Рандом факти за мене

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
- Стара сум 8227 дена.
- Малку фалело да сум се викала Викторија, зошто сум родена на денот на победата.
- Имам проодено на 9 месеци, а прозборено на 2 ипол години.
- Кога бев мала, си играв со пиштоли и коли, наместо со барбики и кукли.
- Како мала, поради проблеми имам направено рекорд од неодење по 2ра, цели 16 дена.
- Како мала, играв фудбал секој ден и бев најдобра во одбрана.
- Кога бев мала, омилен вкус на сладолед ми беше овошен јогурт.
- Во прво одделение, откако ќе завршев задача, одев од клупа на клупа, проверувајќи ги другите како се снаоѓаат.
- На 9 години, имав црно бело кутре, кокер шпаниел.
- Во 8мо одделение, добив хрчак за роденден и сеуште му го чувам аквариумчето.
- Во последните 2 години од основно и првите 2 години од средно бев раперка, носев широки панталони и пишував текстови.
- Имам "дива" коска на десното стапало, бидејќи растело побргу од другото.
- Најмногу што сакам на себе си, е бојата на моите очи: маслинесто зелена.
- Почнав да се шминкам тек во 3та година во средно.
- Имам 45 килограми, најмногу сум имала 50, а најмалку 42.
- Повеќе ми се допаѓа машката облека, отколку женската.
- Не користам фен, а ретко и чешел.
- Во продавница, секогаш се фаќам за најскапото.
- Ретко џвакам мастика, зошто од неа огладнувам за 20 минути.
- Обожавам да организирам родендени, пијанки, посебни случувања.
- Најмногу ја сакам италијанската кујна. Мразам морска храна.
- После јадење, најчесто икам.
- Студирам историја на уметност, а не сакам да идам на изложби.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
-ко мала бев мала :svirka
-имитирав све живо и диво
-шкртав по сите книги и ѕидови дома,а кога искречија моите после уметничите дела,шкртав околу штекери(сум се снашла)
-хоби ми беше растурање креветчиња во градинка
-знаев да си го напишам името и презимето уште пред да тргнам во школо,и ја знаев цела азбука
-сите мачки и кучиња мали ги собирав,ама моите ме исфрлаа со се нив пред зграда
-брат ми заради мене си ја дупна главата
-цела бев со модрици и гребаници поради моите способности за качување на дрва,огради,бетонски ступчиња и сл.
-мн сакав да се играм со здравствени книшки и да пишувам рецепти со докторски ракопис
-играв џамлии и ден денес ги чувам
-собирав салфетки,детска пошта и ливчиња касандра
-за родендени,татко ми најубавите торти ми ги правеше
-имав фобија од луѓе со брада и бркови,а сега дечко ми носи брада и баш му стои :giggle
-мн сакав да си играм со бебиња и барбики,им ги шишав косите и им ги лакирав нозете и рацете
-кучињата кај баба ми ги облакав во шорцеви и мајци
-татко ми кога спиеше,му правев фризури го шминкав и го лакирав
(еднаш со шнола на главата си отидол на работа,и со лакирани два нокта(малите ноктиња))
-во основно сакав физика а хемијата не ја разбирав никогаш но не се и трудев
-почнав да се шминкам во 8 одд (само со креон)
-во средно пропушев цигари (кон крајот на втора год)
-ми се паднаа најмрднатите професори,а сега блазеси им на новите генерации се спасија од нив(во пензија се)
-во трета и четврта год мајка ми мислеше дека се дрогирам :D сакаше да ме носи на прегледи...(facepalm)
-алергична сум на намќори и луѓе без смисла на хумор,
-колекционер сум на шеќерчиња од кафичи :kafe
-обожавам штикли и ташни ...никогаш не ми се доста
-желба и план ми е да посетам многу земији
-обожавам да се возам со авион-заради адреналинот на полетување и слетување
-Хаска -кога тогаш ќе ја имам
-цел живот мислев дека сум јарец у хороскоп а да сум ти била водолија
-фаци памтам а имиња не баш
и тако даље...
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Проодија сам на седам а прозбореја на триесшес месеца
Пет и двеста братче, сирота мама кд се пораѓала
Не сам убаф а иам мноо убаву девојку
можу да испију највише од сфи на форум(алкохол наравно) ццц само сељаци се фалиф сс овој
побрзо збору него Болт што трчи
плачу некад
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
- Најбољи сум....


.... у све!




