како било во четврто одделение на часовите по физичко кога со другарчињата си игравте "сакате ли војна?". Имаше старци што си брцаа во гаќи,баби што покажуваа средни прстови,деца со глави полни "идеали за подобра иднина",па дури и хипик кој што на сето тоа излезе по боксерици и застана пред полицискиот кордон. Ко по обичај,тука беа желките,па тие го изедоа сиот тој бес на глупоста за ништо.
Да да,за ништо. Сите тие имаат синови,кои ги учат да не бидат насилници,тепачи,да не одат со банди и така натаму,а го прават истото. Едните навиваат за сините,други за црвените,а за народот ретко кој навива денес. Всушност,народот се бори за да опстанок во лигата,се наоѓа на последните 3 места заедно со кучињата бездомници и старите градби. Се тепа пријател со пријател,се вреѓа мајка со ќерка заради шалот што го носат и пенкалата дома што им служат за заокружување бинго лифчиња. До каде и до кога? Сте помислиле ли дека можеби,и само можеби на вашите омилени тимови не им е баш гајле и ве користат за лично нивни цели,а реално вашите желби нема никогаш да се исполнат? Зарем стварно мислите дека ако падне една власт и дојде друга,вие ќе живеете во вашата замислена утопија,ќе добиете вработување на цела фамилија,покачени плати,побезбедни улици и се тоа за кое мрчите гледајќи ги дневните вести по програмите? Зарем вреди да се испотепате меѓу себе за некој да може да си го смести задникот на удобна фотелја и да ве диригира на истиот начин како и неговиот претходник? Каде се тука вашите интереси? Каде се тука вашите побарувачки? Зарем не видовте за што се способни и двајцата лидери на вашите омилени партии? Зарем сте толку наивни и прости бре луѓе?!
И не,не верувам дека за оваа поделба на народот на црвени и сини се криви розата и лавот. Виновен е самиот народ,што е толку прост,лековерен и неразумен. Виновни се самите луѓе што веќе не ја согледуваат реалноста,и ги радува фактот што нивниот идол протестира со нив,или нивниот омилен политичар е на власт. Зарем навистина мислите дека се додека носите партиски бои на вас,ќе имате некаква полза од нив? И уште се нарекувате Македонци? Па нели ви е срам,најпрвин за вашите "патриотски идеали" кои толку сакате да ги истакнувате,а сепак не сте си истакнале на себеси дека со поделба меѓу народот не постигнувате ништо? И што бре се напнавте деца од 17-18 години по Фејсбук со слики од протести,што се разбирате вие од политика и зошто воопшто се мешате во неа,кога воопшто не ве засега?
Ајнштајн изгледа бил во право,навистина човековата глупост нема граници.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Јас протестите ги гледам како електрично коло, во кои некои електроелементи глумат отпорници. А всушност се потенциометри. Потенциометарот е отпорник кој ја менува отпорноста по потреба.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Во последно време сфатив дека човекот не е ништо повеќе од обично животно.
Дојде време кога мерило за човечност е припадноста кон одредена партија, ако не си симпатизер, или пак полошо, ако си, ама на спротивната од мислењето на некој друг, ондак ти си мочко, не знаеш што е добро, не си ја сакаш земјата.
Го имам изјаснето моето мислење во СДК во врска со партиите, и навистина не можам да ја сфатам опседнатоста со истите.
Не ми е јасно како луѓево не можат да сфатат дека ниту Бранко, ниту Никола не ги познаваат, дека нема да им помогнат во најтешкото, дека нема да им пружат парче леб за да ја убијат гладта.
Сфатив колку е плиток човечкиот ум, колку човекот е всушност нечовек. А најсурово е што толку лесно потпаѓа под туѓо влијание, како ветрушка.
Состојбата во државава не е сјајна, ниту пак завидна, ама нели е подобро заради лична, а не партиска способност да постанеш нешто?
Сиромаштијата не отупави сите, не направи без чувства, не затвори, изгради ѕид. Нема веќе никакво разбирање помеѓу луѓето, никакво помагање. Не е битно дали е добар човекот или лош, искрен или лажго, мек како памук, или црвст како камен, битно е дали е од СДСМ или ВМРО.
Само за стап по грб.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
35
Скопје
Протести за ... ? Циркузи за ... ? Стварно неможам да разберам викат диктатура , а што значи демократија тепања , уцени , со кршења на опрема ? Не дека сум за едни или други ама стварно викаа скратете 204 милијарди и ти дават 1000 амандмани а претходно највеќе имало 100. Попта кредитот од светска банка ќе се користел за мито за локални избори абе дечки светска банка ти врши контрола како и каде ги трошиш парите , ама нејсе овие рекоа ете нема да ги чепнеме ќе ги користиме по избори и тоа не им одговараше! Сакаме кратење на трошоци! Мене не ми е јасно едно економисти од типот на Зоран Јованоски и Драган Тевдоски не им е јасно дека баткиве од власта ја применуват кензијанската теорија ? На кратко во услови на кризна не само што нетреба да се кратат туку треба да се зголемат трошоците , пред се во градежништво и секаде каде може да се потикне раст на некој сектор , а со тоа зголемување на побарувачката на производи и нови работни места. Мене сега друго ме мачи како човек со кој памет еден бивш претседател го прави ова и целта да се симне другиот така и после што ? Само неколку идеи кој ги нудат сините ме терат никогаш да не гласам за нив : 1. Прогресивен даночен наместо пропорционалин , 2. Ќе го решиме името за 6 месеци ... Пак повикот “ Ајде на избори парламентарни“ аман бре луѓе па пред 1,5 година имаше избори вака ако продолжатр не само што нема да има инвестиции ќе станеме нестабилна земја коај нема влада што може да опстане 4 години. Мој предлог ако некако се дојде пак до тоа сите граѓани да направат бојкот т.е да бидат неважечки сите гласачки ливчиња ( сеа малку невозможно сите ама барем мнозинството никој да неможе да состави влада) со тоа да се обврзе да се направи експертска влада која ќе истера цел мандат , а ќе биде составена од паметните луѓе во државава како : Томе Неновски , Таки Фити , Трајко Славески , Михаил Петковски , Живко Атанасовски итн.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кога се работи за некои твои постови и јас сум малку плав :D
Просветли ме,на што целиш?

