Дефиниција за БРАТ

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
По мала дискусија со еден другар и различно мислење,
за значењето на зборот БРАТ,решив да ве прашам вас што мислите за зборот БРАТ.
Оној збор Брат кој се користи во секојдневниот уличен разговор.
пр.абе брат не е така..
брат што праиме денес??
брат ти луд да не си???

За мене зборот брат и нема некое големо значење исто е ко ПЕЕР или пак ПРИЈАТЕЛУ.
Другар ми пак, придава голема вредност на тој збор.
За него,кога некој ке каже брат има значење,знак на некоја блискост,некоја посебна врска измегу две особи(не крвна или фамилијарна)
така да решив да не дискутирам со него на таа тема,туку би сакала да ве прашам вас мноштвото:

Кое значење му го придавате на тој збор Брат во секојдневниот говор???
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Брат :) за мене е другар кој ми е близок или кој го познавам долго време. На пример на еден школски му велев: Братучед :)
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Па до пред 1-2 године збор БРАТ га користесмо за онија другари што су ни блиски, ама моментално БРАТ се користи нон шалантно свакога га викамо БРАТ. Ја лично онј пут иду си од школу дома и доваѓа на другарку другар и ја не га познавам и све брат, брат, друже, брат и такој си се викасмо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Lena

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Да погодам со кого си правела муабет Lena ? :D
Сепак нема некое посебно значење зборов за мене, мразам кога некој ме нарекува така и истиот момент го замолувам да не го прави тоа повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да погодам со кого си правела муабет Lena ? :D
Сепак нема некое посебно значење зборов за мене, мразам кога некој ме нарекува така и истиот момент го замолувам да не го прави тоа повеќе.
немој да погодуваш,;) не е битно во случајов,сакам само да докажам дека не е така...
нема значење...никаково значење,замена за име..фолирање,праење филм..ете тоа е брат..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and melpomena

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
"Брат" е еден од основните зборови од т.н маалски жаргон. Ретко кога се обраќаме на некој без тој збор, да не го наречам и "наставка".

Спаѓа во иста категорија со "пер/пеер", впрочем е и една покултурна форма од "пер/пеер". Се користи кога им се обраќаме најчесто на обични другари, па и другарки, понекогаш се случува да ни се испушти и на професори/професорки и родители.

А се користи и дури и кога зборуваме со некој непознат, пр. пред една недела пред City Mall ме праша еден (претпоставувам) студент кој не беше од Скопје "Братче, колку е саато?".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Брат почна да се користи во 90сетите и доага од Београдската сцена..
Скопските маалски деца го превземаа(најверојатно по гледањето на некои од српските култ филмови) и така си остана до денес,......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
За други незнам, ама по Куманово почна и "тебра" да се користи, не толко како БРАТ ама користи се. Иначе мене ми глупо да му приду на некога и да га прашам "Пријателе колко е саат?" пошто ми у Куманово не користимо збор Пријателе. А да има некои што се љутив ако га кажеш брат. Па до к*р ако си га кажаја брат, а тој што ти излети пред проф. тој стално се дешава, ја и тато некопут си се викамо Брат..