Шега на страна... (here comes the real ego boost...зима ваздух)

- Роден пред цирка 350 месеци
- уште од мал ме сметаат за чудак
- Требаше да ме викаат Јане или Филип. 3 од 3 пати на лотарија ме извлекоа по името што и ден денес го носам
- Потекло од мултикултурна средина
- Уште као биљмез заинтересиран за технологијата
- Лош ногопис
- Антиталент за цртање (освен апстрактни форми)
- Одличен смисол за ритам и музика - на 4 години Елиза ја свирев на пиано (само десната рака)
- Фотографско памтење
- Логичар повеќе од уметник
- Одличен детектив (во смисла на пронаоѓање на загубените работи по дома), изглеа систематско истражување имам вградено.
- Порано ми викаа да запишам глума (ме бивало да имитирам)
- Биоенергија (Не као на Иван Исцелител)
- Обожавател на класичната музика (исклучок опера)
- Верувам дека луѓето можат да променат некои мали работи во име на љубовта
- Полиглот и одличен смисол за учење на јазици
- Имам доживеано 2 сериозни незгоди (една како мал во сообраќајка, втора како магаре од сончаница - се мисла дали е менингит)
- Крупен во градба (1.90), по малку и попуштен (треба да припазам во последно време)
- Вечити хејтер на тролови и изигравање на невинашци (ќути-бутни тактика)
- Љубител на пишаниот збор
- Зихераш повеќе од хазардер
- Гурман, обожавател да пробам секогаш нешто ново.

А да стаам таксена марка врз CV-то или нема потреба?
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
- Обожавам да играм билијард. Обожавам да одам на куглање, штета што никој од мојот круг на пријатели не ја дели оваа пасија па одам многу, многу ретко.
- Обожавам кинеска храна, можам со тони да изедам.
- Не можам да живеам без мојата мп3.
- На фејсбук не сум била онлајн 2-3 години.
- Обожавам да дебатирам и секогаш сум контра со мислењето на масата.
- Иако верувам во љубов не верувам дека ќе ми се случи мене.
- Иако сум девојче, обожавам кантер, хироус 3 и воркрафт.
- Како помала бев многу побесна, сега сум смирена.
- Мразам зима. Мразам и летни горештини. Пролет е моето годишно време.
- Обожавам калинки и костени.
- Обожавам вода со вкус, речиси секогаш пијам од брусница или јагода.
- Обожавам да одам на кино.
- Обожавам и театар.
- Тежок воркахолик, слободно време речиси и да немам.
- Не можам мирна да седам, мора нешто да работам, мразам излежување и дремење пред компјутер.

Тоа сега за сега ми текнува.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
- се родив на Св. Сава српски празник ама влечам корени од таму
- на 7 месеци проодев
- на 6 год тргнав 1 одд и неможеа да се справат со мојата темпераментност како да кажам ај нека биде интелигентност :zelen и ме однесоа во друго училиште таму ми правеа тестирања и утврдија дека треба да сум во 2 одд прескокнав едно одд истото ми се случи и кога бев и 3 за 4 одд и не ме запишаа во 5 :zelen
- тргнав 1 средно и таму ми се случи истото ме ставија на тестирање ама бев доволно свесна и несакав повеке да си скратувам од годините зш ми беше тешко постојано да стекнувам некои нови друштва
- ме форсираа од дома да се запишам на еден фах јас сосема на трет се запишав за инат
- зависна сум од јадење на благи нешта ете неможам без тоа еднаш додека гледав филм изедов сама цела тегла слатко од сливи и мајка ми насила ме однесе во болница демек нешто ке ми биде ... како да не :rolleyes::zelen
- имав сообрќајна несреќа полицијата се чудеше како преживеав а јас само со гребнатинки поминав
- имам еднаш удрено човек и тоа братучедами која беше бремена ама тогаш за малку избегнавме несреќа а таа возеше и дури почна да се смее како ништо да не било и тогаш ја удрив (оправдано)
- си ја сакам нашата храна
- обожавам лубеница и татко ми секогаш ми наоѓа во февруар месец :zelen