Не целев на ништо,само колу што знам на форумов не е дозволена политика. :) (ама ти се кратки нервите)(wasntme)

А сега ке целам....
Не ми се јасни подолгогодишните форумџии,ајде тие потазето би ги разбрала,но постарите не,кога гледам дека најбитната работа на форумот не ја сватиле,Зошто се мешаат сите постови а не се гледа секој пост засебно? (wasntme)
Не,не ја открив Америка,ниту пак го просветлив форумџијството.....онака само си мрчам,за да не ме подзаборавивте :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and МиГ 21

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Не целев на ништо,само колу што знам на форумов не е дозволена политика. :) (ама ти се кратки нервите)(wasntme)

А сега ке целам....
Не ми се јасни подолгогодишните форумџии,ајде тие потазето би ги разбрала,но постарите не,кога гледам дека најбитната работа на форумот не ја сватиле,Зошто се мешаат сите постови а не се гледа секој пост засебно? (wasntme)
Не,не ја открив Америка,ниту пак го просветлив форумџијството.....онака само си мрчам,за да не ме подзаборавивте :D
Хаха,абе златна,не ми се уопште мене кратки нервите и моето обраќање не беше со таков тон,незнам зашто тоа толку често мораш да ми го вадиш на нос :D
Инаку,околу политиката незнаев дали смее или не смее,го прочитав важниот дел и таму немаше спомнато политика (think)
Инаку,овој пост нема апсолутно политичка цел,не мрсам конци меѓу политичките партии,само укажувам дека македонскиот народ не гледа за себе и фактот колку е вапцан ко велигденско јајце од кој стигне. Ако е колумнава против правилата на форумот,слободно нека се избрише,нема тука јас што да се бунам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena