Не го симпатизираме, туку НАВИВАМЕ со цело срце!
THE CHAMPIONS OF EUROPE!
Отвори ја прикачената датотека 12046
мислев дека ФК Куратица ќе напишиш.... Рудар се викаа ?
Иначе јас навивам за ФК Злести - Дебрца, иако нешто слабо им оди сезонава слично како и ланската- вероватно ради обилните оломнански врнежи кои одкако го потопиа стадионот, 2 години со ред на пролет расте трева и по 70-80 сантиметри, де факто се развии зоологијата од типот влечуги... змии, гуштери, полжави + некои нови измутирани бубачки (што имплементира позитива да овие две години зедоа 2ро место на локалниот натпревар "Најдобар инсектариум" по предметот биологија).
Исто така немотивирачката ветена плата од 4000 мкд. која не ја имаат земено никогаш во животот, е како еден клучен фактор да фудбалерите се приморани да местат утакмици, да продаваат натревари - како што направиа неколку пати, како и последната која заврши 1:15 за гостите (да примеа 10 гола помалку цагер ќе беше, али нема врска), натпреварот беше продаден за 2 канти сирење и една гајба пиво - нема врска дека се појаки, дефинитивно послаби се од нас, само така им попуштаме да се порадуваат.
Сите овие фактори го отежнуваат тренингот на врните фудбалери, но ќе дојде време кога и ние ќе влеземе во 2ра лига, и дивата ќе ја заборавиме во историјата.
Иначе за да изгледам кул во анкетата стегнав за Манчестер.