Запознавање со неговите/нејзините родители

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Што мислите кога е вистинското време за да го/ја запознаете партнерот/партнерката со вашите родители?
Дали секој дечко/девојка ги запознавате со вашите родители?
Како изгледа таа средба,организирате некоја вечера или на краток муабет?
Како реагирате ако не прифати партнерот/партнерката да се запознае со вашите родители?
Дали претходно разговарате со вашите родители кои прашања смеат да ги постават,односно,ги предупредувате што треба да зборат,а што не пред него/неа?
Дали сметате дека со самото запознавње дечкото/девојката сака да ве приврзе за себе?
За кого е полесно запознавањето?За машките или за жеснките? Бидејќи машките нели за татковците на девојките си имаат слика во глава како човек со строг поглед и пушка во рака:D

Раскажете некоја ваша случка со запознавање на родителите на вашата љубов :)

Еве и неколку совети од crnobelo.com за првата средба со родителите
1. Чекајте
Не брзајте да ги запознаете родителите. Чекајте го вистинскиот момент. Запознајте го добро најпрво вашето момче, пред да одлучите да ги запознаете неговите родители.
2. Истражувајте
Прашајте го за неговите родители. Полесно ќе ви биде да ги запознаете ако претходно веќе знаете нешто за нив.
3. ЛокацијаЛокацијата каде ќе ги запознаете неговите родители е многу важна. Ако можете да бирате, предложете неутрално место, на пример, некој симпатичен ресторан.
4. Бидете точниНемојте да бидете непристојни и потрудете се да стигнете на време. Никако не смеете да си дозволите да доцните, а тие да ве чекаат.
5. Подароци
Сите сакаме подароци. Но е многу важно да се изберат правите. Најнапред, дознајте од своето момче што им се допаѓа на неговите родители и продискутирајте заеднички што би можеле да им подарите.
6. ОблекаБидете пристојно облечени. Немојте да се појавите во мини здолниште или во било што покажува премногу кожа (длабоко деколте, проѕирна маичка). Немојте да бидете и нападно нашминкани - практикувајте природен изглед. Сите родители сакаат пристојност.
7. РазговорПробајте да не ја наметнувате темата околу вашето образование или знаење, туку следете го природниот тек на разговорот. Ако сте паметни, тие тоа ќе го заклучат од обичен разговор.
8. СтавовиДобро е да покажете дека имате мислење околу одредени работи, но држете се надвор од разгворите за политика, вера и слични прашања. Бидете љубезни.
9. ЛаскањеМожете да споменете како тие одгледале фино и културно момче, но пробајте да избегнувате да се "улизавате". Ако веќе давате комплимент, нека биде тоа реален и вреден комплимент.
10. Заминување
Заминете на време. Немојте да бидете досадни и да останете премногу долго, дури и ако вам ви се чини дека тие инсистираат да останете. Заблагодарете се за се' и кажете како се радувате на вашата следна средба.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Па со женска ми одиме четири месеци и таа ги знае моите јас нејзините :D значи моите знаат дека одам со неа и таа знае да дојде да си поправат муабет со мама или со сестрата, али јас кога одам кај неа не се чувствувам толку опуштено незнам оти.Супер се мајка и и татко и,ми зборат нешто се обидуват да ме натерат да се разлафам,ама некако јас сум многу срамлив цел се закопувам у земја кога сум кај неа :D и првиот пат кога дојде она кај мене и беше малку незгодно,моите многу љубезни со неа па ми шепна на уво :им кажа ли,а јас само кимнав со главата.И ништо не сум им кажувал на моите шо може да прашуват шо не,тие си знаат дека можат да зборат што сакат само да не е нешто лошо или нешто со што таа би се навредила.Во главно кога сум со неа кај мене дома или кај неа дома,обично настојувам да сме сами,така ми е најубаво да си уживам во неа комплетно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi and parvati

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Кога прв пат отидов кај него, бевме во врска точни 7 месеци. Понепријатно и срамежливо не сум се чувствувала никогаш.
Му беше слава, а јас од замаеност, не честитав на никој, пружив рака само. Бруки. Се повлеков во собата со неговите другари и толку од видувањето. Дури по неколку месеци отидов повторно. И ден денес, после скоро 5 години врска, јас кај него одам ретко. Еднаш, два пати месечно.
Неговото запознавање со моите беше трагикомедии. Мајка ми ме напнуваше секој ден, затоа што веќе скоро една година бевме во врска. Со татко ми случајно се имаа запознаено неколку месеци пред тоа.
Дојде момаков кај мене, дојдоа и родниниве ненајавено, па мораше да се запознава со сите, сирот. Се чувствувал како што ги меркале животнине на сточен пазар, така ми кажа.
Како и да е, помина одамна тоа, сега јас имам пријателски однос со неговите, а и тој со моите.
Моите многу го сакаат, како свое дете, мајка ми е посебно интересна, затоа што ако нешто купува за брат ми, обавезно и за него купува.
Можам да кажам дека и неговите ме почитуваат. Мајка му обавезно ме прашува како сум поминала на испит на пример, како се моите дома, роденден не испуштила да ми честита, прави ручек специјално за мене, ако купила кармин за неа, купила и за мене...
Не сакам претерана блискост ни од моја страна, ни од негова, сметам дека нема потреба додека сме во врска, ама една искрена почит секако дека е пожелна.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Мислу дека за женски е по'лсно, куде куде : )
Не треа да има некое правило кд е најпогодан момент да се запознаеф родители на партнера, тој само по себе ке си дојде кд тк,
мора нели, не иде сфе по кафиња мафиња да се видуете, а и дома ако не се деси секс куде ке се деси : )
Али ако е врска тазе ондак може на едно здраво само да се остане сс родители, наравно ако случајно се видите по дома : )
Ја не се срамују али некако глупо ми беше у почетак на врску да седу сс њима, само едно здраво на брзинку и како спиди Гонзалес претрчу у собу... А и она исто, сфе до не седна едн пут сс њима у дневну, жар црвена у фацу, срамуе се а ја па још толко гу заебавам, цело време гу стављам у још понезгодно : ) да падне смеање hh
Ја не се сеќам кд тачно седна убаво да се запоззнам сс њојни, знам дека пројде година и нешто...
Али не се срамуеше ја, бш седна сс Шфегита (деду hh) и рокнасмо по некоју ракију и салату : )

Едит: дадаадааа и ја се слажам Farfalla не треа мноо голема блискост сс родители на партнера
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Абре ако сте либерални у душа, космополити бла бла или живеете у такво општество, можете со од секој партнер родителите да се запознавате, да идете по ручеци вечери и после раскинувањето да имате здраво или никому ништо.

Меџутим, доколку на тоа запознавање гледате како на едно ниво погоре во врската, дека тоа запознавање не е само онака од забава туку дека си давате до знаење себе си и на другите околу вас дека со партнерот имате долгорочни планови, мислам дека најдобар термин е од ко ќе помине периодот на заљубеност, од ко ќе престане друкањето на хормоните. Оти во тој период хормоните ја движат врската, се ви е супер, партнерот ви нема никаква мана, едвај ја чекате следната средба да се плеснете итн...но од ко ќе помине овој период и ви се ’’отворат очите’’, или ќе видите дека веќе немате шо понатаму со таа личност, или ќе продолжите но овојпат во една зрела врска која не е водена од тестостеронот и естрогенот. Кога ќе помине заљубеноста и ќе увидите дека таа личност е онаа што и понатака ја сакате покрај себе, тогаш не е лоша идеја запознавање со родителите.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ке навратам во следна прилика пак на темава,сега само да спомнам дека баш сакав да ја поставам темава и тоа конкретно само како прашање ...Дали сметате дека запознавањето на родителите на партнерот,значи и докажување на љубовта што тој ја чувствува кон вас и зацврстување на врската? :D
Неможам да им се изначудам кога ги слушам наоколу кога се коментира одговорот на прашањево е дека одговорот на двете работи е Да (facepalm)
Ако.
Времето и искуството на поголемиот дел од нив ке им го даде вистинскиот одговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Јас со родителите на дечко ми се запознав после година и повеќе врска и многу инсистирање од негова страна. На почетокт имав огромна трема ама, по шо татко му беше многу неофицијален и комуникативен, тремата бргу исчезна, а и средбата не беше така долга (кафе муабет). Тој моите ги запозна непланирано, додека ние си шетавме се сретнавме со моите на улица па отидовме заедно на кафе (средбата беше неизбежна, а и мило ми е шо така спонтано се случи, по шо време беше и тој да ги запознае моите:) )
Иначе лично мое мислење е дека запознавањето со родителите на партнерот воопшто немора да значи доказ за љубовта или зацврстување на врската...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and parvati