незнам тоа ми текна вака у касните да не речам ситните саати.......
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
  • два пати бев забавиште... моите сметаа дека е прерано на 6 годинки да тргнам со ранецот на грб
  • на 6 месеци сум проодел, па после сум научил да лазам
  • на нешто помалку од година ипол знаев да си го напишам името
  • на 4 години знаев да читам и пишувам кирилица и латиница, знаев таблици множење до 10
  • досега немам ниедна скршеница
  • лутко, тврдоглав, злопамтило, меморија...паа најстаро нешто во мојата меморија е кога се преселивме на горниот спрат (јас сум бил годинка)
  • во градинка бев награден на државен натпревар за најдобра рачно изработена маска (нешто ко натпревар на градинките на државно ниво)
  • ко што спомна џубретината у прв пост ( Electra ) малку десното уво не ми е ко што треба
  • сите пари од матурска си ги дадов за гитара и појачало
  • досега сум сменил 3 бои на коса, но никогаш не сум се фарбал
  • кога треба да учам од книги учам со нозете нагоре потпрени на ѕид
  • 6 пати сум давал крв
  • можам да го крцнам речиси секој зглоб
  • двете стапала ги имам целосно превиткано по еднаш, едното колено го имам расцветано од камен, имам шинато три прсти
  • никогаш не ми крварел носот
  • во средно се карав со професорките по математика и физика затоа што правеа грешки
  • во втора година ја ишкртав цела гимназија со маркери, на крај некој кој пробал да ме имитира си го обра
  • неколку дена пред да тргнам на факултет си го поставив личниот рекорд во брзо свирење, успеав 22 ноти во секунда. Сега се држам на 16 до 20 максимум
  • еднаш си фатив женска само за да добијам музика од нејзе и кога ја добив музиката се скаравме
  • не се ежам од ништо сем кога ќе облечам чорапи на штотуку исечени нокти
  • јас сум најголемиот инает кој што го познавам
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
За моите први заби,првиот збор,проодувањето......јас не се секавам,сум била многу мала.Но затоа пак се секавам дека дел од млечните ги сменив како средношколка:D ....немам расипан заб,никој не ми верува,да зенам?:sreken
Никогаш не сум била во ништо надпросечна.
Од кога знам за себе скоро секогаш за се сама ги носам одлуките,а моите не ме одбиле(веројатно ги прилагодувам и според нивните очекувања и прифатливост,или најпрво наогам начин како да ги убедам дека тоа е правилна одлука)
Анти талент за свирење,подобро рецитирам одколку што пеам.
Ретко пишувам.
Одсекогаш ме посочувале како личност која недоволно се цени самата себе си.(ваљда ми е подобро кога некој друг ке ми го даде тоа признание,па макар било и на половина).
16 години живеам целосно одвоена од родителите,а одкако паметам за себе и предходно не живеевме на ист спрат од куката.
Многу малку се секавам на работи од детството.Ми се чини дека и немав детство,но затоа си го пружам сега на моменти :zelen ....и уживам во тоа,признавам.:sram
Ги паметам саатите од понеделник до петок на свои 4 години како редовно ги преседував сама дома.Многу ретко станував од креветот од 7 наутро до 12 поручекта,кога мајка ми излегуваше од работа за да ме види.
Го сакам дождот,а чистиот снег уште повеке.
Не пијам млеко,тешко заспивам,лесно се будам.
Имам проблеми со ушите,со левото повеке,но затоа пак немам крајници.
Си ја сакам работата што ја работам и условите за живот кои ми ги обезбедува таа.
Пријателите често ми се лути затоа што ретко ги гледам :D (но така ке си бидеме помили.)
Се изнаљубив за цел живот,после паузата почнав да го користам вториот.(inlove)
Се извинувам ако сум офф топик и ако нема ништо рандом во напишаново,но во мое време овој збор не ни постоеше.(worried)
 

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
абе шо да ви кажам..............почнав да зборам на 9 месеци и тогаш проодев.........крстен сум по дедо ми..........и презимето ми е исто хахахаха.............го наследив знаењето по математика од него и паметот.......а однесувањето на тато.........и се тоа кога ке се собере се добива човек пијаница обожавател на скара и човек со покварена фантазија и валкани желби.....обожам да се заебавам со народ ама и прифаќам заебанција машки.....јазикот ми е побрз од мозокот.....ама јбг
обожавател на панк-рокот и металот..но по стилот на облекување никогаш не би го помислиле тоа:rolleyes: ..........по горенаведените факти никој не би кажал дека сум одличен ученик...........сите што ме знаат мислат дека сум луд............секогаш расположен освен кога сум прва смена хахахахааха.........:rolleyes:
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
  • Ја имам фрлано мачката од тераса да видам дали ќе падне на нозе и да да мачката и ден денес е жива. (Ова беше некаде пред околу 10години)
  • Истата мачка и уште една нон стоп ги облачав во бебешка облека.
  • Скришно пијам Вишновка.
  • Многу сакам пиво и за ручек ако има си пинувам со моите.
  • Одев на часови по пи(ј)ано сега знам дака нешто да отсвирам, а теорија прилчно се знам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида and Y1K991