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Што мислите кога е вистинското време за да го/ја запознаете партнерот/партнерката со вашите родители?
Дали секој дечко/девојка ги запознавате со вашите родители?
Како изгледа таа средба,организирате некоја вечера или на краток муабет?
Како реагирате ако не прифати партнерот/партнерката да се запознае со вашите родители?
Дали претходно разговарате со вашите родители кои прашања смеат да ги постават,односно,ги предупредувате што треба да зборат,а што не пред него/неа?
Дали сметате дека со самото запознавње дечкото/девојката сака да ве приврзе за себе?
За кого е полесно запознавањето?За машките или за жеснките? Бидејќи машките нели за татковците на девојките си имаат слика во глава како човек со строг поглед и пушка во рака:D

Раскажете некоја ваша случка со запознавање на родителите на вашата љубов :)
Првата средба со татко и беше несакајки.Обично кога доаѓам кај нејзе ја собирам од дома и и ѕвонам на телефон кога да излезе.
Колата работи, застанат пред влезот на гаражата.Од позади гледам дека некој свири со друга кола :D
Упс.Татко и.
Преместив кола излегов, ама онака лагано без брзање тактички таман додека да излезе од кола.Се поздравив и културно се извинив што така некултурно сум паркирал пред гаража.
Бидејќи татко и исто така е меѓу новопечени предузимачи во тој град почнавме да разговараме што и како иде работа.Договоривме пијанка во Аџи Трајко.
Излезе мојава несреќница и прилично беше изненадена за тоа до кај стигнал нашиот разговор.
Изненадена беше и од тоа што татко и така лесно ме прифатил.А после тоа и ме фалел ^^.

А мајка и си ја знам од порано.Ептен фина жена.Пофина и од мајка ми е.Можеби затоа што повеќе идам кај девојката дома отколку кај моите дома.
А како готви човече, просто да сакам да ме посвои :)

Тоа е за тоа како сум ги запознал нејзините родители.
А она едвај ги запозна моите родители.
Татко ми особено знаеше за мојот бурен период во животот и не ме гибаше.Откако се фатив со нејзе примети дека сум смирен и заедно со мајка ми се договориле да не викнат мене и нејзе на ручек.
Одолговлекував постојано и не и кажував на девојка ми ете од причина што не сум сакал толку многу да се зближат.

Еден ден бев со нејзе и требаше да идам да се видам со стариот за некои документи.И викам ајде рипај у кола да ги запознаеш стариве.Доаѓам дома сите се нацртале како карикатури невиден пејзаж.Мајка ми у кецела прави ручек, средува татко ми изнакупувал алкохол сокови газирани негазирани зашо не знаел шо пие девојката.
Мене никогаш така не ме пречекале.ПА дури ни кога искачав од болница.
Добро се прифатија сите, јас она као бев у заден план.Она беше центар на внимание.Фала богу девојка ко девојка им се смешка комплименти фрчат, му вика на татко ми дека бил убав човек, мајка ми имала убава фарбана коса... и сега си се слушаат со нејзе.Највеќе мајка ми и се јавува да праша како се однесувам кон нејзе и дали пијам многу алкохол.

Иначе јас сето тоа не го гледам како некој голем настан.